Menu

Jasmine Palace Resort

All Inclusive

ОД 612.0 EUR

Локација

 Хотелот е отворен во мај 2014 година. Големиот хотелски комплекс се наоѓа во Хургада на песочна плажа.

За хотелот:

Има 5 хотелски блокови со сместувачки единици, но во моментов за сместување се користи само блок 1 во близина на главната зграда и базенот. Покрај главниот ресторан The Dunes, хотелот има Bayside Beach ресторан за ужина на плажа и a la carte ресторан Al Bushra Oriental кој гостите можат да го користат еднаш во текот на престојот, а со доплата азијатски, снек бар покрај базенот, како и неколку барови (Lobby, Snack, Pool, Bayside, Dunes, Hookah)…
Хотелот беше отворен во мај 2014 година, а некои објекти сè уште се недостапни и хотелот го задржува правото на промени. Хотелските работи не влијаат на престојот на гостите.

Хотелот има 2 лифта.

Плажа

На плажата еден дел е со корален гребен, кој привлекува голем број на љубители на подводниот свет, а најголем дел е област со плитка вода (700м – се препорачуваат обувки за на плажа). Гостите на хотелот можат да користат лежалки и чадори без доплата. Во текот на денот се организираат најразлични анимации за деца и возрасни.

Во цената не е вклучено:

– цедени сокови, 

– услуга во соба, 

– флаширани и увезени пијалоци, 

– интернет пристап, 

– фризерски салон, 

– спа центар, 

– лекар.

Сместување

Комплексот располага со 690 сместувачки единици. Стандардни соби – двокреветни и двокреветни со помошен кревет. Сите имаат бања, фен, клима уред, сеф, мини бар (користење на содржината се наплаќа), сателитска ТВ, телефон, балкон или тераса. Стандардни соби од 37m2 се со поглед на градина (доплата за поглед на базен), Deluxe  соби  од 41m2, за повеќе од 2 возрасни се со поглед на градина (доплата за поглед на базен), фамилијарни соби со две посебни целини и една бања 49m2.

Галерија

Слични патувања