Menu

Атина за 8-ми Декември

цена од

139

EUR

сега од

119

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
08.12.2022
11.12.2022
Автобус
Хотел

Атина е град којшто ги има поминато сите фази на општествено уредување. Од робовладетелство, преку капитализам, социјализам, комунизам, феудализам до демократија. Атина сама по себе е една од најпосетуваните дестинации. Годишно ја посетваат 17 милиони, па со самото тоа ни е јасно зашто Грција никогаш не банкротира. Атина е всушност водечкиот град на Грција. Денес во Атина владее свет со ултрамодерна, урбанистичка и архитектонска смела линија во полн сјај со класична и неповторлива убавина.
Атина е приказна која трае….

Што е вклучено во цената

Превоз со високо туристички автобус
2 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Глифада
Организиран разглед на градот со локален водич
Организација и водство на патувањето

Што не е вклучено во цената

Екскурзија на Арголида-Пелопонез – 45е
Факултативен излет Сунион и Аполоновиот брег – 15е
Туристичка такса 1,5е по соба од ден, наплата на рецепција во хотел
Влезници за посета на локалитетите со водич (Акропол 20е, Микена 12е, Епидариус 12е, Посејдонов храм 10е)
Патничко осигурување

План и програма

ПРВ ДЕН 08.12.2022 (Четврток)

Состанок на групата во 20:30 часот спроти спортската сала Јане Сандански. Поаѓање во 21:00 часот. Патување преку граничниот премин Богородица-Евзони и ноќно возење низ Грција со попатни паузи за одмор.

ВТОР ДЕН 09.12.2022 (Петок)

Пристигнување во Атина во утринските часови. Заминување на панорамско разгледување на градот со локален водич (Плоштадот Омонија, Плоштадот Сантагма, каде се наоѓа парламентот и стражата на Евзони, Олимпискиот стадион, Зевсовиот храм, Хадријановата врата, Бајроновиот споменик, Националната библиотека). Слободно време низ центарот на прекрасната Атина или посета на Акропол.

Заминување кон Глифада.
Смествање во хотел. Слободно попладне.

Вечерта слободно време за одмор или прошетка по преубавата Глифада.

ТРЕТ ДЕН 10.12.2022 (Сабота)

Атина-Корнит-Пелопонез

Појадок.
Целодневна екскурзија на Арголида Коринтскиот канал (кој ги поврзува егејското и јонското море), Епидаурус (најакустичниот антички амфитеатар), градчето Нафплион (некогашната престолнина на Грција) и Микена (древниот град на митскиот крал Агамемнон).

Планиран одмор со можност за ручек во локалната таверна.

Враќање во Глифада. Слободно време за одмор, вечерта препорачуваме ноќна прошетка во Атина или шопинг во Глифада.

Ноќевање.

ЧЕТВРТИ ДЕН 11.12.2022 (Недела)

Појадок.

Факултативна екскурзија Аполоновиот брег, летувалиштата Глифада, Вула, Вулиагмени и рт’от Сунион, кој е и најужниот дел од европското копно. Поглед кон остатоците на некогашниот антички храм, подигнат на самиот рт’ во слава на богот Посејдон.

Слободно време и заминување кон Македонија.
Возење со гранични формалности и попатни паузи, присигнување во доцните ноќни часови.

Сместување

Хотелско сместување со 3*

Цени

Од

08.12.2022

До

11.12.2022

Цена

139е EUR

Промо Цена

119е EUR

Важно

МОЖНОСТ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ВРЕДНОСНИТЕ ВАУЧЕРИ ЗА ОТКАЖАНИТЕ АРАНЖМАНИ

Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари
За сингл соба цената изнесува 159 евра
Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
Деца од 3 до 11,99 години плаќаат 79e
Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот.
Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.
Резервации за одреден кат или страна не е можна.
Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати.
Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.

За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Сунион и Аполоновиот брег

Цена за пакет: 15e

Кејп Souniot е неверојатна локација во секое време од денот, но таму би се почуствувале неверојатно доколку имате можност да го гледате неверојатното зајдисонце. Под Вас се протега Егејското Море а покрај вас се наоѓаат и величествените урнатини на храмот Посејдон. Лесно е да се разбере зошто античките Грци изградиле храм на богот на морето овде.

 

Арголида-Пелопонез

Цена за пакет: 45е

Пелопонез е голем полуостров и регион во јужна Грција, го формира делот на државата јужно од Коринтскиот Залив. Делови од него припаѓаат на три периферии; поголемиот дел од полуостровот припаѓа на периферијата Пелопонез, а мал дел на Западна Грција и Атика. Полуостровот има површина од 21.549 км2 и е најјужниот дел од грчкото копно. Со прокопувањето наКоринтскиот Канал во 1893 година  Пелопонез бил издвоен од копното, и може да се смета за остров.

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања