Златибор за 8-ми Март

цена од

179

EUR

сега од

153

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
09.03.2023
12.03.2023
Автобус
Хотел

Златибор е дестинација каде можете да се опуштите во буквална смисла на зборот. Овој 8-ми Март по за ,,Денот на жената” Ве носиме во Златибор. Во продолжение програмата..

План и програма

ПРВ ДЕН 09.03.2023 ЧЕТВРТОК

Тргнување на групата во 22:30 од Скопје и 23:00 часот од Куманово кон  Златибор со попатни паузи за царински формалности и одмори.

ВТОР ДЕН 10.03.2023 ПЕТОК

Пристигнување во Златибор во утринските часови и организирана посета на каубојскиот град Ел Пасо. Овде ќе се вратите во времето на Дивиот Запад … Ел Пасо претставува реплика на типичен град на Дивиот Запад. Името го добива по истоимениот град во САД и реката која што тече низ самиот град и го дели на два дела односно од едната страна ќе се запознаете со каубојската и индијанската култура, додека од другата страна со српската култура од далечната 1865 год. Следува прошетка низ индијанското село, посета на каубојски Салун и прошетка до црквата која се наоѓа на српската страна на местото.  Во пладневните часови сместување во Хотел Мона 4* ( https://www.monazlatibor.com/ ), кој се наоѓа на одлична локација во центарот на Златибор. Слободно време за уживање во Спа Центарот на хотелот, базените, како и за индивидуални активности на Златибор.  Можност за заедничка факултативна вечера на групата, зависно од барањата на патниците. Ноќевање.

ТРЕТИ ДЕН 11.03.2023 САБОТА

Појадок. Факултативно заминување на групата кон Дрвенград, дело на Емир Костурица кој го направил овој “град” за потребите на својот филм “Животот е чудо”. Овде може да ги пробате познатите слатки и природните сокови кои носат име на познати светски личности како што се Новак Ѓоковиќ, Диего Марадона, Џони Деп итн. Потоа посета на изворот “Бела Водa” и познатата железница “Шарганска Осмица”. Во попладневните часови враќање во Златибор и слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

ЧЕТВРТИ ДЕН 12.03.2023 НЕДЕЛА

Појадок. Одјавување од хотелот, слободно време за кратка прошетка, кафе пауза, купување сувенири и шопинг на Златибор. Заминување кон Македонија со попатна посета на Врњачка Бања. Прошетка по познатата Променада со можност за индивидуален ручек и посета на  многуте продавници во местото. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.

Сместување

Моna Zlatibor

Инфо за сместување погледнете на линкот
https://www.monazlatibor.com/

Цени

Што е вклучено во цената

  • Автобуски превоз
  • Две ноќевања со појадок во Хотел Мона 4* ( https://www.monazlatibor.com/ )
  • Бесплатно користење на велнес центар ‘Инспириум’ во хотелот ( затворен базен, 2 топли хидромасажни базени, теретана итн… )
  • Посета на Ел Пасо
  • Посета на Врњачка Бања
  • Организација и реализација на патувањето со лиценциран придружник на патувањето
  • Oрганизиран превоз од Кавадарци, Неготино и Велес

Што не е вклучено во цената

  • Посета на Дрвенград, Бела Вода и Шарганска осмица со вклучена влезница и локален водич – 20 евра по лице
  • Задолжително патничко-здравствено осигурување (информации во агенција)
  • Туристичка такса и хотелско осигурување 179 денари по лице за 2 ноќи (се плаќа во агенција)
  • Можност за заедничка факултативна вечера
  • За користење на сауна свет во хотелот доплата 4 евра по лице на лице место

Важно

  • Деца до 7 години бесплатно (доколку делат кревет со родител или на помошно креветче). Плаќаат само превоз доколку користат – 3.490 ден.
  • Доплата за деца од 7-12 години – 6.590 ден. за пакет аранжман со организиран превоз (со сопствено седиште во автобус). За аранжман со сопствен превоз деца од 7-12 години – 2.890 ден.
  • Доплата за 3-то возрасно лице – 8.790 ден. за пакет аранжман со организиран превоз. За аранжман со сопствен превоз доплата за 3-то возрасно лице – 5.390 ден.
  • За еднокреветна соба се одбива 15% од редовна цена на аранжманот
  • Цена за аранжман со сопствен превоз по лице – 6.790 ден.
  • За реализација на ова патување потребни се минимум 35 патници
За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања

цена од

209

EUR

сега од

179

EUR