8-ми Март во Нови Сад

цена од

169

EUR

сега од

139

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
09.03.2023
12.03.2023
Автобус
Хотел

По повод Денот на жената, однесете ја својата мајка, ќерка, другарка, или партнерка во магичниот Нови Сад.

Што е вклучено во цената

  • Превоз со високо-туристички автобус на дадената релација
  • 2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Нови Сад
  • Организација и водство на патувањето
  • Разглед на Петроварадинска тврдина со локален водич
  • Разглед на Нови сад со локален водич
  • Посета на Сремски карловски и винаријата со локален водич
  • Посета на Белград со разглед на Свети Сава и Кнез Михајлова
  • Организација и водство на патувањето

Што не е вклучено во цената

  • Задолжителна туристичка такса за хотелот – 200 мкд (се плаќа во агенција)
  • Организирана свечена вечера во ресторан со богато мени и тамбураши – 25 евра
  • Факултативен излет до Палич и Суботица – 20 евра – пријавување во агенција, плаќање во автобус.(Минимум 30лица)
  • Патничко и здравствено осигурување
  • Индивидуални трошоци
  • Влезници во културно/историски споменици

План и програма

1.Ден 09.03.2023 (Четврток)

Состанок со групата  во Прилеп во 21:45, во 22:00 часот поаѓање за Нови Сад. Патот води преку Кавадарци, Велес, Скопје, Куманово и преку граничен премин Табановце. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

2.Ден 10.03.2023 (Петок)

Пристигнување во Нови Сад во раните утрински часови. Денот го започнуваме со разглед на Петроварадинска тврдина – втора по големина во Европа, вистинско ремек дело во системот на фортификација. Подземната воена галерија, Тунелот низ кој поминувал познатиот воз Ориент Експрес, силни ѕидови кои не се спротиставуваат на времето, мински полиња, пијан сат …. се само дел од атракциите на оваа мистериозна тврдина. Потоа следи панорамски разглед на Нови Сад каде што ќе имаме можност да го видеме универзитетскиот град, куќата во која живеел најпознатиот новосадски зет Алберт Ајнштајн со својата сопруга Милева Марич Ајнштајн, фудбалскиот стадион, каде што често се вжештува атмосферата, најпознатиот новосадски пазар „Футај“, модерните булевари и уште многу повеќе. Потоа следи кратка пешачка тура со посета на најубавиот историски дел кој го красат: централниот градски плоштад Слобода со впечатливи градби, најстарата куќа во градот „ Кај белиот Лав“, Владичкиот двор со Соборната Црква, главното градско шеталиште Змеј Јовина и Дунавска улица, зелената оаза на мирот Дунавски парк … Пауза за слободно време. Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални активности. Во 20:00 ч. организирана свечена вечера во ресторан, со богато мени и тамбураши. Ноќевање.

3.Ден 11.03.2023 (Сабота)

Појадок. По појадокот поаѓаме за Палич и Суботица. Посета на напознатата винарија во Србија, винаријата Звонко Богдан проследено со интересна приказна и дегустација на вино. Потоа следи посета на Палич – езерото, раскошните паркови, необични градби од почетокот на XX век , нескојдневниот мир и тишина го прават Палич идеално место за одмор и релаксација. По разгледот на Палич се упатуваме за шармантната Суботица, каде што ќе имаме пешачки разглед на градот проследено со интересна приказна и посета на Корзо – познато шеталиште кое потсеќа на некое минато време, плоштад Слобода, Градската куќа која претсавува симбол на градот, споменикот на царот Јован Ненад, народен театар, градска библиотека, Синагогата која претставува право ремек дело, познатата Сина фонтана – бисер на градот и оаза на свежината и релаксација, палата Рајхл… После разгледот слободно време во центарот на градот за индивидуални активности. Пристигнување во Нови Сад околу 18:00ч. Слободно време. Ноќевање.

4.Ден 12.03.2023 (Недела)

Појадок. По појадокот поаѓањe за Сремски Карловци,  живописното гратче со прекрасно културно наследство. Туристички разглед на градот во кој се наоѓа најстарата гимназија, како и најстарата богословска школа со прв оддел пчеларство во Европа. Посета на позната винарија, каде што ќе имаме дегустација на вино, мед, посета на музејот за пчеларство и винскиот подрум. После кратка пауза патот продолжува за Белград. По пристигнувањето во Белград – главниот град на Србија, сместен на местото каде силниот Дунав ја љуби дивата Сава, на граница помеѓу исток и запад, на местото каде се судирале цивилизациите, рушен до темел десетици пати, денес е центар кој го посетуваат сите љубители на гастрономија, култура и ноќен живот. Посета на величенствената Свети Сава – најголемиот православен храм на Балканот, потоа се упатуваме кон Кнез Михаилова – пешачка зона, трговски центар и улица заштитена со закон како едно од најстарите и највредните знаменитости на Белград, со голем број претставителни згради и урбани куќи изградени кон крајот на 70- тите години на XIX век. Планирано поаѓање за Македонија во 17:00ч. Пристигнување во Прилеп во доцните вечерни часови.

Сместување

Хотел 3* во Нови Сад

Сместување во хотел 3* со вклучен појадок

Цени

Од

09.03.2023

До

12.03.2023

Цена

169 EUR

Промо Цена

139 EUR

Важно

  • За реализација на аранжманот се потребни минимум 45 патници
  • Краен рок за евентуален отказ е 7 дена пред датумот на поаѓање
  • Организаторот на патувањето во задржува правото за измена на поедини содржини од програмата.
  • За факултативните излети се потребни минимум 30 патници
  • Патникот има обврска да го провери пасошот пред патувањето.
  • Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари
  • За сингл соба се доплатуваат 50 евра дополнително од аранжманот поради вториот кревет
  • Деца од 0 – 2,99 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
  • Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот.
  • Резервации за одреден кат или страна не е можна.
  • Селекција на седиште во автобус! Патниците се сместуваат според временската линија на уплати.
  • Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Организирана свечена вечера во ресторан со богато мени и тамбураши

Цена за пакет: 25 евра

Факултативен излет до Палич и Суботица

Цена за пакет: 20 евра

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања

цена од

159

EUR

сега од

129

EUR