Нова 2023 година во Белград

цена од

129

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
Нов Белград (српски: Нови Београд / Нови Белград) е општина во градот Белград. Станува збор за плански град, изграден од 1948 година во претходно ненаселено место на левиот брег на реката Сава, спроти стар Белград. Во последниве години, тој стана централна деловна област на Белград и нејзина област која најбрзо се развива, при што многу бизниси се преселиле во новиот дел од градот, поради помодерната инфраструктура и поголемиот достапен простор. Со 214.506 жители,таа е втора најнаселена општина во Србија по Нови Сад.
Како и секоја така и оваа година ве носиме во Белград,каде што се случуваат најдобрите Новогодишни забави.

Што е вклучено во цената

  • Превоз со туристички автобус на дадената релација
  • Организација и водство на патувањето
  • ГРАТИС – Разглед на Белград со локален водич
  • 2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Белград
  • Посета на трговскиот центар “Ушче”

Што не е вклучено во цената

  • Патничко осигурување
  • Туристичка такса за хотелот – 200 мкд (се плаќа во агенција)
  • Факултативен излет до Нови Сад со водич – 750 мкд- пријавување во агенција, плаќање во автобус.
  • Влезници во културно/историски споменици

План и програма

ПРВ ДЕН (30.12) Петок

Состанок со групата Скопје на Дрво Декор после 23ч. поаѓање за Белград. Попатни поаѓања има и од Битола,Прилеп,Неготино,Гевгелија, Кавадарци, Велес, Скопје, Куманово и преку граничен премин Табановце. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

ВТОР ДЕН (31.12) Сабота

Пристигнување во Белград во утринските часови. Разглед на градот со локален водич:плоштадот Теразије, Славија, храмот Св.Сава, булеварот на револуцијата, Дедиње, тврдината  Калемегдан, споменикот на Победникот и панорама од каде се гледа вливот на реката Сава во Дунав… Слободно време за индивидуални прошетки и активности низ Кнез Михајлова во центарот на градот. Сместување во хотел. Вечерта организиран превоз до центарот на градот за индивидуален Новогодишен дочек на плоштад или во некој од многубројните кафичи, кафеани. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН (01.01) Недела

Појадок. По појадокот факултативен излет до Нови Сад–  центар на Српската култура уште познат и како Српска Атина, панорамски разглед на градот, катедралата, Петроварадинската тврдина. Слободно време во центарот на градот. Враќање во хотел во попладневните часови. Вечерта организиран превоз до центарот на градот за постновогодишни прошетки или забави. Враќање во хотел индивидиално. Ноќевање.

ЧЕТВРТ ДЕН (02.01) Понеделник

Појадок. Одјавување од хотел. По појадок посета на трговски шопинг центар Ушче или слободно време во центарот на  Белград за индивидуални активности..

Во попладневните часови поаѓање за Македонија. Пристигнување во вечерните часови.

Сместување

Хотел 3* во Белград

Хотелот се одредува на два дена пред поаѓање, кога ќе се затвори продажбата.

Цени

Од

31.12.2022

До

02.01.2023

Цена

129 EUR

Важно

За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.

  • Во случај да нема доволен број на патници од наведените градови за превоз, се организира трансфер.
    За деца од 3 полни до неполни 12 години се плаќа 50% од сумата на аранжманот кога станува збор за двајца возрасни и дете до неполни 12 години. Кога станува збор за еден родител и дете од 3 до 12 неполни години, за детето се плаќа 70% од редовната сума на аранжманот
  • За деца со полни 12 години се плаќа цела сума
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
  • За одржување на факултативните излети се потребни 25 патници
  • Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош
  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
  • Распоредот на седишта се нумерира според уплатата. Доколку туристите имаат барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за време на патувањето од Скопје до Бeлград и назад.
  • Организирана тура со колеги Оrbita Travel
За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Нови Сад

Цена за пакет: 12€

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања

цена од

159

EUR

сега од

129

EUR