Парга, Грција

Парга е мал град кој се наоѓа во областа Епир, на околу 60 км  јужно од градот Јанина, на западниот брег на Грција. Град чиј корени се протегаат до античкиот период, бил и под силно влијание на западната цивилизација и култура. Парга е популарна туристичка дестинација и е позната по својата прекрасна природа, прекрасните плажи и секако – богатата грчка историја.

Низ историјата градот бил под многу влијанија почнувајки од византиската армија преку Венецијанците до Отоманската империја. Овде ќе најдете траги од грчката античка култура, но и теории за словенското потекло на името на градот. За турбулентното минато на градот сведочи и замокот од 11 век кој го надгледувал и го чувал градот од ридот. При качувањето по скаличките за посета на стариот замок можете да здогледате голем број на стари згради, продавници и антикварници а воедно и да уживате во староградската  атмосфера која ја нуди овој дел од градот. Замокот е популарен меѓу планинарите кои сакаат да го доживеат прекрасниот поглед од ридот. Понекогаш тука се одржуваат театарски претстави и ликовни изложби.


Покрај тиркизното кристално море, има  долги, песочни, заоблени плажи и зелена околина, водени фронтови со разнобојни куќи и згради и шеталишта опкружени со карпи и зеленило.  Без оглед колку посетители доаѓаат, овој мал град успева да го обезбеди своето место под сонцето за секого.

Летната сезона е прилично жива, но тоа не значи дека нема тивки места. Ќе имате можност да ги видите доколку излезете малку надвор од градот, таму веќе ќе најдете повеќе скриени места, повеќе скриени плажи и заливи само за себе и недопрена природа. Недалеку од Парга е прекрасниот извор на реката Акерон па наша препорака е да најдете време и да го посетите овој извор и доколку сте во можност да се искапите во него.


Парга е комплетно летувалиште и во неа секој може да најде нешто за себе: градското пристаниште, шеталиштето покрај морето, двете градски плажи, големата плажа Валтос во непосредна близина на градот, многубројните скриени плажи распрскани на малите  островчиња во заливот, старата градска тврдина од XIV век, многубројните излети.

Доколку сакате да истражувате и да посетите што е можно повеќе локалитети, места и да искусите повеќе од културата и убавината на ова место ве советуваме да одете на некои од овие места: островите Paxos & Anti-Paxos, местото Zagoria кој е домакин на 46 грчки села или да одите на крстарење по Јонските острови.

Островот Паксос е остров кој се протега на површина од 8км2 овде живеат околу 2000 жители. Во грчката митологија се вели дека Посејдон го создал островот удирајќи го Крф со својот тројка, така што тој и неговата сопруга Амфитрит можеле да имаат мир и тишина. Главниот град на островот Паксос е Гајос. Островот е како еден мал рај, каде што водата е кристално чиста, нема многу гужва и врева и во вистинска смисла е одмор за душа, тело и очи.
Островот Антипаксос е мал остров со површина од околу 5км2 Антипаксос  на кој живеат околу 150 жители се наоѓа во Јонското Море, на само 3 километри од островот Паксос. Познат е по егзотичните плажи, морски пештери…Штом ќе стигнете на островот, ќе ве дочека пејзаж кој повеќе ќе ве потсетува на Бразил отколку на Грција.
Овие два острови можете да ги посетите заедно со нас доколку ни се приклучите на факултативниот разглед кој се организира од остров Крф.

Најнови патувања