Положба
Хотелот се наоѓа во областа Чолакли, 12км од Сиде и 55км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупно 267 соби.
Стандардни соби (24м², една спална соба, едно купатило, макс. 2+1 лице),
Фамилијарни соби (42м², две спални соби поврзани со врата, едно купатило, макс.4 лица).
Сите соби се со приватно купатило со туш и фен, централен клима уред кој работи според временските услови, телефон, мини бар (се дополнува со вода и безалкохолни пијалоци при пристигнување, потоа само со вода), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф (со доплата), ламинатен под, сателитска телевизија и музички канали, балкон. WI-FI интернет конекција е бесплатна (во лоби).
Услуга
Сѐ вклучено – шведска маса со појадок, доцен појадок, ручек, закуска попладне, вечера, закуска навечер, храна и пијалоци во барот на плажа од 10.00 – 18.00 часот, сите локални безалкохолни и алкохолни пијалоци, сладолед покрај базен за време на одредени часови, À la Carte ресторани ресторани со претходна резервација и еднаш за време на престојот. Не е вклучено: сите увозни пијалоци, специјални вина, свежо цедени сокови, услуга во соба, сите флаширани пијалоци.
Содржини
Главен ресторан Safran со шведска маса, À la Carte ресторани ресторани: Kebabistan – турска кујна, Santa Lucia – италијанска кујна и Sambrero – мексиканска кујна, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, бебиситер, услуга за перење, фризер, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, шопинг центар, изнајмување кола се доплаќаат. WI-FI интернет конекција во лобито е бесплатна.
Плажа
Хотелска песочна плажа со бесплатни лежалки, чадори за сонце и пешкири на плажа.
Спорт и забава
Отворени и затворени базени за возрасни и деца, лизгалки на вода, фитнес центар, турска бања, сауна, соба со пареа, одбојка, гимнастика, одбојка на плажа, пинг понг. Се доплаќаат: спортови на вода, билијард, масажа и центар за убавина. Забавни програми во текот на денот, натпревари покрај базен и на плажа, шоу програми навечер. Мини клуб за деца од 04-12 години.
За деца
Детско игралиште
Клуб за деца