Истанбул

Во Истанбул живеат дури 15 милиони и 670.724 луѓе, а гледано според овие бројки дури 18,4 проценти од населението на Турција, кое моментално изнесува 82 милиони, живее во најголемата метропола во земјата.

Интересно е тоа што во последните пет години населението во Истанбул се зголемило за околу еден милион луѓе.

Истанбул  е велеград, како и голем финансиски и културен центар во Турција и светот. Градот се наоѓа во истоимената покраина и е распослан по должина на Босфорот, на границата помеѓу заливот Златен Роги Мраморно Море, во северозападниот дел на земјата. Истанбул е единствената метропола во светот која се наоѓа на два континента: европски (Тракија) и азиски односно Анадолија.

Во својата долга историја, овој град служел како главен град на Римска Империја. Во 2010 година Истанбул беше избран за Европска престолнина на културата. Историските области на Истанбул се вклучени во Списокот на светско културно и природно наследство на УНЕСКО во 1985 година.

Урбаниот пејзаж на Истанбул е обликуван од големиот број на религиозни заедници. Исламот е најголема религија во градот. Освен исламската зедница, во градот опстојуваат и Православните христијани, Ерменските христијани, мал број на Евреи и Католици. Според пописот од 2000 година, во градот има 2691 активни џамии, 123 активни цркви и 26 активни синагоги, како и 109 муслимански гробишта и 57 немуслимански.

Доколку сеуште ја немате посетено најаголемата метропола во Европа, погледнете ја нашата понуда со еден клик .


Извори

Pinterest

Magazin.mk

Најнови патувања

цена од

159

EUR

сега од

129

EUR