Menu

Christmas Market: Будимпешта

цена од

129

EUR

сега од

109

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
08.12.2021
12.12.2021
Автобус
Хотел

Будимпешта– град со прекрасна местоположба за сонување кој ја покажува темпераментната визија на Истокот и на Западот, како и нивната магична халуцинација на убавината.

Главен град на Унгарија истовремено и главен индустриски, трговски и транспортен центар. Познат како Бисерот на Дунав кој нуди широк избор на туристички атракции. Градот окупатор на двата брега на реката Дунав, од десна страна брегот Буда, а од лева страна Обуда со Пешта. Име составено од три градови Обуда, Буда и Пешта кои формирале еден град, односно Будимпешта. Познат по своите бројни топли природни и вештачки извори кои датираат уште од 1934 година, му ја подарија титулата на “Градот на Бањите“.

Космополитско место на неочекувани, елегантни и фасцинантни предизвици. Иако денес Будимпешта е целосно во духот на Европа во неа се апсорбирани брановите на миграциите на етничките групи. Најпрво се доселиле Унгарците кои навлегле пред околу илјада години. Следни биле Турците, Германците, Словените, Евреите и Ромите, кои создале своја бујна култура која врие и денес.

Градот со душа си има своја пишана историја и еклектичен склоп на раскошна архитектура која се движи од барокот, до нео класичноста и високата уметност, a благодарение на тој раскош голем дел од центарот е прогласен како светско културно наследство.

Што е вклучено во цената

Превоз со високо туристички автобус (Скопје, Струмица и Куманово)
2 ноќевања со појадок во хотел 3*
Посета на познатата улица Ваци и трговскиот центар Арена
Организација и водство на патувањето

Што не е вклучено во цената

Факултативен разглед на градот со локален водич (10 еур)
Факултативно крстарење по Дунав ( 15 еур)
Факултативна посета на Сент Андреа  (15 еур)
Факултативна вечера во национален ресторан (30 еур)

Факултативна посета на Тропикариум (15 еур)
Патничко и здравствено осигурување 200 мкд
Индивидуални трошоци
Доплата за еднокреветна соба

План и програма

08.12.2021 (Четврток) Скопје – Будимпешта

Состанок на групата на Дрво Декор во  16.00час. Поаѓање за Будимпешта во 16.30 часот. Се патува преку граничниот премин Табановце и Србија.  Ноќно возење со попатни паузи за одмор.

09.12.2021 (Петок) Будимпешта

Пристигнување во Будимпешта. Оставање на куферите во хотел. Факултативен разглед на градот, кој ќе започне од плоштадот на Хероите, Унгарскиот парламент, односно од третата најголема зграда во светот чија изградба траела цели 20 години и тоа исклучиво со унгарски материјали. Разгледот го продолжуваме кон Базиликата на Св. Стефан, најголемата црква во Будимпешта изградена во 50-ите години на 18 век, потоа Плоштадот Елизабета, Мостот Сечени, Жичарата Хил, Замокот Буда кој исто така е познат и под името Кралската Палата, претставувал дом на раскошни церемонии за време на Австро-Унгарска империја, а денес прекрасен Музеј на Будимпешта. По разгледот на прекрасниот музеј се упатуваме кон црквата Матијаш каде се крунисани Франц Јозеф I и неговата жена Елисавета во 1867 година со што започнува и основањето на Австро-Унгарската империја. По разгледот на импозантната црква се упатуваме кон Рибарската Тврдина, прекрасна знаменитост составена од седум кули кои ги претставуваат седумте Маџарски племиња. Се наоѓа на врвот на замокот Хил и обезбедува спектакуларен поглед на градот и реката Дунав. По разгледот враќање во хотел.

Слободно време за одмор.

Вечертa  факултативно  крстарење  по реката Дунав и посета на Божиќниот пазар на некој од плоштадите во Будимпешта.

Ноќевање.

10.12.2021 (Сабота) Будимпешта -Сент Андреа

Појадокот. Факултативна посета на живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби, богато со голем  број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Попатна посета на базиликата Естергом посветена на Пресвета Богородица и на Светиот Адалберт. Враќање во Будимпешта.

Вечерта факултативна вечера во национален ресторан Чарда. Ноќевање.

11.12.2021 (Недела) Будимпешта-Скопје

Појадок. Одјавување од хотел. Прошетка на градот по познатата улица Ваци,или факултативна посета на Тропикариум.По прошетката посета на шопинг центарот Арена.Во попладневните часови поагање за Македонија.Се патува преку Србија со кратки попатни застанувања.

12.12.221 (Понеделник) Скопје

Пристигнување во Скопје во утринските часови.

Сместување

Сместување во Будимпешта во хотел со 3*

2 ноќевања со појадок во хотел 3*

Цени

Од

08.12.2021

До

12.12.2021

Промо цена по лице за резервација до 06.11

Цена

129 EUR

Промо Цена

109 EUR

Важно

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници
Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
За реализација на факултативите потребно е да се пријават минимум 25 патници
За Унгарија може да се патува со сертификат за вакцинација (признаени се сите вакцини) или со негативен ПЦР тест (не постар од 72 часа)
За враќање во Македонија, за лица над 18год. потребно е да приложат сертификат за вакцинација; негативен антоген или ПЦР тест

За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Факултативен разглед на градот со локален водич

Цена за пакет: 10€

Дознајте се за Будимпешта. Нешто кое ние настојуваме да научиме е да ви ги доловиме сите информации и податоци за градот.

 

Факултативно крстарење по Дунав

Цена за пакет: 15€

Едно незаборавно крстарење по Дунав, каде ќе имате можност да ги видите најубавите палати кои се изградени по брегот на Будим и Пешта

Факултативна посета на Сент Андреа

Цена за пакет: 15€

Посета на Сент Андреа со водич

Факултативна вечера во национален ресторан

Цена за пакет: 30€

Факултативна посета на национален парк. Почуствувајте ја Будимпешта преку традиционалната гастрономија.

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања