zako.mk © 2024
Kaко ни доаѓа есен, така и се буди желбата за посетување на земјата што ќе ве изненади со убавините на културната разноликост и природата. Екскурзија која ќе ви остане во сеќавање, прошетка низ убавините на Босна и Херцеговина. Нашите ноќевања се во „Ерусалимот на Балканот” поточно Сараево. Последниот ден е резервиран за посета на Босанските пирамиди. Во продолжение програмата за Босна..
-Превоз oд: Битола(Спортска сала), Прилеп(Лукоил бензинска), Росоман (пазарче), Велес(Макпетрол), Скопје(Дрводекор) и Куманово (Макпетрол бензинска)
-2 ноќевања со појадок во хотел со 3*
-Разглед на Сараево со локален водич
-Туристички придружник за време на патувањето
-Посета на Вишеград и Андриќград
-Историски пакет (Посета бункерот на Тито, Јабланица и Мостар)- 60 евра
-Босански пакет (Посета на Бункерот на Тито, Јабланица, Мостар и Босанските пирамиди) 75 евра (10 евра заштеда)
-Босанските пирамиди (Тунел равно)- 25 евра
-Туристичка такса- 2 евра од лице за две ноќевања (задолжително)
-Цена за сите екскурзии без туристичка такса (80 евра)
– За екскурзиите е задолжителна пријава во агенција. Уплатата е во автобус
-Патничко осигурување
Поаѓања се организирани од повеќе градови во Македонија. Поаѓањето од Скопје е околу 20:30ч но патниците за точно време на поаѓње се известуваат на еден ден пред поаѓање. Се патува преку Србија со попатни вечерни паузи.
Првото место за посета е Вишеград. Прекрасен град каде туристите имаат можност да одат на крстарење по Дрина и да се запознаат со природните и историски убавини на градот, да ги слушнат легендата за близнаците Стоја и Остоја како и легендата за невестата Фата. Групата го посетува симболот на градот а тоа е познатиот мост кој е изграден по наредба на Мехмед Паша Соколовиќ и денес е под заштита на UNESCO, опишан во романот на Иво Андриќ „Мостот на Дрина“. Во Вишеград исто така ќе имате можност да го посетите Aндриќград познат како и Каменград кој инвеститор е познатиот тенисер Новак Џоковиќ. Како културен центар изграден е по иницијатива на Емир Кустурица а за туристи официјално е отворен во 2012 година. Слободно време за прошетка. Поаѓање кон хотел. Патниците не се сместувате бидејќи влезот во собите е по 14:00ч. Оставање на багаж кратка пауза за до тоалет и во договореното време заминување на разглед на Сараево со локален водич. Разгледот започнува од “Vijecnica”па се продолжува до местото каде е извршен атентат врз Франц Фердинанд од страна на Гаврило Принцип, хотел Европа, австро-унгарскиот дел, плоштадот Маршал Тито, местото каде е формирана групата INDEXI, Бегова Џамија и Башчаршија. Разгледот се прави се со цел патниците подобро да се запознаат со градт. По разгледот групата има слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел во договорено време. Сместување. Ноќевање
Третиот ден започнува со појадок и во 08:30ч започнуваме со целодневна екскурзија 😊 Првото место за посета е Бункерот на Тито во Коњиц. Поранешната Југословенска држава во времето на Тито изградила 26 објекти под земја, кои се проценуваат на околу 90 милјарди долари. Тоа е неколку пати поголема сума отколку државниот долг кој СФРЈ го имала во 1983 година кога “падна” во банкрот.
Овој бункер бил една од најстрого чуваните воени тајни воопшто во светот. До распадот на Југославија и по смртта на Тито само се нагаѓаше дека постојат подземни бункери и аеродроми на просторите на поранешната заедничка држава. Потоа, тие беа откриени, но никој не вложуваше во нив за да ги покаже на пошироката јавност. Во 2003 година почнаа првите поголеми активности за реновирање на подземните ходници и простории во Бункерот на Тито, и по десетина години интензивна работа, сега таму може да се видат сензационалистички откритија. Во бункерот ќе видите, 3 конференциски сали, 100 соби предвидени за војници, резеровар за нафта итн.
По посетата на бункерот се упатуваме кон Јабланица. која не пречекува со приказната за „Неретва“. Групата ќе има можност да го посети местото каде била Битката на Неретва 1943 год. позната како “Bitka za Ranjenike” која била 4-та непријателска офанзива на НОВЈ. Ито така овде е снимен познатиот филм „Битка за Неретва“ 1969 год..😊 Кратка пауза за фотографија и заминување кон Мостар.
Се посетува стариот мост, каде што можете да направите фантастични фотографии . Голем дел од туристите доаѓаат во Мостар за да го видат мостот, но Мостар има многу повеќе за истражување. Безброј, продавници, сувенирници богати со бакарни предмети каде што можете да си купите сет за кафе или карактеристични локални сувенири или пак килими за вашиот дом, сето ова е лоцирано на Кујунџилук улицата. Ова е интересна улица (со калдрма) за прошетка, ако сте за шопинг можете да поминете часови овде. Слободно време околу 3 часа. Заминување кон Сараево. Посета на некој паб во австро-унгарскиот дел доколку има интерес од страна на групата. Ноќевање
По појадокот во хотел, групата се упатува кон Босанските пирамиди. Пред повеќе од 10 години, во Босна беше пронајдено големо откритие кое го шокираше светот , особено историчарите и археолозите. Босанските Пирамиди беа пронајдени од страна на Др.Семир Османгич и тие го дигнаа во врвот на неговата кариера. Босанските пирамиди се наоѓаат во близина на градот Високо, а според најновите истражувања датираат од предбиблиската историја. Најголемата пирамида е Пирамидата на Сонцето и е прва од тој вид во Европа, додека Пирамидата на Месечината и Пирамидата на Босанскиот Змеј, се значително помали. Под пирамидите се пронајдени три подземни одаи и мало сино езеро. Езерото содржи чиста, стерилна вода, без бактерии, алги, печурки, микроорганизми, животни, мов и кал. Ја нарекуваат жива вода, затоа што го прочистува телото. Тоа значи дека тие објекти всушност се „одаи за прочистување“ и тука телото побрзо се регенерира и болестите исчезнуваат. Покажано е дека просториите под пирамидите имаат лекувачки моќи поради големото ниво на јонизација. По посетата се враќаме во хотел. Патниците кои нема да ги посетат пирамидите имат слободно време во хотел со тоа што по враќање од пирамидите ќе бидат земени од хотел и се поаѓа кон Македонија. Попатна пауза во Србија за ручек. Пристигнување во Скопје во период од 00:00-03:00ч
Хотелот се одредува кога е затворена продажбата за турата.
09.12.2022
11.12.2022
Промо цена до 21.11.2022
115 EUR
99 EUR
Важно:
За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 35 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
Сте слушнале за ЕТА CASHBACK картичката?
Со секоја ваша уплата на аранжман, добивате CASHBACK поени изразени во денари. Патникот добива повраток на средства од 400 до 4.100 денари CASHBACK во зависност од уплатата.
Vip пакетот вклучува:
Бункерот на Тито, Јабланица, Мостар, Босански пирамиди (тунел равно) и крстарење по Дрина.
За патување кое е организирано од страна на Т.А.ЕСКЕЈП ТРАВЕЛ, патникот може да се пријави во сите простории на Т.А.ЕСКЕЈП ТРАВЕЛ. Пријавата станува валидна по потврдата од страна на службата за резервации, со обврзно потпишување на писмен договор за патување. Со својот потпис на договорот за патување, патникот потврдува дека е запознаен со содржината на Општите услови на патување како и со програмата на патување и дека тоа го прифаќа. Со пријавата, патникот е должен да уплати обврзна аконтација во висина од 30% од износот на целиот аранжман, доколку не е поинаку предвидено во програмот на патување. Останатиот износ се уплатува најдоцна 10 дена пред почетокот на патувањето, доколку со програмот на патување не е одреден друг рок. Доколку патникот во рокот кој е предвиден со договорот, програмот на патување или со општите услови на патување не ја изврши уплатата во целост, организаторот ќе смета дека патникот се откажува од аранжманот и ќе ги наплати трошоците за отказ на аранжманот согласно на Член 10 Откажување од патувањето од страна на патникот.
Организаторот на патувањата е должен пред се да се однесува со внимание како во поглед на услугата така и со одбирањето на лицата на кои им е поверено извршувањето на поедини услуги и да се грижи за интересот на патниците согласно професионалните принципи во туризмот. Покрај тоа организаторот на патувањето е должен да:
Организаторот на патувањето не прифаќа никаква одговорност доколку дипломатско – конзуларното претставништво го одбие издавањето на влезна виза или доцни со издавањето на визата, или ако имиграционото одделение на странска земја не одобри влез на одреден патник, ниту за било кои други последици кои произлегуваат поради евентуалната неисправност или губење на патните документи на патникот. Во овие случаи патникот сам, ги плаќа дополнителните трошоци.
zako.mk © 2024