Вкусете ја италијанската кујна

Традиционалната кујна на оваа посебна земја е толку разновидна и неверојатна што е невозможно да издвоите само неколку оброци кои ќе го понесат епитетот највкусни.

Секој регион има свои традиционални јадења кои се служат низ рестораните и се прават по рецепти кои датираат години и години наназад. Ако на сето тоа додадеме дека највкусната моцарела, пршута и пармезан се токму дел од овие јадења тогаш нема да нè изненади фактот што италијанската кујна е прогласена за една од најубавите кујни во светот.

Focaccia

Италија е земја на високата мода, убавите жени, но и специјалитетите од тесто. Фокача е еден од тие специјалитети, од оние типично италијански јадења создадени за утринско уживање со семејството.

Panini

„Panini“ се всушност потпечени сендвичи направени од бел леб полнети со шунка, моцарела, домати и песто кои благодарение на својот незаменлив вкус се познати насекаде низ светот.

Пилешка Parmigiana

Едно од најпознатите јадења во Кампанија и Сицилија, кое низ годините стекнало популарност насекаде низ светот. Тенко пилешко филе, потпечено во сос од домати и пармезан – зарем не е тоа совршен партнер за омилените шпагети?

Risotto

Покрај шпагетите, италијанското рижото е едно од најпознатите италијански јадења низ светот. Имајќи го предвид фактот дека оризот е главната состојка, оброкот ви дозволува да си играте со вкусовите, да додадете состојки по ваша желба и вкус без страв дека ќе погрешите.

Lasagna

Ова традиционално јадење се прави од слоеви тесто и фил, прекриени со сос (најчесто бешамел). Филот може да биде различен динстано или мелено месо, домати, спанаќ, други зеленчуци и секако пармезан.

Tortellini

Овие италијански тестенини во форма на прстен се направени од неферментирано тесто и полнење од месо, сирење или зеленчук. Нивното потекло се поврзува со северот на Италија односно регионот Емилија Ромања.

Minestrone

Поимот „minestrone“ всушност значи супа од многу состојки. Традиционално се подготвува во текот на летните месеци со сезонски свеж зеленчук, паста или ориз. Може да се служи и како ладно, но и како топло предјадење.

Frittata

Ова јадење претставува традиционален италијански омлет со зеленчук и сирење (рикота или пармезан). Обично фритатата прво се готви на оган а потоа се префрла во рерна. Уште еден пример за лесен и одличен појадок.

Доколку сеуште ја немате посетено Италија,земјата на модата и највкусните специјалитети , не чекајте повеќе кликнете тука и погледнете ја нашата целосна програма.

Извори:

Црнобело

wikipedia

Pinterest

Најнови патувања

цена од

159

EUR

сега од

129

EUR