Будва и Острог за 18ти Јуни

цена од

69

EUR

сега од

59

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
17.06.2021
20.06.2021
Автобус
Апартмани

Прекрасните градови: Будва, Котор, Тиват, крстарењето по Бока Которска со глисери и задоволството од нашите патници е причината за ова тура да ја организираме повторно, овој пат за 18-ти јуни.
Некогаш мал и тивок крајбрежен град, денес метропола на црногорскиот туризам и еден од најгласните и преполни градови на црногорското приморје. За 18-ти јуни Ве носиме повторно во Будва.

Што е вклучено во цената

  • Сместување во Будва, 2 ноќевања во апартмани
  • Превоз на дадената релација
  • Посета на Острошки Манастир
  • Tуристички придружник за време на целото патување

Што не е вклучено во цената

  • Турустичка такса  на Острог 1 еврo  (Се плаќа во автобус) – ЗАДОЛЖИТЕЛНО
  • Превоз со комбиња до и од манастирот – 2 еу се плаќаат на лице место доколку се качувате со комбе
  • Влезници за културно историските локалитети
  • Факултативно крстарење со глисер по Бока Которска  (Се плаќа во автобус),
  • Факулативен излет до Тиват и Котор,
  • Туристичка такса 1,5 евра за едно ноќевање од лице (Се плаќа во автобус) – ЗАДОЛЖИТЕЛНО

План и програма

ПРВ ДЕН -17.06.2021 (Четврток)

Состанок на група во договорено време. Ноќно и денско патување преку Албанија со паузи и царински формалности.

ВТОР ДЕН- 18.06.2021 (петок)

Пристигнување во раните утрински часови во Острошки Манастир. Манастирот Острог е манастир на Српската православна црква сместен со речиси вертикална позадина, издигнат во големата карпа на Острошка Греда. Тој е посветен на Свети Василиј од Острог ( Свети Василије Острошки ), кој бил погребан овде. Она што е интересно дека е изграден во карпа и е несекојдневно за манастир. По посетата на манастирог групата продолжува за Будва. Сместување во Будва. Слободно време за одмор или индивидуални активности. Во договор со водич, се посетува стариот град во Будва. Доколку има интерес од страна на групата, можна е дружба во некои од кафулињата или на плажа. Ноќевање.

 

ТРЕТ ДЕН- 19.06.2021 (Сабота)

Во 09:15 часот состанок на група пред вила, 09:30 часот поаѓање кон Котор и Тиват. Првото место за посета е Котор. Забавата започнува кога одиме на крстарење. Она што е интересно е дека крстарењето не е со брод туку со глисери. Искуството од претходната тура покажа дека ова крстарење е доста атрактивно и несекојдневно, нешто ново кое е понудено на македонскиот пазар. Првата посета е островот именуван по црквата која датира од 15 век, Богородица на Скрпела. Според морнарите се верува дека ја пронашле иконата на св.Богородица. Патниците ќе имаат време околу 20-30 минути да направат фотографии на островот. Станува збор за мал остров со интересна историја кој управувачот на глисерот ќе ви раскаже повеќе за тоа. Авантурата продолжува кога ќе стигнете во градот Пераст, град кој е под заштита на UNESCO благодарејќи на неговата барокна архитектура. И покрај тоа што ова место има само една главна улица, стариот град е полн со историаја, атракции и хедонистички искуства кои на посетителите ќе им остане во душа. Крстарењето завршува со забава на глисерот. По пристигнувањето во Котор, групата ќе има слободно околу 2 часа за кафе или ручек во градот. Oна што треба да го посетите е стариот град. Старите градби, тесните улички и богатата историја е тоа што ќе направи да се заљубите во Котор. Во договореното време групата се упатува кон пристанишниот град кој многумина го споредуват со Монако, градот Тиват. Голем дел од градот е модернизиран а на моменти ќе се почувствувате како да не сте на Балканот, место каде што ужива и одмара светскио џет-сет. Луксузот, големите јахти, крузери, станбени блокови итн е тоа што го прават Тиват магичен. Овде групата ќе има слободно околу 2 часа за прошетка а препорачуваме да прошетате околу пристаниште и во некои од кафулињата да седнете да уживате во амбиентот. По посетата на Тиват, групата се враќа во Будва. Ноќевање.

 

ЧЕТВРТИ ДЕН- 20.06.2021 (Недела)

Одјавување од вилите во 09 часот и заминување кон Бар со попатно застанување и панорамски разглед на Св.Стефан. Oва место е еден од најлуксузните летувалишта на целиот Јадран познат како „град-хотел“. Според пописот од 2003 на островот живеат 411 жители. Автобусот ќе застане за патниците да направат фотографии околу 10 минути и се продолжува према градот Бар. Во Бар она што треба да се посети е  храмот посветен на Јован Владимир. Катедралата Свети Јован Владимир во Бар е втора по големина православна црква во Црна Гора, палатата на крал Никола, која потекнува од XIX век и прошетка по кејот и центарот во градот. Слободно време во Бар до 13:30 часот и заминување кон Македонија. Пристигнувањето во Македонија е предвидено после 05:00ч поради полицискиот час.

Сместување

Приватни сместувања

Цени

Од

17.06.2021

До

20.06.2021

Промо цена до 05.06!

Цена

69 EUR

Промо Цена

59 EUR

Важно

  • За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
  • Патувањето се одвива според новите пропишани протоколи за работа со туристички групи.
  • За ова патување не е потребен PCR тест.
  • За ова патување влезот во Р. Црна Гора – покрај патната исправа, може да се оствари и со лична карта. Пасошот како и личната карта треба да важат минимум 3 месеци од денот на завршување на овој аранжман.
  • Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки за однесување во автобус од страна на организаторот.
  • Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Тиват, Котор и и крстарење по Бока Которса со глисери (Пакет)

Цена за пакет: 35

Околу 09:00ч состанок на групата пред вилите и поаѓање кон Котор. Денот започнува со крстарење по Бока Которска со глисери.
Искуството од претходната тура покажа дека ова крстарење е доста атрактивно и несекојдневно.
Првата посета е островот именуван по црквата која датира од 15 век, Богородица на Скрпела. Според морнарите се верува дека ја пронашле иконата на св.Богородица. Патниците ќе имаат време околу 20-30 минути да направат фотографии на островот. Станува збор за мал остров со интересна историја кој управувачот на глисерот ќе ви раскаже повеќе за тоа. Авантурата продолжува кога ќе стигнете во градот Пераст, град кој е под заштита на UNESCO благодарејќи на неговата барокна архитектура. И покрај тоа што ова место има само една главна улица, стариот град е полн со историаја, атракции и хедонистички искуства кои на посетителите ќе им остане во душа. Крстарењето завршува со забава на глисерот. По враќањето од крстарење групата има слободно време околу 2 часа во Котор. Неопходна е посета на стариот град. Тесните улички и автентичната архитектура се убавината на стариот град. Мешавина од култури, религии оставиле трага на секоја улица. Во градот има многу кафетерии, сувенирници, црката Свети Лука изградена во готски стил,црквата Св. Никола, најзабележителен е католикот Катедрала на Свети Трифун итн. Посетете ја тврдината Свети Јован која е изградена од времето на венецијанците. Патот до врвот на тврдната е тежок, од 50-60 минути искачување по скали но глетката од таму ќе ве остави без зборови. По посетата, групата се упатува кон градот кој го споредуват со Монако, градот Тиват. Голем дел од градот е модернизиран а на моменти ќе се почувствувате како да не сте на Балканот, место каде што ужива и одмара светскио џет-сет. Луксузот, големите јахти, крузери, станбени блокови итн е тоа што го прават Тиват магичен. Групата ќе има слободно време за индивиудални активности а ние препорачуваме кафе и уживање покрај пристаниште кој нуди поглем кон море и луксузните јахти.

Цената е 35 евра. Екскурзиите се плаќаат во автобус и пријавата е исклучиво за пакет, одделно не се зимааат екскурзиите.

 

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања

цена од

159

EUR

сега од

129

EUR