Menu

Karmir Resort & Spa

Ultra All Inclusive

ОД 880 EUR

Положба
Хотелот се наоѓа во областа Гојнук на 40км од аеродромот во Анталија, 8км од Кемер.

Сместување
Вкупно 326 соби.
Стандардни соби (23м², спална соба со француски кревет или 2 единечни кревети + софа, спална, макс.2+1лице),
Фамилијарни соби (34м², две спални соби одвоени со врата, купатило, макс.4 лица),
Џуниор апартман (40м², една спална со места за седење, купатило, голем балкон, макс.2+1дете),
Кралски апартман (51м², една поголема соба со место за седење, макс.2лица)
Кармир апартмани (63м², голем соба со простор за седење, купатило, макс.2 лица)
Сите соби се со приватно купатило со туш и фен, клима уред кој работи согласно временските услови, ламинатен под, телефон, мини бар (се дополнува вода при пристигнување), сеф, сателитска телевизија со музички канали, балкон.

Услуга
Ултра сѐ вклучено – 24 часа услуга за храна и пијалоци – шведска маса за појадок, доцен појадок, вечера, попладневна ужина, чај, кафе, вечера, доцна ужина навечер, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, свежо цеден сок од портокал само за појадок, бар на плажа од 10.00 – 18.00 часот. Не е вклучено: премиум увозни пијалоци, увозни пијалоци кои не се на менито, специјални вина, флаширани вина, свежо цедени сокови, À la Carte ресторани со претходна резервација и доплата, услуга во соба.

Содржини
Главен ресторан на база шведска маса, À la Carte ресторани – Amethyst –италијанска кујна, Rubi – турска кујна, лоби бар, бар покрај базен и на плажа, турско кафе и диско бар. Доктор, чување деца, перење, изнајмување кола, фризер, шопинг центар, телефон, факс, интернет и компјутерски игри се со доплата. WI-FI е бесплатно во лоби.

Плажа
Хотелска приватна плажа, 100м од хотелот (помеѓу има пат) со ситни камчиња и песок. Лежалки, чадори и пешкири се бесплатни. Павилјоните се со доплата.

Спорт и забава
Отворени и затворени базени, базен за деца (отворен), лизгалки на вода, фитнес центар, турска бања, сауна, тениски терен, пинг понг се бесплатни. Осветлување за тениски терени, масажа, билијард, играчница, спортови на вода се со доплата. Програми за забава, натпреварувања во текот на денот и вечерта, мини клуб за деца од 4-12 години.

Локација

Видео