Сараево за 11-ти Октомври

цена од

95

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
08.10.2021
11.10.2021
Автобус
Хотел

Нашата нова дестинација „Сараево“ се враќа во мода. YEAP. Имаме ново дружење за 11-ти Октомври, а ги покануваме сите оние кои се со позитивни мисли за уште едно бегство од реалноста. Сите велат дека Сараево е магично во Октомври, а ние веќе го тврдиме тоа.

Покрај Сараево, во нашата програма се вкчучени уште неколку волшебни градови со кои ќе може да се запознаете за време на продолжениот викенд за 11-ти Октомври.

Што е вклучено во цената

Две ноќи во хотел со појадок
Автобуски превоз
Посета на Вишеград
Разглед на Сараево
Посета на Дрвенград

Што не е вклучено во цената

Патничко осигурување
Босански пакет со факултативи (Посета на Тунел Спаса, Бункер Тито, Јабланица и Мостар, Врело Босне)
Туристичка такса 2 евра oд лице (за две ноќевања во хотел) која се плаќа задолжително во автобус
Крстарење по Дрина во Вишеград од 5 евра по лице
Во врска со користењето на факултативите, патниците се должни да се изјаснат дали ќе го користат „Босанскиот пакет“ додека ја вршат уплатата во канцеларија. Ваквата политика се применува се со цел да може да се резервираат потребните влезници.

План и програма

ПРВ ДЕН (ПОАЃАЊЕ): 08.10.2021

Поаѓања се организирани од повеќе градови во Македонија. Поаѓањето од Скопје е околу 20:00ч но патниците за точно време на поаѓње се известуват на еден пред поаѓање. Се патува преку Србија со попатни вечерни паузи.

ВТОР ДЕН: 09.10.2021

Влегувањето во Босна и Херцеговина е во утринските часови. По влегувањето во Босна на околу 20 км пристигнуваме во Вишеград, прекрасен град каде туристите имаат можност да уплатат за крстарење по Дрина и да се запознаат со природните и историски убавини на градот. Групата го посетува симболот на градот а тоа е познатиот мост кој е изграден од Мехмед Паша Соколовиќ,а кој е под заштита на UNESCO и опишан во романот на Иво Андриќ „Мостот на Дрина“.

По посетата на Вишеград, автобусот продолжува со возење до Сараево каде групата се сместува во хотел. Во хотелот, групата има слободно време за кафе и се продолжува на разглед со локален водич. Разгледот трае околу 2 часа и во договоренто време одиме на факултатива поточно го посетуваме Тунел Спаса. Жителите на Сараево за време на војната не можеле да излезат од градот затоа што постоела опасност да бидат застрелани од снајперисти. Сепак тие сакале да најдат начин да стигнат до населбата Бутмир. Еден босански градежен инженер, Неџад Бранковиќ, ги подготвил плановите за тунелот што ќе ги поврзува двете предградија. Во тунелот се влегувало преку една обична куќа во близина на аеродромот, која му припаѓала на Бајро Колар, во Бутмир, а во Добриња влезот бил во една гаража во станбена зграда. Секојдневно меѓу три и четири илјади луѓе и триесет тони разна стока поминувале низ тунелот. Првично, набавките требало да се носат рачно или на грбот на војниците, додека не се поставила железничка пруга со вагони што ги туркале мажите. По посетата се враќаме на Башчаршија каде што групата ќе има слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во хотел. Ноќевање

ТРЕТ ДЕН: 10.10.2021

Третиот ден започнува со појадок во хотелот, кој по појадокот се упатуваме на целодневен излетВо нашата програма за третиот ден се предвидени факултативни излети како:

Првото место за посета е “Бункерот на Тито„ во местото Коњиц. Овој бункер бил една од најстрого чуваните воени тајни воопшто во светот. До распадот на Југославија и по смртта на Тито само се нагаѓаше дека постојат подземни бункери и аеродроми на просторите на поранешната заедничка држава. Потоа, тие беа откриени,  но никој не вложуваше во нив за да ги покаже на пошироката јавност. Во 2003 година почнаа првите поголеми активности за реновирање на подземните ходници и простории во Бункерот на Тито, и по десетина години интензивна работа, сега таму може да се видат сензационалистички откритија. Екскурзијата продолжува кон Јабланица која не пречекува со приказната за „Неретва“. Срушениот мостна Неретва, кое низ годините говори за страдањата на овој народ, е дел од нашата програма. Групата ќе има можност да го посети местото кадешто е снимен познатиот филм „Битка за Неретва“. Денот го завршуваме со посета на преубавиот Мостар. Се посетуват стариот мост каде можете да ги направите најубавите фотографии, улицата Кујунџи на која се наоѓаатт занаетчиските дуќани, Отоманските резиденции од XVI-XIX век итн. По целосно исцрпување на градот, следува слободно време за ручек во прекрасните традиционални кафеани каде што може да се најдат најдобрите босански кебапи.

По исцрпната тура, групата се враќа во Сараево, доколку има интерес може да се организира дружба или ноќно излегување.

Денот завршува со ноќевање во хотелот.

ЧЕТВРТИОТ ДЕН: 11.10.2021

Четвртиот и последниот ден започнува со појадок во хотелот, по што следува одјавување од истиот.

Последниот ден има факултативен излет до „Врело Босне“. Тоа е едно од најпознатите места на природна убавина, сместено во подрачјето на Сараево. Овде групата ќе има околу два часа за кафе, прошетка и да ужива во шумата која ја нуди ова место. По посетата се враќаме во хотел да се земат патниците кои не се на екскурзијата и се упатуваме кон Дрвенград (Србија) едно доста интересно и филмско градче во кое верувајте ќе уживате. Слободно време за ручек и продолжување кон Македонија. Пристигнување во раните утрински часови на 12.10.2021

Сместување

Хотел во Сараево со вклучен појадок

Нашата пракса покажала дека за едно уникатно патување кое може да го дозволи сечиј џеб, доволно е хотелот да биде со 3***, каде ќе ги има основните услови за одмор.

Цени

Од

08.10.2021

До

11.10.2021

Промо цената трае до 25.09.2021

Цена

95 EUR

Важно

  • За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
  • За ова патување потребно е да се приложи сертификат за вакцина или брз антиген тест
  • Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош
  • Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
  • Распоредот на седишта се нумерира според уплатата. Доколку туристите имаат барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за два правци и право на избор на седиште.
  • Во врска со користењето на факултативите, патниците се должни да се изјаснат дали ќе го користат „Босанскиот пакет“ додека ја вршат уплатата во канцеларија. Ваквата политика се применува се со цел да може да се резервираат потребните влезници.
За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Босански пакет

Цена за пакет: 45€

Босанскиот пакет го формиравме се со цел да Ве запознаеме со Босна и Херцеговина во најдобро светло. Пакетот вклучува:

Тунел Спаса

Бункерот на Тито

Јабланица

Мостар

Врело Босне

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања

цена од

159

EUR

сега од

129

EUR