Не пропуштајте да ги пробате најпознатите турски специјалитети со нас

Турската кујна има долга историја и во голема мера претставува наследство од отоманската кујна, којашто може да биде опишана како соединување и прочистување на централно-азиските, блискоисточните, средоземните и балканските кујни. Турската кујна имала влијание на овие кујни, но и на другите соседни, вклучувајќи ги и оние од западна Европа. Турците негувале различни и создале специјалтети, кои денес се познати во различни делови од светот.

Кулинарски обичаи

Појадок

Вообичаени намирници, кои ги содржи турскиот појадок се сирење, путер, маслинки, јајца, зеленчук (обично домати, краставици и пиперки), како и овошје, џем и мед.Суџук (зачинет турски колбас), пастрмабурексимитпогача па дури и супи можат да бидат како појадок во Турција. Заеднички турски специјалитет за појадок е наречен менемен, којшто е подготвен од пржени домати, пиперки, маслиново масло и јајца. Речиси секогаш црниот чај е секогаш сервиран на појадокот. Кафето толку има влијание врз турската култура што турскиот збор за појадок „Кахвалти“ кој буквално значи “пред кафе”

Менемен (Menemen)

Ова е всушност нашата „летна манџа“, поточно пиперки и домати испржени со јајца. Турците го јадат за појадок и го служат со топол леб и магдонос на кој не може да му одолеете. Ние би додале и парче сирење и појадокот е спремен.

Манти (Mantı)

Манти се тестенини кои на прв поглед личат на италијанските равиоли, но ова турско јадење е сосема уникатно и по текстура и по вкус. Најчесто се полни со телешко или јагнешко мевце, а можат да бидат пржени или варени. Се служат со јогурт или путер и зачини. 

Јагнешка тава (Kuzu Tandır)

Месото за ова превкусно јадење се печe бавно и долго, а потоа се служи на парчиња со ориз или компири.

Десерт од кајсии (Kayısı Tatlısı)

Кајсиите наполнети со крем и ореви ќе бидат највкусните слатки залчиња кои ќе ги пробате во Турција.

Ќофте од леќа (Mercimek Köftesi)

Направени од леќа, булгур и сецкан зеленчук, овие ќофтиња се меѓу најпопуларните турски мезиња.

Доколку сеуште ја немате пробано труската кујна не чекајте , посетете ја заедно со нас.
Целата понуда за Истанбул може да ја најдете овде

Извори:
Wikipedia
Pinterest
travelinfo


Најнови патувања

цена од

159

EUR

сега од

129

EUR