Нова Година во Истанбул: 2 ноќи

цена од

89

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
30.12.2021
02.01.2022
Автобус
Хотел

Рекорд си е рекорд! Најдобра организација си е најдобра организација! Escape Travel во моментот го држи рекордот за најмасовна и најдобра организација за дочек на Нова Година на свој приватен брод на Босфор која ја има организирано македонска туристичка агенција во Истанбул.

Со над 300 македонци на приватен брод кој плови по Босфор, два стејџа, македонски изведувачи вклучувајќи бенд, ди-џеј, караоке зона, па се до спектакуларен огномет, многу запросувања и многу изненадувања. Тоа е најважната причина поради која треба да се препуштите на нашиот тим од над 20 водичи кои е подготвен да направи нов БУМ за дочек на 2022-ра!

Escape Travel е единствената агенција која го држи рекордот за најмасовна посетеност, најдобра организација, најдобра дружба помеѓу нашите водичи и патниците и градење на едно огромно семејство кое опстојува со години!

Тоа сме ние, а ова е новата програма за Нова Година, која годинава ќе биде надополнета со новитети!
Интересот е голем, а местата на нашите журки се строго ограничени! Влезниците се резервираат при самата уплата на аранжманот.
Поаѓање во Истанбул ОД ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА!

Што е вклучено во цената

Две ноќевања во хотел со 3* со појадок
Автобуски превоз
Лиценциран придружник
Лиценциран туристички водич
Тура низ стариот град на Истанбул со посета на Капали Чаршија
Tуристичка такса
Посета на турската продавница „Коска“
Шопинг во 212 центарот
PCR тест за враќање (За патниците без вакцина)
И дефинитивно најдобрата организација со најдобите водичи

Што не е вклучено во цената

Организирани три новогодишни журки
Патничко осигурување
Факултативи излети
Индивидуални трошоци
ПЦР тест за поаѓање (се вадат индивидуално)

План и програма

Прв ден: 30.12.2021 (Четврток)

Дали сакате да ја почуствувате еуфоријата уште на 30.12? Тогаш резервирајте преку нас, бидејќи забавата започнува уште на самото тргнување кон Истанбул. Нашето тргнување ќе го започнеме со добра музика! Турата стартува од паркингот на Вип Хотел во 15:00 часот, а поаѓањето е предвидено во 15:30.

Имаме ноќно возење со попатни паузи, царински формалности, презентација на програма и информации околу тоа што ги очекува патниците во наредните три денови. Агенцијата ги контактира патниците на два дена пред поаѓање, во врска со точното време и место на поаѓање. Седиштата во автобусот се нумерирани. Со самото потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.

Нашите водичи се добро обучени за да ви го направат патувањето доста интересно.

Втор ден: 31.12.2021 (Петок)

Пристигнувањето на групата во Истанбул. Групата се упатува кон хотелот заедно со својот багаж, каде истиот се остава во просторија предодредена за чување на багаж. Chek in во собите во хотелот е после 14:00 по локаслно турско време Патниците добиваат слободно време за пауза, а остатокот од денот предвиден за истражување на најголемиот град во Европа, градот Истанбул.

Нашата понуда е релаксирана, со тоа што утрото ќе го искористиме за да го погледнеме стариот град на Истанбул. Како Капали Чаршија која се наоѓа на само 10 минути пеш од хотелите, Аја Софија која се наоѓа недалеку од Капали Чаршија, Топ Капи, Сината Џамија, Хиподромот и ред други знаменитости каде ќе може да ги направите најубавите инстаграм фотографии.

Пешачката тура е вклучена во цената, а истата се одвива од хотелот, преку Капали Чаршија, Сината Џамија, Хиподромот, Аја Софија и други попатни застанувања каде ќе научите многу информации од нашите локални искусни водичи кои се дел од нашата организација, а кои ќе ви ја раскажат приказната и историјата на градот на најдобар начин.

Факултативни излети после пешачката тура:
Toп Капи
Главната резиденција на Отоманските султани за време на нивното 6 вековно владеење. Топкапи палатата годишно ја посетуваат повеќе од 2 милиони туристи, со што е втор најпосетуван музеј во светот. Се протега на површина од 700.000 километри квадратни, со должина од 5 километри, опколена од сите страни со тврдина. Просторот кој го опфаќа е два пати поголем од оној на Ватикан и половина од просторот кој го опфаќа Монако. Во неа може да се видат собите што ги користеле,каде престојувале,како и облеката која ја носеле.Во ТопКапи живееле 4000 луѓе.Топкапи Сарај бил главното седиште на администрацијата на Османлиската империја во периодот помеѓу 1456 до 1853 година.

По завршувањето на турата, групата има слободно време да наполни батериите за лудата ноќ на Босфор. Хотелите се одлични за секој тип на туристи. Опремени се со посебно тоалет и купатило/тв/wi-fi и се што му е потребно на еден турист за едно незаборавно искуство во градот на два континенти.

Организиран транспорт до Босфор со нашите автобуси за сите журкаџии. За време на нашиот транспорт до бродот кој трае магични 20 минути, ние ви подговуваме едно кратко изненадување за секој автобус, а со ова го најавуваме големиот старт на нашата прва новогодишна журка! Дали претпоставувате што би можело да биде? 🙂

За новогодишниот дочек кој го организира Escape Travel се зборува многу! Ние се водиме според политиката- Задоволни патници. Се што треба е да им јавите на ваши пријатели, роднини, соседи, кои биле дел од нашиот новогодишен брод за да ви ја раскажат магијата која вреди да се доживее.

Нашиот тим го сочинуваат искусни водичи и млади луѓе кои со години се дел од ова збиднување. Фотографиите кои ги споделуваме зборуваат за добрата организација. Повеќе информации за програмата за новогодишната журка на Брод, наскоро.

 

Трет ден: 01.01.2022 (Сабота)

Саботата ни започнува со Late breakfast. Што значи ова? Ова значи дека нема повеќе будење рано наутро за доручек. Ние ќе се погрижиме да имате добро помината ноќ, но и доцен доручек во кој ќе може да уживате. Храната во хотелите е континентална што значи дека ќе одговара на сечиј вкус, а кафето и турскиот чај ќе ви ги отоврат очите по бурната ноќ и ќе Ви ги најавата двете преостанати забави кои се предвидени за првиот ден од новата година. Звучи интересно, зарем не?

По појадокот, денот е резервиран за запознавање на луксузната и модерна страна на Истанбул. Тоа значи дека имате можност да се искачите на еден од највисоките облакодери во Истанбул, каде на најгорниот спрат има отворена стаклена тераса со 360 поглед, а во затворениот дел се наоѓа 7D кино проекција чија влезница е вклучена во цената. На отворената тераса на Safir кулата, ќе може да ги направите најдобрите фотографии, ќе може да ги погледнете сите три моста на Босфор. Во склоп на кулата Сафир се наоѓа трговски центар во кој може да го направите вашиот шопинг.

По посетата на Сафир, се упатуваме кон нашата нова сензација, новиот начин на уживање кој се практикува во сите светски метрополи, а тоа е дневното крстарење по Босфор со Ди-Џеј. Ова е наша модерна алатка која ја развивме пред две години, а која се покажа како одличен момент да уживате во прекрасниот поглед кон евроската и азиската страна на градот, со пијачка во раце и да шизите на познати светски, банскански и домашни хитови. Ова е момент кој не прави поразличен од другите, а во кој уживаат сите. Од локален водич кој во почетокот ќе ви раскаже се за Босфор и за објектите кои се наоѓаат долж неговиот кеј, ди-џеј кој ќе пушта музика, огромен избор на пијалоци, фотографирања и едно големо изненадување кое во моментот не сакаме да го откриеме. Повеќе инфо за програмата за дневната журка со ди-џеј на Брод наскоро. Но тоа не е се, следува тематска игра од позната актуелана серија каде можете да бидете потенцијален добитник на специфичен подарок.

По дневната журка на Босфор, се упатуваме кон хотелите каде имаме слободно време за пауза и подготовка за ноќната уникатна журка на која веќе ќе имаме подготвено караоке листа со најхрабрите пријавени патници, а за кои ќе гласа публиката и ќе го одреди победникот. Од латино музика со латино танцувања, до турска музика со (ИЗНЕНАДУВАЊЕ), до наши балкански хитови. Музика, храна и извлекување на 10 добитници на гратис патувања во 2022-ра година, кои награди ги доделува нашата агенција. Тоа е она кое го прави ова After Party поразлично од останатите. Повеќе инфо за програмата за After-party наскоро.

Четвртиот ден: 02.01.2022 (Недела)

Неделата е одличен ден да се пробудиме со едно прекрасно чувство, многу импресии и фотографии во телефонот. Утрото ни започнува со доручек, кафе или чај и со разлистување на фотографиите кои ќе ни останат во нашите сеќавања.
Двата дена кои ќе ни изминат во Истанбул ќе ги паметите по многу убави нешта. Многумина од вас ќе добијат вредни подароци од нашата агенција, а ќе има и доста тавки кои ќе си заминат со ваучер за бесплатно патување/летување со нашата агенција во 2022-ра година.

Но ако е недела, не значи дека е крај на нашата програма во Истанбул. По појадокот во хотелот, групата се одјавува и се упатува во посета на продавницата КОСКА каде може да купите локум, баклава и традиционални благи работи за дома. По посетата на ова продавница, се упатуваме кон Outlet 212 во Истанбул, каде оние кои немале време за шопинг ќе може да купат се што им треба.

Нашата програма е создадена да одговара на потребите на секој патник. Од историја, култура, животен стил па се до шопинг. Кој не би сакал шопинг?

Времетраењето на шопинг е до 15:00 часот кога групата се собира и упатува назад кон Македонија. Предвидено е пристигнување во раните утрински часови.

Сместување

Хотел 3*

Сместувањето е во хотели на база на 3* со вклучен појадок. Хотелите се наоѓаат во населбата Аксарај, која важи за една од најстарите населби кои постоеле уште во Костантинопол. Во непосредна близина на хотелите се наоѓа Капали Чаршија, Аја Софија, Сината Џамија и други важни спомен обележја кои мамат милиони туристи годишно.

Цени

Од

30.12.2021

До

02.01.2022

Промо цена до 20.11

Цена

89 EUR

Важно

  • Задолжителна проверка на пасошот. Не треба да е на 6 месеци пред истекување од моментот на влез и излез од Р. Турцијa
  • MОЖНОСТ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ВРЕДНОСНИТЕ ВАУЧЕРИ ЗА ОТКАЖАНИТЕ АРАНЖМАНИ
  • Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари
  • За сингл соба се доплаќа 25 евра дополнително од аранжмaнот- За патниците кои патуваат сами
  • Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
  • Деца од 3 до 12 години плаќаат 50% од износот на аранжманот доколку се придружувани со двајца возрасни
  • Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот.
  • Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете. Резервации за одреден кат или страна не е можна.
  • Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати. Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
  • Патувањето ќе се одвива според протоколите за безбедноста на здравјето.
  • Патувањето ќе се реализира преку Република Бугарија (дозволен транзит) до Турција
За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Новогодишен дочек на приватен брод на Босфор кој руши рекорди

Цена за пакет: 55€

Ескејп е првата агенција која последователно ги руши своите сопствени рекорди за дочек на приватен брод на Босфор. Со два стејџа, два изведувачи во исто време, од турбо фолк, до хип-хоп, техно, рок, македонски хитови и турски хитови.

За новогодишниот дочек кој го организира Escape Travel се зборува многу! Ние се водиме според политиката- Задоволни патници. Се што треба е да им јавите на ваши пријатели, роднини, соседи, кои биле дел од нашиот новогодишен брод за да ви ја раскажат магијата која вреди да се доживее.

Нашиот тим го сочинуваат искусни водичи и млади луѓе кои со години се дел од ова збиднување. Фотографиите кои ги споделуваме зборуваат за добрата организација. Повеќе информации за програмата за новогодишната журка на Брод, наскоро.

Во цената од 55 евра е вклучен транспорт до нашиот брод, изненадување за време на танспортот, влезница на нашиот брод, три алкохолни или безалкохолни пијалоци, мезе даски, бенд и ди-џеј и секако најубавиот момент, а тоа е огнометот кој се организира од босфорскиот мост.

Дневна журка на брод на Босфор за време на најубавите зајдисонца во Истанбул

Цена за пакет: 25€

Сакате романтика во Истанбул? Сакате музика, пијалок, добра музика и насмеани луѓе кои шизат на брод на Босфор додека сонцето заоѓа на првиот ден од новата година во Истанбул? Ова е уживањето кои ви треба! Веќе со добро искуство, добра музика и екстра организација! Ќе го празнуваме првиот ден од новата година додека уживаме и ги набљудуваме најуникатните палати кои се наоѓаат по кејот на Босфор. Но тоа не е се, следува тематска игра од позната актуелана серија каде можете да бидете потенцијален добитник на специфичен подарок.

Во ова цена имате вклучено транспорт до Босфор, влезница за нашиот брод, ди-џеј сет, лиценциран водич за патниците кои ги интересира да научат многу за историјата на објектите кои се наоѓаат долж кејот на Босфор.

After party со многу изненадувања во приватен објект

Цена за пакет: 20€

Ние сме првите кои наместо една имаат три журки за Нова Година. Последната After- Party журка е доста привлечна по тоа што 10 патници ќе освојат гратис патување со Escape Travel во 2022-ра година, а многу други кои ќе се пријават на мини караоке турнирот исто така ќе си заминат со вредни награди. Овде, покрај караоке журката, ќе имаме и разна музика, почнувајќи од рок, хип-хоп, македонски хитови, туриски хитови, латино, па се до балкански хитови кои ќе го дрмат подот!

Во цената е вклучено 3 алкохолни или безалкохолни пијалоци

 

Сафир со панорама низ градот

Цена за пакет: 20€

Доживејте ја магичната страна на градот. Кулата Сафир е една од нашите најбарани сензации во Истанбул. Сафир е облакодер каде со сите патниви се искачуваме на највисокиот спрат од кулата, а каде има отворена стаклена тераса со 360 степени поглед. Овде имате можност да ги направите најдобрите фотографии кон европската и азиска стана на градот. Исто така ќе прошетате виртуелно преку 4D проекцијаод 15 минути низ најбитните знаменитости во Истанбул.

Новогодишен пакет- Трите журки со целосна организација од Escape и САФИР кулата

Цена за пакет: 115€

За сите ВИП ЖУРКАЏИИ!

Новогодишниот дочек на приватен брод на Босфор, дневното крстарење по Босфор на зајдисонце со ди-џеј,after party-то со многу изненадувања и  САФИР кулата ги имате во пакет од 115 евра.

Топ Капи

Цена за пакет: 25€

Сарајот Топкапи е една од најголемите градби во срцето на Истанбул. Оваа исклучително важна палата била седиште на Отоманската империја повеќе од 4 века, а денес претставува еден од најпосетените музеи во „Главниот град на светот“. Палатата Топкапи се наоѓа помеѓу Мраморно Море и Златниот Рог, недалеку од Света Софија. Овој објект бил седиште на Османлиските султани и административен центар на Отоманската империја во периодот од 1456 до 1853 година, кога султанот Абдул Меџид решил да го подигне Долмабахче Сарај и таму да го пресели целиот државен апарат.

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања

цена од

159

EUR

сега од

129

EUR