Нова година во Будва

цена од

6140

ДЕН

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
30.12.2022
02.01.2023
Автобус
Приватно сместување

Будва е една од најстарите урбани населби на Јадранското приморје. Наречена Црногорски Кувајт, заради огромниот број на милионери, во споредба со нејзината мала населеност. Некогаш мал и тивок крајбрежен град, денес метропола на црногорскиот туризам и еден од најгласните и преполни градови на црногорското приморје. Одлучивме да Ве носиме во Будва и за Нова година.  Во продолжение програмата……

План и програма

ПРВ ДЕН 30.12 (Петок)

Состанок на групата . Поаѓање за Црна Гора во вечерните часови . Ноќно возење преку Косово и Албанија со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности.

ВТОР ДЕН 31.12 (Сабота)

Пристигнување на Св. Стефан, едно од најмонденските летувалишта на црногорското приморје, панорамско фотографирање и поаѓање за Будва. Сместување во  приватни апартмани во Будва. Слободно попладне за одмор и индивидуални прошетки низ Будва. Препорачуваме прошетка низ стариот дел на Будва посета и разглед на црквите Св.Иван, Св. Марија, плоштадот.. или пак воздишка за кафе или ручек во некој од бројните кафулиња и ресторани долж морскиот брег. Во вечерните часови Дочек на Новата 2023 година пред платото на Стариот град со музичка програма (Џибони или дочек во некој од ноќните клубови). Ноќевање.

ТРЕТИ ДЕН 01.01 (Недела)

Во раните утрински часови поаѓање за Дубровник на целодневен факјултативен излет. Патувањето се одвива преку Тиват со траект. Препорачуваме прошетка низ стариот дел на градот Дубровник : Страдун, Кнежев двор, Дубровачките градски зидини, статуата на Св.Влах-заштитникот на градот, Катедралата Вознесение на Дева Марија…Попладне враќање во Будва. Вечерта организирана забава и реприза на новогодишната ноќ со концерт на Дино Мерлин пред платото на Стариот град во Будва. Ноќевање.

ЧЕТВРТИ ДЕН 02.01(Понеделник)

Напуштање на апартманите. Можност за факултативна посета на Котор. Индивидуална прошетка во стариот дел на прекрасното гратче. Moжност за посета на катедралата Св.Трипун ( заштитник на градот ), Столбот на срамот, црквата Св.Никола ….  Наш предлог е искачувањето на Которската тврдина. Погледот од истата е фасцинантен и единствено од таму може да произлезат уникатни фотографии… Патот не води кон Тиват, разглед на стариот град и монденското пристаниште Порто Монтенегро, несекојдневно чувство на богатство, спој на природна убавина и човечки ресурси. Продолжуваме со траект преку  Бока Которска. Посета на уште една  понова ексклузивна марина Портонови. Индивидуално време за уживање и фотографирање. Тргнување за Македонија со попатни паузи и царински формалности.

Очекувано пристигнување во Скопје во вечерните часови.

Сместување

Будва

Вилата се одредува на два дена пред поаѓање кога ќе се затвори продажбата

Цени

Од

31.12.2022

До

02.01.2023

Цена

6140 ДЕН

Што е вклучено во цената

Превоз со високо туристички автобус на наведената релација;

– 2 ноќевања , сместување во  вили;

– Организација, реализација и  лиценциран туристички придружник на патувањето.

Што не е вклучено во цената

– Посета на Дубровник 20 еур;

– Посета на Котор, Тиват, Порто Монтенегро 15 еур;

– Влезници за музеите и културно историските споменици;

– Задолжително патничко и здравствено осигурување;

– Задолжителна туристичка такса 1 еур по лице на ден (се плаќа во автобус).

Важно

За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 35 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.

  • Во случај да нема доволен број на патници од наведените градови за превоз, се организира трансфер.
    За деца од 3 полни до неполни 12 години се плаќа 50% од сумата на аранжманот кога станува збор за двајца возрасни и дете до неполни 12 години. Кога станува збор за еден родител и дете од 3 до 12 неполни години, за детето се плаќа 70% од редовната сума на аранжманот
  • За деца со полни 12 години се плаќа цела сума
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
  • Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош
  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
  • Распоредот на седишта се нумерира според уплатата. Доколку туристите имаат барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за време на патувањето од Скопје до Будва и назад.
За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Котор,Тиват,Порто Монтенегро

Цена за пакет: 15€

Дубровник

Цена за пакет: 20€

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања

цена од

149

EUR

сега од

115

EUR