Menu

Венеција и Милано за 8ми Март

цена од

179

EUR

сега од

139

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
06.03.2025
10.03.2025
Автобус
Хотел

Овој 8ми Март, ЕТА ве води во Падова, Милано и Венеција. Ве покануваме да ни се придружите заедно да го прославиме денот на жената на ова патување кое ќе ве нема да ве остави рамнодушни, а ќе ве направи побогати со нови искуства, доживувања и незаборавни авантури.

Што е вклучено во цената

2 ноќевања во хотел со 3* со појадок

Посета на Падова

Автобуски превоз од Скопје

Лиценциран придружник

Што не е вклучено во цената

Патничко осигурување

Задолжителна екскурзија за Венеција – 30е

(Такса за влез во Венеција, локален водич, брод, превоз)

Факултативна екскурзија за Милано – 55е

(автобуски превоз, локален водич)

Туристичка такса (околу 5 евра се плаќа на рецепција во хотелот)

Индивидуални трошоци (влезници за музеите)

План и програма

Прв ден 06.03.2025 (четврток)

Местото на собир на групата на паркингот кај хотел Русија во 16.30 часот. Поаѓање за Италија во 17.00 часот. Патувањето се одвива преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Ноќно возење.

Втор ден 07.03.2025 (петок)

По ноќното возење, пристигнување во Италија во утринските часови. Првиот град кој ќе го посетиме во програмата е неодоливата Падова. Град каде се спојуваат две култури, пресекот помеѓу венецијанската и миланската култура. Град кој ќе сакате повторно да се вратите, а секако ќе имаме околу 3 часа токму во најубавиот централен дел на Падова. Ќе имате прилика да прошетате на плоштадот Pratto della Valle, ќе ја видите саат кулата на Piazza dei Signori, познатата катедрала на Падова, Регионалната палата, ботаничката градина. Бидејќи самиот град е спој на минатото и сегашноста, во непосредна близина на центарот има и шопинг центар кој може да го посетите. Во договореното време, се упатуваме во хотел, кој е лоциран на 15 километри од Падова. Ноќевање.

Трет ден 08.03.2025 (сабота)

По појадокот во хотел групата се упатува на целодневна факултативна екскурзија во Милано… Замокот Sforzesco, Arco de la Pace, паркот Sempione, населбата Brera, познатата опера Scala di Milano, галеријата Vittorio Emanuele II, и се разбира познатата миланска катедрала, Il Duomo di Milano. По разгледот на градот со локалниот водич, слободно време за индивидуална прошетка низ градот на модата, можност да пробате некој од локалните специјалитети, како што се миланското рижото, познатото џелато, панцерота, тестенини или пица во големиот број ресторани сместени во преубавиот центар на градот, и секако да направиме шопинг на Via Torino. Во попладневните часови поаѓање назад кон хотел. Ноќевање.

Четврти ден 09.03.2025 (недела)

По појадок во хотелот, одјавување и поаѓање кон безвременскиот град на вода, Венеција. Започнуваме со разглед со локалните водичи кои ќе ни ги доловат приказните и историјата на градот, Плоштадот Сан Марко, Дуждевата палата, каналот Гранде, мостот Риалто…. Слободно време за индивидуална прошетка. Во договорено време, од Венеција, се упатуваме кон Македонија. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска, Србија со попатни паузи за одмор и обавување царински формалности.

Петти ден 10.03.2025 (понеделник)

Пристигнување во Македонија во попладневните часови (помеѓу 12-15 часот).

Сместување

Хотел 3*

Хотелот се наоѓа во непосредна близина на Падова, околу 15 километри од центарот

Резервирајте online веднаш

КЛИКНЕТЕ НА САКАНИОТ ТЕРМИН ЗА ДА ГИ ВИДИТЕ ЦЕНИТЕ

Цени

Важно

За реализација на овој аранжман се потребни минимум 50 патници.

Задолжителна проверка на пасошот. Треба да има минимум важност 6 месеци

Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.

Резервации за одреден кат или страна не е можна.

Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати.

Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.

Првите 4 седишта во автобусот неможе да се резервираат со доплата, истите се користат од персоналот на патувањето (возачи и водич)

Агенцијата има право да направи промена на програмата според условите во текот на реализацијата. Важат условите за патување на Ескејп Травел и СКТМ

Доплата за еднокреветна соба 40 евра

Доплата за дете до 11.99 години – 129 евра

За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Венеција (задолжителна екскурзија)

Цена за пакет: 30 евра

Венеција, кралицата на Јадранското море, единствениот град на вода. Центар на República de Venecia, низ историјата една од најмоќните републики на брегот на Јадранското море. Градот кој е инспирација на многу уметници, писатели, градот кој ја поттикнува љубовта. Плоштадот Сан Марко, каналите на градот кои можете да ги пловите со Гондола, мостот Риалто со каналот Гранде, мостот на Воздишките, големиот број на плоштади, ресторани кафулиња ќе ве освојат со невната убавина и ќе ве натераат повторно и повторно да се враќате…

Милано (факултативна екскурзија)

Цена за пакет: 55 евра

Милано, главниот град на регионот Ломбардија, градот на модата, финансискиот центар на северниот дел на Италија. Градот во кој се спојуваат минатото и сегашноста, градот кој ги има фасцинирано најголемите уметници низ историјата. Замокот Sforzesco, домот на фамилијата Sforza, едно од најмоќните фамилии низ историјата кои владееле со регионот Ломбардија. Во овој замок, Leonardo da Vinci ги поминал последните години од неговиот живот, каде што остварил неколку преубави уметнички дела, а едно од најпознатите е Последната Вечера. Arco de la Pace, паркот Sempione, населбата Brera, познатата опера Scala di Milano, галеријата Vittorio Emanuele II, и се разбира познатата миланска катедрала, Il Duomo di Milano се уште неколку познати места кои ќе ги посетиме и ќе уживаме во нивната убавина.

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања