Menu

ANADOLU HOTEL BODRUM

Авион

ОД 1274 EUR

Локација: Хотелот се наоѓа во Гумбет, на околу 3 км од центарот на Бодрум и на околу 38 км од аеродромот. Локацијата на хотелот е одлична бидејќи е на само 500 метри од центарот на Гумбет и на непосредна близина на улицата со дискотеки и барови.
Сместување: Хотелот се простира на површина од 8000м2 и има вкупно 155 соби распоредени во две двокатни згради сместени во прекрасен цветен амбиент. Стандардните соби се со површина до 20м2, можат да се приспособат за две или три лица и во зависност од тоа имаат или брачен кревет (или два единечни кревети) или брачен кревет и дополнителен кревет за трето лице. Сите соби имаат фен, сплит клима, ТВ, телефон, мини бар (само вода при пристигнување), подни плочки и бања со туш.
Содржини: На гостите им се на располагање два базени, главниот ресторан, à la carte ресторанот, барот покрај базенот и снек барот. За деца има детски базен, базен со лизгалки, мини клуб и игралиште.
Плажа: Хотелот располага со сопствена песочна плажа со камчиња која е оддалечена 50м од хотелот. Користењето на чадори за сонце, душеци и лежалки е бесплатно.
Услуга: All Inclusive – самопослужување – избор од неколку јадења во главниот ресторан (појадок, ручек, вечера) и ужина во Снек барот. Концептот ги опфаќа сите домашни алкохолни и безалкохолни пијалоци во периодот од 10:00 до 23:00 часот.
Услуги со доплата: à la carte ресторан (со задолжителна претходна резервација), премиум и увезени флаширани пијалоци, цедени сокови и повеќе надвор од концептот.
Спорт и забава: Отворен базен за возрасни, детски базен, базен со лизгалки. Други активности вклучуваат утринска гимнастика, одбојка на плажа, игри на базен, пинг-понг, фитнес центар, билијард, како и друга дневна забавна и вечерна програма. Wi-Fi е бесплатен на сите јавни површини на хотелот.

Галерија

Слични патувања