Menu

Велигден во Босна 2 ноќевања

цена од

119

EUR

сега од

99

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:

Тура за Велигден во Босна со 2 ноќевања во Сараево која е наменета за сечиј вкус, од историја и култура до природа и убавина. Нашите тури за Босна се доста познати и препознатливи. Босанските пирамиди, Сараево, Мостар, Врело Буне, Тунел спаса, Бункерот на Тито, Вишеград, Андриќград, Јабланица се дел од нашата програма, посета на православна црква во Сараево за христовото воскресение.

Што е вклучено во цената

-Автобуски превоз(Скопје,Куманово,Велес,Штип,Неготино,Гевгелија)
-2 ноќевања во хотелско сместување со 3* со појадок во Сараево
-Посета на Вишеград и Андричград
-Разглед на Сараево со локален водич
-Туристички придружник

Што не е вклучено во цената

 

Историски пакет (Посета бункерот на Тито, Јабланица и Мостар)- 60 евра

Босански пакет (Посета на Бункерот на Тито, Јабланица, Мостар и Босанските пирамиди) 80 евра

Босанските пирамиди (Тунел равно)- 25 евра

Туристичка такса– 2,5евра од лице за две ноќевања (задолжително)

– За екскурзиите е задолжителна пријава во агенција. Уплатата е во автобус

– Патничко осигурување

План и програма

03.05.2024 Петок

Поаѓања се организирани од повеќе градови во Македонија. Поаѓањето од Скопје е околу 22:30ч но патниците за точно време на поаѓње се известуват на еден пред поаѓање. Се патува преку Србија со попатни вечерни паузи.

04.05.2024 Сабота

Пристигнување во Сараево и упатување на разглед на Сараево со локален водич.

Разгледот започнува од “Vijecnica”па до местото каде е извршен атентат врз Франц Фердинанд од страна на Гаврило Принцип, хотел Европа, австро-унгарскиот дел, плоштадот Маршал Тито, местото каде е формирана групата INDEXI, Бегова Џамија и Башчаршија.

Разгледот се прави се со цел патниците подобро да се запознаат со градот.

Слободно време за ручек и разглед на Сараево, и упатување кон хотелот во договореното време.

05.05.2024 Недела

Третиот ден започнува со појадок и во 07:30ч  и започнуваме со целодневна екскурзија 😊 Првото место за посета е Титов Бункер во местото Коњиц. Групата ќе има можност да го посети местото Јабланица каде била одиграна Битката на Неретва 1943 год. позната како “Bitka za Ranjenike” која била 4-та непријателска офанзива на НОВЈ. Исто така овде е снимен познатиот филм „Битка за Неретва“ 1969 год.. По посетата групата се упатува кон Мостар. Разгледот на градот е со локален водич.. Голем дел од туристите доаѓаат во Мостар за да го видат мостот, но Мостар има многу повеќе за истражување. Безброј, продавници, сувенирници богати со  бакарни предмети каде што можете да си купите сет за кафе или карактеристични локални сувенири или пак килими за вашиот дом, сето ова е лоцирано на Кујунџилук улицата. Ова е интересна улица (со калдрма) за прошетка, ако сте за шопинг можете да поминете часови овде. Во Мостар има КВАРТ каде објектите се со шарени фасади што потсеќа на населбата БАЛАТ во Истанбул. Го нарекуват ‘’Мостарскиот Балат. Разгледот завршува под ,,Стари мост” и овој мост е симбол на градот.   Слободно време околу 3 часа. Враќање во Сараево. Посета на некој паб во австро-унгарскиот дел доколку има интерес од страна на групата. Ноќевање.

06.05.2024 Понеделник

По појадокот во хотел, групата се упатува кон Босанските пирамиди. Пред повеќе од 10 години, во Босна беше пронајдено големо откритие кое го шокираше светот , особено историчарите и археолозите. Босанските Пирамиди беа пронајдени од страна на Др.Семир Османгич и тие го дигнаа во врвот на неговата кариера. Босанските пирамиди се наоѓаат во близина на градот Високо, а според најновите истражувања датираат од предбиблиската историја. Најголемата пирамида е Пирамидата на Сонцето и е прва од тој вид во Европа, додека Пирамидата на Месечината и Пирамидата на Босанскиот Змеј, се значително помали. Под  пирамидите се пронајдени три подземни одаи и мало сино езеро. Езерото содржи чиста, стерилна вода, без бактерии, алги, печурки, микроорганизми, животни, мов и кал. Ја нарекуваат жива вода, затоа што го прочистува телото. Тоа значи дека тие објекти всушност се „одаи за прочистување“ и тука телото побрзо се регенерира и болестите исчезнуваат. Покажано е дека просториите под пирамидите имаат лекувачки моќи поради големото ниво на јонизација Вишеград, прекрасен град каде туристите имаат можност да уплатат за крстарење по Дрина и да се запознаат со природните и историски убавини на градот, да ги слушнат легендата за близнаците Стоја и Остоја како и легендата за невестата Фата. Групата го посетува симболот на градот а тоа е познатиот мост кој е изграден од Мехмед Паша Соколовиќ,а кој е под заштита на UNESCO и опишан во романот на Иво Андриќ „Мостот на Дрина“. Во вишеград ќе имате можност да го посетите Aндриќград исто така познат како и камен град кој инвеститор за тоа е познатиот тенисер Новак Џоковиќ. Како културен центар изграден е по иницијатива на Емир Кустурица а за туристи официјално е отворен во 2012 година. Слободно време за прошетка
Патниците кои нема да ги посетат пирамидите имат слободно време во хотел со тоа што по враќање од пирамидите ќе бидат земени од хотел и се продолжува кон Вишеград. Слободно време за ручек и заминување кон Македонија. Пристигнување во раните утрински часови.

 

Сместување

Хотелско сместување со 3*

Хотелот се одредува на 5 дена пред реализација на тура кога ќе се затвори продажбата на аранжманот.

Резервирајте online веднаш

КЛИКНЕТЕ НА САКАНИОТ ТЕРМИН ЗА ДА ГИ ВИДИТЕ ЦЕНИТЕ

Важно

Важно

За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најдоцна 5 дена пред датумот на поаѓање.

-Патниците при уплата на аранжман ЗАДОЛЖИТЕЛНО се изјаснуват за користење на екскурзиите,  уплатите за истите се врши во автобус.

-За деца од 3 до неполни 12 години се плаќа 50% од сумата на аранжманот кога станува збор за двајца возрасни и дете до неполни 12 години. Кога станува збор за еден родител и дете од 3 до 12 неполни години, за детето се плаќа цела сума.

За деца со полни 12 години се плаќа цела сума

-Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на програмата доколку процени дека тоа е потребно и во полза на патниците.

-Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош

-Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.

-Распоредот на седишта се нумерира според уплатата. Доколку туристите имаат барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за два правци и право на избор на седиште.

За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Посета на Босанските пирамиди-25 евра

Цена за пакет: 25 евра

Историски пакет (Посета бункерот на Тито, Јабланица и Мостар)- 60 евра

Цена за пакет: 60 евра

–Босански пакет (Посета на Бункерот на Тито, Јабланица, Мостар и Босанските пирамиди) 

Цена за пакет: 80 евра 

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања

цена од

209

EUR

сега од

169

EUR