Живееме за прошетка низ Капали Чаршија

Ние сме тим кој го живее сонот за чај во Капали Чаршија и прошетка низ нејзините улички по кои ќе запознаете многу локални продавачи и занаетчии чии приказни се испреплетуваат со историјата на градот.

Оние кои патувале со нас, нè познаваат. Знаат дека ние сме луѓе кои туризмот го промовираат на квалитетен начин.

Сакаме да создаваме приказни во кои ќе бидат нашите патници, а една од тие приказни се испишуваат и во фамозната „Капали Чаршија“.

Нема кој не слушнал за неа. Најголемата чаршија во светот и една од најстарите затворени чаршии.

Сместена е во стариот град на Истанбул, на околу десеттина минути пешачење од нашите хотели.

За оние коишто се уште ја немаат посетено чаршијата, треба да знаат дека во неа има над 4.000 дуќани, а вкупниот број на вработените во чаршијата е околу 25.000 лица.

Се вели дека преку половина милион луѓе поминуваат во најпрометниот период од денот низ неа, а годишно бројката изнесува над 91+ милиони туристи од целиот свет.

Во неа има 66 улички на 30.700 квадратни метри и повеќе од 4.000 продавници.

Чаршијата е град во град. До неодамна во неа имаше 5 џамии и едно училиште.

Дали можеби ова е доволна причина која ќе ве поттикне да отпатувате со нас во Истанбул?
Фото кавер: @dr.iyasar

Најнови патувања

цена од

159

EUR

сега од

129

EUR