Атина градот на Боговите

Овој стар град изобилува со културни знаменитости кои вреди да се видат барем еднаш во животот.
Атина е еден од најстарите градови на светот, а историјата на овој град започува уште 3000 години п.н.е. Наречена е уште колевка на цивилизацијата затоа што кај неа за прв пат се појавува демократијата, западната филозофија и литература, како и Олимписките игри и математичките теории.

Старите Грци верувале дека со светот владеат богови кои живеат на планината Олимп. Верувале дека божицата Атина и богот Посејдон се препирале за тоа кој ќе владее со градот. За таа цел на жителите на градот Посејдон им ја подарил водата, а Атина маслиновото дрво.

Олимписките игри започнале токму на тлото на овој прекрасен град. Победниците се натпреварувале голи и на крајот добивале маслиново гранче.

Дури и првите театри доаѓаат од тука. Во чест на богот Дионис подготвувале трагедии во кои без оглед на полот на ликот, мажите биле тие кои глумеле.

Акропола е поим кој е кованица од два одвоени старогрчки збора `acro` што буквално означува високо и `polis` што значи град. Акрополите биле градени како храмови на нивните богови, а акрополата во Атина е посветена токму на оваа божица од која подоцна и самиот град го добил името.

Покрај богатата историја Атина располага и со кристално сините води на Средоземното Море и долгите плажи сместе.

Доколку сеуште го немате посетено овој магичен град пропратен со многу историски настани и долга историја , погледнете ја нашата понуда тука .

Избори:
Crnobelo
Wikipedia
Pinterest

Најнови патувања

цена од

159

EUR

сега од

129

EUR