Menu

Прага за 8-ми Март

цена од

239

EUR

сега од

199

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
06.03.2025
11.03.2025
Автобус
Хотел

Прага е главен град и најголем град на Чешката Република сместен во средината на Бохемија на реката Влтава. На градот му беа потребни единаесет века за да го добие изгледот што го знаеме денес. Денес зафаќа површина од 496 квадратни километри и има околу 1 386 000 жители.Чешката престолнина Прага е добитна комбинација на боемската историја, уметничкиот шарм и некои од најдобите пива во светот. Град зрел за урбана авантура, преку мостовите на реката Влтава, најголемиот замок во светот, до меандерот низ калдрмните улици и средновековните плоштади.

По цена од 199 евра за уплата до 20.01.2025

Што е вклучено во цената

-Превоз со туристички автобус на дадените дестинации,
-Сместување во двокреветни соби во хотел 3* во Прага – 3 ноќевања со појадок,
-Придружник од агенцијата за време на патувањето
-Разглед на Виена
-Попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTAR PARNDORF

Што не е вклучено во цената

-Панорамски разглед на Прага со локален водич – 20 €
-Крстарење по Влтава – 20€,
-Целодневна посета на Карлови Вари со придружник од агенцијата – 40€,
-Целодневна посета на Дрезден – 50€,
-Посета на национален чешки ресторан – пивница – 55€,
-Туристичка такса 3 евра на ден, се плаќа во агенција
-Патничко осигурување

-влезници во објектите

План и програма

Прв ден (06.03.2025 - четврток) СКОПЈЕ – СРБИЈА – УНГАРИЈА-СЛОВАЧКА

Состанок на договорено место во Скопје во 11:00, тргнување кон Прага во 11:30 ч. Патување преку Србија, Унгарија и Австрија. Дневно
и ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

Втор ден (07.03.2025 – петок) - ПРАГА

Пристигнување во Прага во пладневните часови. Разглед на градот со локален водич (факултативно): Карловиот мост, плоштадот на
Малтешките витези, споменикот на Карло IV, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, Старомајскиот плоштад со
астрономскиот часовник – Орлој, црквата Лорето, Градската куќа, Прашната кула, националниот музеј, дворецот Храдчани,
катедралата Св. Вито, Златната улица Сместување во хотел. Слободно време за одмор или можност за посета на пивница… Ноќевање.

Трет ден (08.03.2025 – сабота) ПРАГА – ДРЕЗДЕН – ПРАГА

Појадок. Целодневен факултативен излет за Дрезден . Во Дрезден ќе ги видете следниве атракции: Операта Земпер, Палатата
Цвингер, Богородичната црква, римокатоличката Дворска црква, Резиденционалната палата, палатата Ташенбер, Августовиот музеј
Враќање од Дрезден кон Прага. Ноќевање.

Четврти ден (09.03.2025– недела) ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ – КРСТАРЕЊЕ ПО ВЛТАВА

Појадок. После појадокот, факултативно заминување за Карлови Вари – најпознатиот бањски центар во Чешка и омиленото место на
европската аристократија. Ќе имате можност да ги видете топлите извори и да се запознаете со лековитите својства на водите,
можност да купите сувенири и производи со лековити својства од Карлови Вари. Враќање во хотел. Навечер Крстарење по Влтава
(факултативно), ќе имате можност да ги видете прашките мостови и прекрасната архитектура од двете страни на Влтава. Ноќевање.

Петти ден (10.03.2025– недела) ПРАГА  – ВИЕНА – УНГАРИЈА

Појадок во хотел. После појадокот, напуштање на хотелот и поаѓање за  Виена во 08:00ч. Пристигнување во Виена па следи слободно
време за разглед на централниот дел од градот Стефан Плац, катедралата Св.Стефан.. Во договорено време се упатуваме кон OUTLET
SHOPPING CENTAR PARNDORF.Кратка пауза и поаѓање кон Македонија. Ноќно возење со попатни паузи за одмор низ Унгарија и
пасошки и царински формалности.

Шести ден (11.03.2025 – втроник ) СРБИЈА – СКОПЈЕ

Патување низ Србија и пристигнување во Македонија во утринските часови.

Сместување

Сместување во двокреветни соби во хотел 3* во Прага

Цени

Од

06.03.2025

До

11.03.2025

Цена

239 EUR

Промо Цена

199 EUR

Важно

– Организатор на аранжманот е ТА Ескејп Травел Агенси
– Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
– Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
– Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
– За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника
– За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
– Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот
или хотелот
– Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост
аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот
– Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на
влезниците на локалитетите и музеите
– За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните
згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
– Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
– Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени
објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите
предвиден за посета и сл.
За реализација потребни се минимум 30 патника

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. Ескејп Травел Агенси

За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Крстарење по Влтава

Цена за пакет: 20 евра

Факултативното крстарење со брод по Влтава, Ви овозможува да ги видите прашките мостови и прекрасната архитектура на овој град
од двете страни нa реката. За време на целото крстарење, имате водење на англиски јазик преку снимено ЦД за знаменитостите
покрај кои минуваме. Со класична музика, ова е уште една можост да ја видите Прага од еден поинаков, панорамски поглед, од
палубата на бродот кон центарот на градот.

Посета на Карлови вари

Цена за пакет: 40 евра

Карлови Вари е познат бањски центар и град во западниот дел на регионот Чешка во Чешката Република. Се наоѓа на реките Огже и
Тепла , на околу 130 км западно од Прага. Наречен е по светиот римски цар Карло IV Луксембуршки, кој го основал градот во 1370
година. Познат е по своите топли извори (13 големи и околу 300 помали, и топлата река Тепла). Градот е главен административен
центар на Карловарскиот крај. Над него се издигнуваат златните кули на православната црква Св Петар и Павле.Располага со 12
основни големи термални извори и уште 300 помали. Во Карлови Вари имате ексклузивни хотели, ресторани или бањи, паркот
„Колонада“ е познат како парк на Антонин Дворжак од крајот на 19 век. Градот својот израз го наоѓа низ барокната
архитектура,познатиот стил од крајот на 19 век „арт Нуво“ , како и термалните извори во колонадата „Спрудел“ Во Карлови Вари може
да видите многу куќи и споменици во чест на големите уметници:Моцартовиот парк, каде што почива синот на Моцарт, потоа тука е
куќата на Јоханес Брамс и на Штраус, улицата на Петар Велики, спомениците на Гете, на Бетовен, на Шилер, како и меморијалната
плоча на Тургенев. Kaрлови Вари е домаќин на Меѓународниот филмски фестивал, еден од најстарите филмски фестивали во светот.
Толпата од туристи кои секојдневно доаѓаат во Карлови Вари имаат можност да пијат од топлата вода од карактеристични плосната и
садови, да пробаат од слатко-горчливиот ликер Бихеровка, да се напијат од чешкото пиво кое се произведува веднаш до Карлови
Вари, во Плзен и во Крушовице и да се насладуваат на карловските опатки (неверојатно вкусни слатки карактеристични само за ова
место, кои во зависност од индивидуалниот вкус можат да бидат со арома на какао, кокос, лешник, бадем , ванила)

Посета на Дрезден

Цена за пакет: 50

Дрезден е четврт по големина, урбан регион во Германија после Берлин, Хамбург и Келн. Прв пат се именува како град во 1206
година. Поради своето извонредно културно значење исто така се нарекува Фиренца на Елба. Во овој град застапени се многу барокни
градби: Операта Земпер, Палатата Цвингер (во која има 5 музеја), протестантската Богородична црква, римокатоличката Дворска
црква, Резиденционалната палата (денешниот државен музеј каде се чува Зелениот трезор), палатата Ташенбер (денешен хотел
Кемпински), делот на некогашниот градски ѕид, Августовиот мост.

Посета на национален чешки ресторан - пивница

Цена за пакет: 55 евра

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања