Menu

Велигден во Босна 3 ноќевања (13.04-17.04.2023)

цена од

139

EUR

сега од

125

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:

Тура за Велигден во Босна со 3 ноќевања во Сараево која е наменета за сечиј вкус, од историја и култура до природа и убавина. Нашите тури за Босна се доста познати и препознатливи. Босанските пирамиди, Сараево, Мостар, Врело Буне, Тунел спаса, Бункерот на Тито, Вишеград, Андриќград, Јабланица се дел од нашата програма, посета на православна црква во Сараево за христовото воскресение.

Промо цена: 125 eвра до 28.02.2023
Редовна цена: 139 евра

Што е вклучено во цената

-Автобуски превоз(Скопје,Куманово,Велес,Штип,Неготино,Гевгелија)
-3 ноќевања во хотелско сместување со 3* со појадок во Сараево
-Посета на Вишеград и Андричград
-Разглед на Сараево со локален водич
-Туристички придружник

Што не е вклучено во цената

-Посета на Тунел Спаса- 15 евра од лице
-Посета на Босанските пирамиди (равно тунел)- 25 евра од лице
-Херцеговински пакет (Бункерот на Тито, Јабланица, Врело Буне и Мостар)- 55 евра од лице
-Крстарење по Дрина- 7 евра од лице
-BH ПАКЕТ (Тунел Спаса, Босански пирамиди, Бункер на Тито,Јабланица,Врело Буна и Мостар)- 85 евра од лице (10 евра попуст)
-Туристичка такса 3 евра од лице за 3 ноќевања- Се плаќа во автобус задолжително

План и програма

ПРВ ДЕН (13.04.2023) ЧЕТВРТОК

Поаѓања се организирани од повеќе градови во Македонија. Поаѓањето од Скопје е околу 20:00ч но патниците за точно време на поаѓње се известуват на еден пред поаѓање. Се патува преку Србија со попатни вечерни паузи.

ВТОР ДЕН (14.04.2023) ПЕТОК

Пристигнување во Сараево во раните утрински часови. Разгледот започнува од “Вијећница”, па се продолжува до местото каде е извршен атентат врз Франц Фердинанд од страна на Гаврило Принцип, хотел „Европа“, австро-унгарскиот дел, плоштадот Маршал Тито, местото каде е формирана групата INDEXI, Бегова Џамија и Башчаршија. Разгледот се прави се со цел патниците подобро да се запознаат со градoт. По разгледот групата има слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотелoт во договорено време. Сместување. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН (15.04.2023) САБОТА

Денот започнува со појадок и во 09:00ч и се упатуваме кон Тунел Спаса. Жителите на Сараево за време на војната не можеле да излезат од градот затоа што постоела опасност да бидат застрелани од снајперисти. Сепак тие сакале да најдат начин да стигнат до населбата Бутмир. Еден босански градежен инженер, Неџад Бранковиќ, ги подготвил плановите за тунелот што ќе ги поврзува двете предградија. Во тунелот се влегувало преку една обична куќа во близина на аеродромот, која му припаѓала на Бајро Колар, во Бутмир, а во Добриња влезот бил во една гаража во станбена зграда. Секојдневно меѓу три и четири илјади луѓе и триесет тони разна стока поминувале низ тунелот. Првично, набавките требало да се носат рачно или на грбот на војниците, додека не се поставила железничка пруга со вагони што ги туркале мажите. По посетата, се упатуваме кон Босанските пирамиди. Пред повеќе од 10 години, во Босна беше пронајдено големо откритие кое го шокираше светот , особено историчарите и археолозите. Босанските Пирамиди беа пронајдени од страна на д-р Семир Османaгич и тие го дигнаа во врвот на неговата кариера. Босанските пирамиди се наоѓаат во близина на градот Високо, а според најновите истражувања датираат од предбиблиската историја. Најголемата пирамида е Пирамидата на Сонцето и е прва од тој вид во Европа, додека Пирамидата на Месечината и Пирамидата на Босанскиот Змеј, се значително помали. Под пирамидите се пронајдени три подземни одаи и мало сино езеро. Езерото содржи чиста, стерилна вода, без бактерии, алги, печурки, микроорганизми, животни, мов и кал. Ја нарекуваат жива вода, затоа што го прочистува телото. Тоа значи дека тие објекти всушност се „одаи за прочистување“ и тука телото побрзо се регенерира и болестите исчезнуваат. Се верува дека просториите под пирамидите имаат лекувачки моќи поради големото ниво на јонизација. Враќање во Сараево. Слободно време за индивидуални активности. Околу 22:30ч состанок во лоби и посета на црква во Република Српска за Христово воскресение. Враќање во хотел. Ноќевање

ЧЕТВРТИ ДЕН (16.04.2023) НЕДЕЛА

Четвртиот ден започнува со појадок и во 08:30ч започнуваме со целодневна екскурзија. Првото место за посета е Бункерот на Тито во местото Коњиц. Овој бункер бил една од најстрого чуваните воени тајни воопшто во светот. До распадот на Југославија и по смртта на Тито само се нагаѓаше дека постојат подземни бункери и аеродроми на просторите на поранешната заедничка држава. Отпосле биле откриени,  но никој не вложувал во нив за да ги покаже на пошироката јавност. Во 2003 година почнаа првите поголеми активности за реновирање на подземните ходници и простории во Бункерот на Тито, и по десетина години интензивна работа, сега таму може да се видат сензационалистички откритија. По посетата на бункерот се посетува Јабланица, место каде што била четврата непријателска офанзива на НОВЈ во период од 20 јануари до 1 април 1943 за време на втората светска војна. Групата ќе има можност да го посети местото каде е снимен познатиот филм „Битка за Неретва“. Екскурзијата продолжува кон местото каде што се мешат убавината на природата, архитектурата и историјата oддалечено 12км од Мостар, ВРЕЛО БУНА, извор на реката Буна. Изворот на реката Буна е пример за карстна река и е eден од најголемите и поубавите извори ширум Европа. Водата тече низ пештера која е дел од карпа висока 200 метра a Буна е лева притока на реката Неретва. Местото е фантастично, богато со ресторани и кафетерии покрај реката, а доколку барате мир дефинитивно овде ќе го најдете. Исто така ова место е омилено за сите кои фотографери😊. Групата има слободно време за прошетка, фотографии и останати активности.
Последното место за овој ден е преубавиот МОСТАР. Групата се упатува кон стариот мост, каде можете да направите фантастични фотографии. Голем дел од туристите доаѓаат во Мостар за да го видат мостот, но Мостар има многу повеќе за истражување. Безбројно продавници, сувенирници богати со бакарни предмети каде што можете да си купите сет за кафе или карактеристични локални сувенири или пак килими за вашиот дом, сето ова е лоцирано на Кујунџилук улицата. Ова е интересна улица (со калдрма) за прошетка, ако сте за шопинг можете да поминете часови овде. Овде групата има слободно време за индивидуални активности. Враќање кон Сараево. Ноќевање.

ПОСЛЕДЕН ДЕН (17.04.2023) ПОНЕДЕЛНИК

Доручек во хотелот. Поаѓање кон Вишеград и Андриќград oколу 10:00ч. Во Вишеград ве очекува локално крстарење по Дрина каде ќе ја видите куќата што живеел Иво Андриќ, да ја слушнете легендата за близнаците Стоја и Остоја како и легендата за невестата Фата. Групата го посетува симболот на градот а тоа е познатиот мост кој е изграден по наредба на Мехмед Паша Соколовиќ и денес е под заштита на UNESCO, опишан во романот на Иво Андриќ „Мостот на Дрина“. Во Вишеград исто така ќе имате можност да го посетите Aндриќград познат уште како камен град чиј инвеститор е познатиот тенисер Новак Џоковиќ. Како културен центар е изграден по иницијатива на Емир Костурица, а за туристи официјално е отворен во 2012 година. Слободно време за прошетка и ручек. Заминување кон Македонија. Пристигнување во Скопје во период од 00:00-03:00ч

Сместување

Хотелско сместување со 3*

Хотелот се одредува на 5 дена пред реализација на тура кога ќе се затвори продажбата на аранжманот.

Резервирајте online веднаш

КЛИКНЕТЕ НА САКАНИОТ ТЕРМИН ЗА ДА ГИ ВИДИТЕ ЦЕНИТЕ

Цени

Важно

За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најдоцна 5 дена пред датумот на поаѓање.

-Патниците при уплата на аранжман ЗАДОЛЖИТЕЛНО се изјаснуват за користење на екскурзиите,  уплатите за истите се врши во автобус.

-За деца од 3 до неполни 12 години се плаќа 50% од сумата на аранжманот кога станува збор за двајца возрасни и дете до неполни 12 години. Кога станува збор за еден родител и дете од 3 до 12 неполни години, за детето се плаќа цела сума.

За деца со полни 12 години се плаќа цела сума

-Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на програмата доколку процени дека тоа е потребно и во полза на патниците.

-Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош

-Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.

-Распоредот на седишта се нумерира според уплатата. Доколку туристите имаат барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за два правци и право на избор на седиште.

За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Посета на Тунел Спаса

Цена за пакет: 15€

Посета на Босанските пирамиди

Цена за пакет: 25€

Херцеговински пакет

Цена за пакет: 55€

Посета на Бункерот на Тито, Јабланица, Врело Буне (Благај) и Мостар

BH ПАКЕТ

Цена за пакет: 85€

(Тунел Спаса, Босански пирамиди, Бункер на Тито, Јабланица, Врело Буна и Мостар)

 

Крстарење по Дрина

Цена за пакет: 7€

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања