8-ми Март во Прага

цена од

199

EUR

сега од

159

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
07.03.2023
12.03.2023
Автобус
Хотел

Прага – сместена во срцето на Европа, плени со својата  архитектура и традиција, Таа е значајна раскрсница на уметноста и науката. Главен град на Чешка, позната како златен град, град на стотици кули, град на мостови, град на пивото…

Лежи на брегот на реката В’ лтава, најголемата Чешка река, која градот го дели на четири дела ( Стар Град, Нов Град, Храдчани и Мала Страна).  Многу уметници го опишале овој магичен град во своите дела -Бедриж Сметана, Антониј Дворжак, Франц Кафка. Градот е единствен комплекс на културни споменици, галерија на сите уметнички стилови во архитектурата … Основан е во 9от век со доаѓањето на Словените во тој регион. Многу уметници го опишале овој магичен град во своите дела – Bedžih Smetana, Antonjin Dvoržak, Franc Kafka… а по неговите улици шетале и Mocart, Ajnštajn i Nikola Tesla. Во 1992 год. центарот на Прага е прогласен за светско културно наследство и е под заштита на УНЕСКО.

Што е вклучено во цената

  • – Превоз со високотуристички автобус
    – 3 ноќевања со појадок во хотел 3* во Прага
    – Организација и водство на програмата
    – Разглед на Прага со локален водич
    – Посета и разглед на Виена
    – Попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER PARNDORF
    – Организација на аранжманот
    – Лиценциран туристички придружник

Што не е вклучено во цената

– Факултативен излет Карлови Вари (35€)
– Доплата за еднокреветна соба 4.650 ден
– Крстарење со брод по Влтава (20€)
– Посета на средновековна пивница со вечера и забавна програма (50€)
– Целодневна посета на Дрезден (40€)
– Туристичка такса 1 евро по лице на ден, се плаќа во агенција
– Влезници за музеи и локалитети

План и програма

ПРВ ДЕН (07.03.2023) ПРАГА

Состанок на групата на паркингот на Спортска сала во поладневните часови. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија. Денско и ноќно возење со попатни паузи.

ВТОР ДЕН (08.03.2023) ПРАГА

Очекувано пристигнување во Прага во пладневните часови. Панорамско разгледување на градот со локален водич: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Еврејската четврт, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часоник-Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашната кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад. Националниот музеј. Слободно време за индивидуални прошетки. Сместување во хотел. Ноќевање.

ТРЕТИ ДЕН (09.03.2023) ПРАГА – ДРЕЗДЕН

Појадок.Предлагаме целодневен излет до Дрезден. Денеска главен град на покраината Саксонија , некогаш (по втората св.војна) дел од Источна Германија. Основан уште во 600 г.пне. на обалата на реката Елба . Во еден период населен и од Славонски племиња. Карактеристичен, прекрасен Саксонски стил во архитектурата – богатсво на прекрасни градби , како остатоци од некогашното Кралство Саксонија. Стариот дел од градот е слика на богатото и славно минато : Палатата Звингер ,седиште на многу музеи со преку 2000 уметнички слики,прекрасна нео-ренесансна градба , прекрасната Готска Богородична црква –Frauenkirche, Кралската палата – денеска државен музеј каде се чува Зелениот трезор, Палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински ), Августовиот мост на “ Фиренца на Елба “ како што се споредува денешен Дрезден . Излет кој нема да ве остави рамнодушни. Враќање во Прага . Ноќевање.

ЧЕТВРТИ ДЕН (10.03.2023) ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ

Појадок. Препорачуваме полудневен излет до бањскиот центар Карлови Вари. Посета на деветнаесет извори и прекрасните неоренесансни колонади. Можност да ги погледнете надалеку познатите производи од порцелан, стаклото Мозер, ликерот Бехеровка како и музејот на Бехеровка . Враќање во Прага во доцните попладневни часови . Предлагаме крстарење со брод по реката В’лтава. Слободно време Можност за посета на пивница во средновековен амбиент со спектакуларна програма и вечера.. Ноќевање

ПОСЛЕДЕН ДЕН (11.03.2023) ПРАГА – ВИЕНА

Појадок во хотел. После појадокот, напуштање на хотелот и поаѓање за Виена во 08:00 часот наутро.Попатна посета на Freport Fashion Outlet (Znojno). Пристигнување во Виена околу 15:00 часот. Панорамски разглед на градот: плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург. Слободно време за прошетка. Поаѓање кон Македонија околу 19:00 часот. Ноќно возење со попатни паузи за одмор низ Унгарија и пасошки и царински формалности. Пристигнување во Скопје во утринските часови на 12.03.2023

Сместување

Хотел со 3*

Цени

Од

08.03.2023

До

12.03.2023

Промо цена до 15.02

Цена

199 EUR

Промо Цена

179 EUR

Важно

  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупниот износ на аранжманот;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд;
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот;
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата;
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Панорамски разглед на Прага

Цена за пакет: 15е

панорамски разглед на прага со локален водич

Крстарење по Влатава

Цена за пакет: 20е

Факултативен изглед Карлови Вари

Цена за пакет: 35e

Целодневна посета на Дрезден со локален водич

Цена за пакет: 40

Посета на средновековна пивница со вечера и забавна програма

Цена за пакет: 50e

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања

цена од

159

EUR

сега од

129

EUR