Дали знаете дека во Венеција постои училиште за управување со гондола?

Овој италијански град уште познат како кралицата на Јадранот е вистинско уживање за туристите, а најголема атракција веќе години наназад е возењето со гондола.
Во Венеција има 177 канали по кои пловат околу 400 гондоли, како и 417 мостови, а дел од нив се во приватна сопственост.
Гондолите се изработени од осум различни видови дрво и 280 дрвени даски.

Да постојат и специјални училишта за гондолиерите
Гондолиерите одат во специјално училиште за да добијат лиценца, има строги правила колку смеат да им бидат широки ригите на маиците, а платата им е околу 12.500 евра месечно .

Мало предупредување од нас сепак, цените може пријатно да ве изненадат. За возење од 30 минути треба да платите 80 евра(најмногу 5лица) а по 19 часот оваа цена се качува и до 100 евра.

Сигурно се прашувате зошто возењето со гондола е толку скапо

Во Венеција се оди на училиште од 6 години, а од 14 до 19 се одбира конкретна насока на образование, па многу млади момчиња се насочуваат кон учење како да возат гондола и да се снаоѓаат во водениот транспорт.


Престиж е да се образуваш во вакво училиште и воопшто не е евтино – годишно чини 4.000 евра. Покрај вообичаените лекции, потребен е и физички тренинг и практика во каналите.Претежно за ова професија се одлучуваат момчињата но постојат и годлолиери од женската популација кој работат како гондолиери.

*Најпознатат жена гондолиер е Германката Александра Каи, која долго време работела без лиценца, па преку судот успеала да дојде до право за да работи.
*КОДЕКС НА ОБЛЕКУВАЊЕ
Гондолиерите исто такаа имаат посебен кодекс и стил кој мора да го испочитуваат. Униформата е строго регулирана, па ригите може да бидат само црни или црвени со ширина од 2,5 сантиметри.Чевлите до неодамна требаше да бидат црни, но сега може да носат и друга боја. Носењето на шапка е личен избор на гондолиерот.Во зима дозволено им е да носат црни јакни и шалови на риги.



Колку заработуваат гондoлиерите ?

Гондолиерите заработуваат повеќе од другите жители на градот и во просек си обезбедуваат примања од 12.500 евра месечно. За споредба такси возач на вода заработува 3.500 евра, водоводџија 1.500 евра, полицаец 2.500 евра, сопственик на кафуле 4.000 евра.

Доколку сакате да патувате со нас во еден клик отворете ја целата понуда

Извори:
Crnobelo
Wikipedia

Најнови патувања

цена од

159

EUR

сега од

129

EUR