Menu

Кумбургаз за 24-ти Мај

цена од

7300

ДЕН

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
20.05.2021
24.05.2021
Автобус
Хотел

На само еден час возење од Истанбул, во Општината Бујукчекмеџе се наоѓа Кумбургаз, едно од најпознатите летувалишта во Истанбул. Кумбургаз се наоѓа на европската страна на Истанбул, на брегот на мраморното море на околу 60 километри од центарот на Истанбул, и се протега на површина од 1892 хектари, и има крајбрежје долго 8 километри.
Кумбургаз е место каде што можете да најдете буквално се што е потребно за добар одмор и релаксација. Може да сретнете ресторани и кафетерии на самото крајбрежје и да уживате во прекрасниот поглед на морето.

Местото Кумбургаз се наоѓа на обалата на Мраморното море и на само 60км од еден од најубавите градови на светот, Истанбул. Местото е идеално за одмор, релаксација благодарение на одличните хотели со врвна услуга, но пред се и песочните плажи долги 8км, бесплатните лежалки и се разбира морето!

 

Што е вклучено во цената

  • ПЦР тест
  • Три ноќевања во хотел со појадок
  • Автобуски превоз
  • Лиценциран придружник
  • Лиценциран туристички водич
  • Tуристичка такса

Што не е вклучено во цената

  • Патничко осигурување
  • Факултативи излети
  • Индивидуални трошоци

План и програма

ПРВ ДЕН- Четврток (20.05.2021)

Нашите водичи се добро обучени и искусни во спроведувањето на протоколот за безбедност при патувањето. Турата стартува од паркингот на Вип Хотел во 15:00 часот. Тргнување во 15:30. Ноќно возење со попатни паузи, царински формалности, презентација на програма и информации околу тоа што ги очекува патниците во наредните три денови. Агенцијата ги контактира патниците на два дена пред поаѓање, во врска со точното време и место на поаѓање. Седиштата во автобусот се нумерирани. Со самото потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.

ВТОР ДЕН-Петок (21.05.2021)

Слободен ден. За индивидуални прошетки.

Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН-Сабота (22.05.2021)

Појадок во хотелот, по појадокот во договорено време го напуштаме хотелот и заминуваме на прошетка во најубавиот град Истанбул.

ПОСЕТА НА ДОЛМАБАХЧЕ

Долмабахче Сарај е палата што се наоѓа во областа Бешикташ во Истанбул, на европската страна од протокот Босфор. Комплексот служел како резиденција на Отоманските султани и главен административен центар, од 1856 година, до падот на Империјата во 1922 година. Денес, Долмабахче Сарај претставува туристичка атракција од неколку причини.  Сарајот е познат уште и по тоа што таткото на модерната Турција, Мустафа Кемал Ататурк, ги поминал своите последни денови во една од одаите, каде што и починал на 10 ноември, 1938 година.

КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР.
Третиот ден започнува со крстарење по Босфор и разглед на Истанбул со локален водич.
Ова е 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите и сите познати вили од играните серии ќе можете да ги погледнете одблизу.

МОМИНСКА (ДЕВОЈАЧКА) КУЛА (Kiz Kulesi).

По крстарењето, групата се упатува кон Женската Кула позната како Кулата на Леандрос, која потекнува од средновековниот византиски период. Женската кула е стационирана на мал остров кој се наоѓа на јужниот влез на Босфорскиот теснец од Ускудар. Внатрешноста на кулата е претворена во место за кафе и ресторан, со поглед на поранешната римска, византиска и османлиска престолнина. Ќе имате можност да го видите брегот на Истанбул од еден различен аспект и да ги слушнете митовите и легендите за изградбата и локацијата на кулата.

УСКУДАР  (Uskudar)

Ускудар е место на азиската страна на Истанбул и е една од најважните турски населби во Истанбул, која била сведок на голема развојна активност за време на османлискиот период. За оваа кула постојат повеќе легенди кои ќе имаме прилика да ги слушнеме од нашите водичи а воедно и да ја посетиме самата кула. На Ускудар ќе ги сретнеме традиционалните отворени кафетерии каде ќе може да го вкусите кафето ,чајот и познатата алва во боја, ќе имаме прилика да седнеме на турските килими и да го гледаме  босфорот, едноставно ќе се чуствувате исто како на филм.

EMAAR SQUERE MALL

Emaar Square Mall е нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и преставува една од најатрактивните места кои треба да се посетат.Овој трговски центар годишно во просек го посетуваат 25 милиони посетители. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариум кој е еден од повеќето гигантски аквариуми во Турција. Вo аквариумот може да се видат тигар ајкулите како и над 10.000 други видови на морски суштества, вклучувајќи ги и тропски загрозените.
Покрај Emaar Square, групата го посетува и Watergarden. Ова дестинација е на нашата листа, бидејќи нуди посебно доживување, особено кога ќе го посетиме, а тоа е навечер. Огромните фонтани, обоени од многуте светла, го прават овој трговски центар посебен. Овој трговски ценар го става Истанбул рамо до рамо со Дубаи.

ЧЕТВРТИ ДЕН-Недела (23.05.2021)

Организирана посета на Бујук Чекмеџе. Во Бујук Чекмеџе најпрво ќе ја видиме општината на градот која има доста интересен стил поразличен од другите општини во Турција. Овде се наоѓа долгото шеталиште покрај самото море и плажата и овде е сконцетриран целиот ноќен живот на Бујук Чекмеџе поради тоа овде се наоѓаат доста ресторани и кафичи каде што ќе може да уживате. Она што е интересно има дел направен како пазарче каде што се продаваат рачно изработени работи.  Бидејќи шеталиштето е долго може да си изнајмите велосипед со кој ќе може да прошетате по шеталиштето или да се качите во возчето кое прави прошетка низ шеталиштето.

Петти ден-Понеделник (24.05.2021)

Појадок во хотелот, одјавување од хотелот. Поаѓање кон Македонија. Пристигнување во раните утрински часови.

Сместување

Хотел

Хотелско сместување со појадок.

Цени

Од

20.05.2021

До

24.05.2021

Поаѓање на 20.05

Цена

/ ДЕН

Промо Цена

7.300 ДЕН

Важно

  • Задолжителна проверка на пасошот. Не треба да е на 6 месеци пред истекување од моментот на влез и излез од Р. Турцијa
  • Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари
  • За сингл соба се доплатуваат 25e дополнително од аранжманот поради вториот кревет
  • Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
  • Деца од 3 до 12 години плаќаат 50% од износот на аранжманот доколку се придружувани со двајца возрасни
  • Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете. Резервации за одреден кат или страна не е можна.
  • Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати. Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
  • Патувањето ќе се одвива според протоколите за безбедноста на здравјето.
  • Патувањето ќе се реализира преку Република Бугарија (дозволен транзит) до Турција
За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Пакет

Цена за пакет: 60е

ПОСЕТА НА ДОЛМАБАХЧЕ

Долмабахче Сарај е палата што се наоѓа во областа Бешикташ во Истанбул, на европската страна од протокот Босфор. Комплексот служел како резиденција на Отоманските султани и главен административен центар, од 1856 година, до падот на Империјата во 1922 година. Денес, Долмабахче Сарај претставува туристичка атракција од неколку причини.  Сарајот е познат уште и по тоа што таткото на модерната Турција, Мустафа Кемал Ататурк, ги поминал своите последни денови во една од одаите, каде што и починал на 10 ноември, 1938 година.

КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР.
Третиот ден започнува со крстарење по Босфор и разглед на Истанбул со локален водич.
Ова е 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите и сите познати вили од играните серии ќе можете да ги погледнете одблизу.

МОМИНСКА (ДЕВОЈАЧКА) КУЛА (Kiz Kulesi).

По крстарењето, групата се упатува кон Женската Кула позната како Кулата на Леандрос, која потекнува од средновековниот византиски период. Женската кула е стационирана на мал остров кој се наоѓа на јужниот влез на Босфорскиот теснец од Ускудар. Внатрешноста на кулата е претворена во место за кафе и ресторан, со поглед на поранешната римска, византиска и османлиска престолнина. Ќе имате можност да го видите брегот на Истанбул од еден различен аспект и да ги слушнете митовите и легендите за изградбата и локацијата на кулата.

УСКУДАР   (Uskudar)

Ускудар е место на азиската страна на Истанбул и е една од најважните турски населби во Истанбул, која била сведок на голема развојна активност за време на османлискиот период. За оваа кула постојат повеќе легенди кои ќе имаме прилика да ги слушнеме од нашите водичи а воедно и да ја посетиме самата кула. На Ускудар ќе ги сретнеме традиционалните отворени кафетерии каде ќе може да го вкусите кафето ,чајот и познатата алва во боја, ќе имаме прилика да седнеме на турските килими и да го гледаме  босфорот, едноставно ќе се чуствувате исто како на филм.

EMAAR SQUERE MALL

Emaar Square Mall е нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и преставува една од најатрактивните места кои треба да се посетат.Овој трговски центар годишно во просек го посетуваат 25 милиони посетители. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариум кој е еден од повеќето гигантски аквариуми во Турција. Вo аквариумот може да се видат тигар ајкулите како и над 10.000 други видови на морски суштества, вклучувајќи ги и тропски загрозените.
Покрај Emaar Square, групата го посетува и Watergarden. Ова дестинација е на нашата листа, бидејќи нуди посебно доживување, особено кога ќе го посетиме, а тоа е навечер. Огромните фонтани, обоени од многуте светла, го прават овој трговски центар посебен. Овој трговски ценар го става Истанбул рамо до рамо со Дубаи.

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања