Menu

8ми Март во Италија (Верона, Венеција,Фиренца)

цена од

169

EUR

сега од

149

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
08.03.2023
12.03.2023
Автобус
Хотел
Позната по Шекспировата драма – Ромео и Јулија, Верона е една од најпосетуваните туристички дестинации во Италија. Во Венеција се наоѓа една од најтесните улици во светот – Caletta. Широка е само 53 сантиметри. Инаку, улиците во Венеција се толку тесни бидејќи воопшто и не било планирано овој град да има улици. Фиренца, градот кој плени со својата убавина и историја. Град кој вреди барем еднаш да го посетите во својот живот. Град во кој е роден Данте Алигери, Америго Веспучи, Николо Макијавели, а живеел Леонардо Да Винчи каде ја слика познатата „Мона Лиза“. Одлична можност за едно поинакво искуство, за кое Ви нудиме можност да доживеете и да раскажувате.
Цена за резервации до 31.01.2023 – 149€/ 9.238ден
Редовна цена на аранжманот 169€/ 10.478ден

Што е вклучено во цената

– Превоз со високо туристички автобус на наведената релација
– Сместување во хотел 3* во Лидо ди Јесоло на база 2 ноќевања со појадок
– Организирани посети според програмата
– Организација, реализација и лиценциран туристички придружник за време на патувањето.
– Трансфер од Битола, Прилеп, Неготино, Кавадарци, Велес.

Што не е вклучено во цената

– Патничко и здравствено осигурување
– Разглед на Венеција и превоз со брод вапорето до Венеција – 25€ (доплата на лице место)
– Факултативна посета на Фиренца со локален водич – 55€ (мин. 30 пријавени доплата на лице место)
– Доплата за туристичка такса на рецепција во хотел (2€ по лице од ноќ доплата на лице место)
– Влезници по културно – историските знаменитости.

План и програма

ПРВ ДЕН (08.03.2023) среда
Состанок на групата на паркингот кај хотел ВИП спроти саем во 13.30 часот. Поаѓање за Италија во 14.00 часот. Патувањето се одвива преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Ноќно возење.
ВТОР ДЕН (09.03.2023) четврток
Пристигнување во Верона во претпладневните часови. Прошетката низ градот на Ромео и Јулија ја правиме релаксирано со придружникот на групата со посочување на местата од интерес: го минуваме мостот и влегуваме покрај Ѕидините на градот до Арената, плоштадот Бра, Виа Мацини и плоштадот Ербе, се до куќата на Јулија… Слободно време за индивидуални прошетки можност за шопинг и дегустација на одлична италијанска пица или паста на плштадот Бра. Во договорено време поаѓање кон Лидо ди Јесоло. Сместување во хотел. Слободно време за одмор. Ноќевање.
ТРЕТ ДЕН (10.03.2023) петок

Појадок. Ден предвиден за целодневна факултативна посета на Фиренца, срцето на Италија и бисерот на ренесансата. Рано наутро поаѓаме кон Фиренца, со една попатна пауза на Аутогрил. Пристигнуваме во Фиренца каде се сретнуваме со локалниот водич и го започнуваме разгледот на Фиренца: Црквата Санта Кроче, Плоштадот Сињори, Палацо и Понте Векио, Дуомото Санта Марија дел Фјоре, Крстилницата Сан Џовани… По разгледот оставаме слободно време за индивидуални прошетки и разгледи, во еден од најубавите ренесансни градови на Италија. Во  договорено време со водичот, враќање кон Лидо ди Јесоло. Ноќевање.

ЧЕТВРТ ДЕН (11.03.2023) сабота

Појадок. Напуштање на хотелот и заминување кон Венеција. Превоз со брод вапорето од Пунта Сабиони до Венеција Пристигнување на портот на Венеција и заминување на разглед на градот: Mостот на Воздишките, Дуждевата Палата, Плоштадот и Црквата Св. Марко, Мостот Риалто, Каналот Гранде… Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи, препорачуваме да се возите со гондола или да влезете во некои од музеите на Венеција. Во договорено време со водичот трансфер назад до Пунта Сабиони и поаѓање кон Македонија. Ноќно возење преку  Словенија, Хрватска и Србија со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности.

ПЕТТИ ДЕН (12.03.2023) недела

Пристигнување во Скопје во претпладневните часови, во зависност од задржувањата по граници.

Сместување

Сместување во хотел 3* во Лидо ди Јесоло на база 2 ноќевања со појадок

Цени

Од

08.03.2023

До

12.03.2023

Цена

169 EUR

Промо Цена

149 EUR

Важно

-За реализација на аранжманот потребен е минимум од најмалку 40 патници, организаторот го задржува правото во случај на недоволен број на пријавени да го откаже патувањето најдоцна до 7 дена пред поаѓање.
– За ова патување потребно е да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 6 месеци пред истек од датумот на враќање, организизаторот не носи одговорност во случај на невалидна патна исправа.
– За реализација на факултативните излети потребен е минимум од најмалку 30 патници, во случај на недоволен број на пријавени огранизираторот го задржува правото да ја зголеми цената на факултативата или истатата да ја откаже.
– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активностите во програмата во случај на потреба.
– Доплата за еднокреветна соба 40€/2.480ден,
– Попуст за 3то лице на дополнителен кревет -10% (на барање),
– Доплата за одбирање на ред на седење во автобус 20€/1240мкд (мин. 2 седишта),
– Доплата за дополнително седиште во автобус 80€/4.960ден.
За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Разглед на Венеција и превоз со брод вапорето до Венеција

Цена за пакет: 25е

Факултативна посета на Фиренца со локален водич

Цена за пакет: 55е

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања