Menu

Кумбургаз Хотел Марин Принцес-8ми Март (09-12.03)

цена од

119

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
09.03.2023
12.03.2023
Автобус
Хотел

На само еден час возење од Истанбул, во Општината Бујукчекмеџе се наоѓа Кумбургаз, едно од најпознатите летувалишта во Истанбул. Кумбургаз се наоѓа на европската страна на Истанбул, на брегот на Мраморното Море. Местото Кумбургаз се наоѓа на обалата на Мраморно Море и на само 60км од еден од најубавите градови на светот, Истанбул. Местото е идеално за одмор, релаксација благодарение на одличните хотели со врвна услуга, но пред се и песочните плажи. Ќе имате одлична замена за солената вода од море, со солената вода во внатрешниот базен.

Најдобриот хотел на сама плажа, MARIN PRINCESS.

 

Што е вклучено во цената

  • Две ноќевања во хотелот Маrin Princess 5* во населбата Кумбургаз
  • Автобуски превоз
  • Вклучен појадок и вечера
  • Користење на  базен со солена вода
  • Превоз од: Скопје, Велес, Неготино, Гевгелија
  • Користење Wi-Fi во лоби на хотел
  • Посета на Коска
  • Посета на outlet 212

Што не е вклучено во цената

  • Патничко осигурување 
  • Факултативни излети.

План и програма

ПРВ ДЕН (09.03.2023) ЧЕТВРТОК

Турата стартува од паркингот на Хотел Русија околу 16:00 часот од Скопје. Ноќно возење со попатни паузи, царински формалности, презентација на програма и информации околу тоа што ги очекува патниците во наредните три дена. Нашите водичи се добро обучени и искусни во спроведувањето на протоколот за безбедноста при патувањето. Агенцијата ги контактира патниците на два дена пред поаѓање, во врска со точното време и место на поаѓање. Седиштата во автобус се нумерирани според датите на уплата. Доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаа во агенција.

ВТОР ДЕН (10.03.2023) ПЕТОК

Пристигнување на групта во Кумбургаз

Групата се упатува кон хотелот заедно со својот багаж, каде истиот се остава во просторија предодредена за чување на багаж. Туристичкиот придружник на Ескејп травел е задолжен за комуникација со вработениот на рецепција во хотелот каде според  списокот на уплати во канцелариите на агенцијата се делат клучевите од хотелските соби.

Check in во хотелот е после 14:00 часот

Првиот ден е предвиден за издивидуална прошетка и запознавање со Кумбургаз, воодушевување од долгите плажи и морето. Патниците имаат слободно време за одмор од долгиот пат со можност за користење на внатрешниот базен, спа и ли турска бања.

Вечера.

ТРЕТ ДЕН (11.03.2023) САБОТА

По појадокот во хотелот групата се упатува на целодневна екскурзија и се посетува следното:

Крстарење по Босфор

90 минутно крстарење, незаборавно дружење и доживување,еден поинаков Истанбул,сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште ,има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето.

Бејлербеи
Оваа историска знаменитост е често посетувана од страна на многубројни туристи токму поради сплетот на турски и сегменти од западот. Се наоѓа Во непосредна близина на Босфорскиот мост, во азиската облас. Во овој музеј ќе имате прилика да ја доживете турска култура од блиски прку многубројните соби и хали.

Ускудар (Азиски дел)
На Ускудар ќе ги сретнеме традиционалните отворени кафетерии каде ќе може да го вкусите кафето ,чајот и познатата алва во боја. Исто така од овде ќе имате прилика да ја видите Моминската Кула на само 30 метри од вас.

Watergarden- е нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и преставува една од најатрактивните места кои треба да се посетат. Овој трговски центар годишно во просек го посетуваат 25 милиони посетители. Ова дестинација е на нашата листа, бидејќи нуди посебно доживување. Огромните фонтани, обоени во многу светла, кои изведуваат танц со оган го прават овој трговски центар посебен. Овој трговски ценар го става Истанбул рамо до рамо со Дубаи.

Таксим Плоштадот

Турата завршува со посета на плоштадот “Tаксим”.Главниот центар на градот,на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај Таксим поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај!На Истакал сенаоѓаат познатите дискотеки и кафулиња,а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки.

ЧЕТВРТИ ДЕН (12.03.2023) НЕДЕЛА

По појадокот, се напуштаат собите. Во договорено време со водичот се упатуваме кон Коска, продавница за баклава, кафе турски локум. Потоа одиме во  outlet 212 каде имате можност за шопинг, или да го испиете вашето омилено кафе пред поаѓање кон Македонја. Во договорено време  поаѓање кон Македонија. Пристигнување во раните утрински часови.

Сместување

Хотел Марин Принцес 5*

Хотелот Marin Princes e паметен избор за патници во Кумбургаз, кои сакаат да го доживеат Истанбул, кој нуди опуштен и мирен престој.
Располага со двокреветни и трокреветни соби. Има три базени, од кои два на отворено и еден затворен. Располага со турска бања, сауна, масажа, џакузи, и фитнес сала.

Собите во хотелот Kumburgaz Marin Princess имаат мини фрижидер, фен, ТВ, клима. Некои соби имаат топла када и пространа за седење. Хотелот служи голем појадок кој е вклучен  во цената.

Резервирајте online веднаш

КЛИКНЕТЕ НА САКАНИОТ ТЕРМИН ЗА ДА ГИ ВИДИТЕ ЦЕНИТЕ

Важно

Задолжителна проверка на пасошот.

Не треба да е на 6 месеци пред истекување од моментот на влез и излез од Р. Турција.

МОЖНОСТ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ВРЕДНОСНИТЕ ВАУЧЕРИ ЗА ОТКАЖАНИТЕ АРАНЖМАНИ

Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари.

За сингл соба се доплатуваат 25 евра дополнително од аранжманот поради вториот кревет.

Деца од 0 – 2,99 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
Деца од 3 до 11,99 години плаќаат 50% од износот на аранжманот доколку се придружувани со двајца возрасни
Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот.

Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.

Резервации за одреден кат или страна не е можна.

Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати.
Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
Патувањето ќе се реализира преку Република Грција до Турција

За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Крстарење по Босфор, Бејлербеи, Ускудар, Watergarden, Таксим Плоштад

Цена за пакет: 65е

Крстарење по Босфор-  Ви нудиме 2 часа крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул. Сите луксузни вили кои вредат милиони од познатите серии, Босфорскиот мост под кој може да фрлите паричка и замислите желба како и знаменитостите одблизу за кои ќе ја слушнете историјата од нашиот водич, сето ова може да го доживеете. Не сонувате. Локалниот водич ке се погрижи ова крстарење да го доживеете на вистински начин. На крстарење тргнуваме од европската страна на Истанбул а бродот не остава во азискиот дел на Истанбул.

Бејлербеи

Оваа историска знаменитост  е често посетувана од страна на многубројни туристи токму поради сплетот на турски и сегменти од западот. Се наоѓа во непосредна близина на Босфорскиот Мост, во Азиската област. Во овој музеј ќе имате прилика да ја доживете турската култура од непосредна близина прку многубројните соби и хали кадешто поминувале време Турските Султани. Доколку сте љубител на мачки, ова е вистинска можност да пиете кафе покрај Босфорскиот мост, со поглед којшто е незаменлив со мачки насекаде околу Вас.

Ускудар (Азиски дел)
На Ускудар ќе ги сретнеме традиционалните отворени кафетерии каде ќе може да го вкусите кафето ,чајот, познатата алва во боја како и познатиот турски сендвич со риба. Исто така од овде ќе имате прилика да ја видите Моминската Кула на само 30 метри од вас. Имате можност да седнете во рестораните покрај Босфор и да уживате во прекрасниот поглед.
Watergarden- е нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и преставува една од најатрактивните места кои треба да се посетат. Овој трговски центар годишно во просек го посетуваат 25 милиони посетители. Ова дестинација е на нашата листа, бидејќи нуди посебно доживување. Огромните фонтани, обоени во многу светла, кои изведуваат танц со оган го прават овој трговски центар посебен. Овој трговски ценар го става Истанбул рамо до рамо со Дубаи.

Таксим Плоштадот

Турата завршува со посета на плоштадот “Tаксим”. Главниот центар на градот, на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај Таксим поминува познатата улица „Истикал“ на која се движи познатиот трамвај! На Истакал сенаоѓаат познатите дискотеки и кафулиња, а за љубителите на шопингот гарантираме дека ќе изгубат ориентација за време бидејќи има премногу продавници. Ова значи дека групата има идеална можност за поминување на слободно време, за сечиј вкус.

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања