zako.mk © 2024
Барселона главен и најнаселен град во Автономната заедница Каталонија и втор по големина град во Шпанија со население од 1.615 908 жители во 2008 година. Барселона е единаесетта по ред најнаселена општина во Европската Унија и шеста најгусто населена урбана област во Европската Унија по Париз, Лондон, Областа Рур, Мадрид и Милано со население од 4.185 000.4. 9 милиони жители живеат во метрополитскиот дел на Барселона. Ареа Метрополитана Барселона (АМБ) е составена од соседни градови и општини со население од 3.186 461 на простор од 636 км2 (со густина на населеност 5010 жители на км2).
Таа се наоѓа на средоземниот брег во устието на реките Џубрегат и Базос, а на запад се граничи со гребенот Сера де Колсерола ( 512 м/ 1680 стапки).
Барселона е признаена за глобален град поради нејзината голема улога во финансиите, трговијата, медиумите, забавата, уметностите и меѓународната трговија.Барселона е главен економски центар со едно од најзначајните средоземни пристаништа, додека пак Меѓународниот Аеродром Барселона е втор по големина после Аеродромот Барахас во Мадрид. Основан како римски град, Барселона станала главен град на грофовите од Барселона. По спојувањето со Кралството Арагон, таа станала еден од најзначајните градови во него. И покрај тоа што честопати била освојувана во историјата, денес Барселона е значаен културен центар и главно туристичко одредиште со богато културно наследство. Особено добро познати се архитектонските дела на Антони Гауди и Луис Доменак Монтанер чии дела денес се под заштита на УНЕСКО. Од неодамна градот стана познат по Летните олимписки игри од 1992 година. Седиштето на Сојузот на средоземните краушта е сместено во Барселона.
Како главен град на Каталонија, во Барселона се наоѓа седиштето на Каталонската влада, позната како Генералитат де Каталунја. Доста важни институции се и извршната власт, парламентот и Врховниот Суд на Каталонија. Градот е исто така домаќин на „Барселонес комарса“.
• Авионски превоз до Барселона ( со рачен багаж 8 кг -40 x 55 x 23 + 4 kg)
• Организиран трансфер аеродром- хотел- аеродром
• 3 ноќевања со појадок во хотел MOXY Barcelona 4* во Барселона
( сместување во двокреветни соби)
• Организиран разглед на Барселона
• Организација и придружник за цело време на патувањето
Туристичка такса ( 1200 ден. се плаќа во агенција)
• Чекиран багаж
• Патничко осигурување
• Карти за метро, ненаведени влезници ( парк Гуел, шпанско село…)
• Факултативни излети
– Фламенко шоу…..55 евра ( пријава во агенција)
– Фигерас…………….90 евра вклучува : трансфер, влезница за музеј ( пријава во агенција)
Состанок на групата на аеродром во 14.00 часот. Полетување за Франкфурт во 16.10. Пристигнување во Франкфурт. Лет за Барселона 21.00. Пристигнување 23.05 часот. Организиран трансфер до хотел. Сместување. Ноќевање.
Појадок. Заминување на разглед на градот.Предлагаме посета на Парк Гуел ( метро, бус) ремек делото на шпанскиот архитект Антонио Гауди кое е под заштита на УНЕСКО, потоа живописната улица Рамбла, споменикот на Колумбо, пристаништето со аквариумот и деловниот трговски центар, брдото Мон Жуик со атрактивната жичница и преубавиот панорамски поглед на Барселона, плоштадот Каталонија ( соединување на новиот и стариот дел на градот) булевар Дијагонал, плоштадот Шпанија, Олимпискиот стадион, магичните разиграни фонтани, конгресен центар, Саграде фамилија. Пауза ( слободно време за ручек). Можност за посета на Шпанско село .Враќање во хотел. Ноќевање.
Појадок. Предлагаме факултативна посета до Фигерас со организиран трансфер, посета на палатата и музејот на Салвадор Дали ( оргиналните уметнички дела на Дали) , посета на неговата палата…можност за прошетка по живописните улички, време за ручек. Во попладневните часови враќање во Барселона со попатно застанување во Герона, прошетка низ градот. Пристигнување во хотел во Барселона. Во вечерните часови посета на кабаре – Фламенко шоу со музички танци ,шпански уметници, кабаре и дегустација на прочуеното шпанско вино – сангрија. Ноќевање.
Појадок. Слободно време за прошетка. Во 11.30 часот организиран трансфер до аеродром.
Во 14.55 лет за Цирих. 17.50 полетување за Скопје. Пристигнување во Скопје 19.55
За реализација, потребен минимум 18 патници. Важат општите услови на патување од ЕСКЕЈП ТРАВЕЛ
Агенцијата го задржува правото на измена на редоследот на програмата ( во зависност од расположивост на времето)
* За резервации потребен е аванс од минимум 40% од вкупнот износ на аранжманот.
*Целосна уплата, најдоцна дваесет (15) дена пред започнување на аранжманот.
*Минимален број за реализација на факултативите по дадените цени во програмата е 18 патници, во спротивно цената може да биде соодветно корегирана.
* пријавување на факултативи во агенција, поради бројот на патници
* Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се да ги приложат во агенцијата за проверка, патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот.
-Организаторот го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето
Сте слушнале за ЕТА CASHBACK картичката?
Со секоја ваша уплата на аранжман, добивате CASHBACK поени изразени во денари. Патникот добива повраток на средства од 400 до 4.100 денари CASHBACK во зависност од уплатата.
пријава во агенција
Трансфер и влезница за музеј -пријава во агенција
За реализација, потребен минимум 18 патници. Важат општите услови на патување и ЕСКЕЈП ТРАВЕЛ
Агенцијата го задржува правото на измена на редоследот на програмата ( во зависност од расположивост на времето)
* За резервации потребен е аванс од минимум 40% од вкупнот износ на аранжманот.
*Целосна уплата, најдоцна дваесет (15) дена пред започнување на аранжманот.
*Минимален број за реализација на факултативите по дадените цени во програмата е 18 патници, во спротивно цената може да биде соодветно корегирана.
* пријавување на факултативи во агенција, поради бројот на патници
* Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се да ги приложат во агенцијата за проверка, патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот.
zako.mk © 2024