Сараево пред 37 години, прочитајте што се случило на денешен ден

На денешен ден пред 37 години од 8 до 19 февруари 1984 година се одржале во Сараево СФР, Југославија зимските олимписки игри. Ова биле првите и досега единствени Зимски олимписки игри, кои се одржале во држава со социјалистичко уредување. Организацијата на игрите чинела 142,6 милиони долари, а половина од приходите на игрите биле остварени со продажбата на правата за телевизиско емитување на настанот.


Што се однесува до влезниците биле продадени вкупно 250.000 влезници, од кои 200.000 биле продадени во странство. Настанот преку телевизиски пренос го следеле околу 2 милијарди луѓе. Исто така учествувале 1272 спортисти од 49 земји, а од игрите известувале околу 4500 новинари. Во скијачко тркање била воведена трката на 20 km во женска конкуренција, а прва победничка била Марија Лиза Хамалиен од Финска. која освоила златни медали и во останатите две пократки трки (трките на 5 и 10 km).
Алпскиот скијач Јуре Франко го освоил првиот медал за СФР Југославија на Зимските олимписки игри, завршувајќи втор во велеслалом.
Гаетан Буше од Канада и Карин Енке од Источна Германија освоиле по два златни медали во брзо лизгање. Женскиот тим на Источна Германија освоил 9 од можни 12 медали во овој спорт.
На предната страна од медалите, кои биле доделени на игрите имало снегулка, над која се наоѓале Олимписките кругови. Работ од медалот бил испишан со зборовите XIV Zimske Olimpijske Igre – Sarajevo 1984. На задната страна имало глава на атлетичар, круниснаа со ловров венец

Јуре Франко
Meдалите на Олимписките игри во Сараево

На игрите биле доделени медали во 49 дисциплини во 6 спортови. По подолго време имало и демонстративен спорт, а тоа било скијање за лица со посебни потреби. Рекордни 49 земји-членки на МОК испратиле спортисти на игрите во Сараево. Првото учество на Зимските олимписки игри го забележале Египет, Монако, Порторико, Сенегал и Американските девствени острови.


По игрите, градот доживеал голема преродба. Луксузните хотели, кои биле изградени во пресрет на игрите продолжиле да работат, како и сите други објекти, а со тоа биле отворени 9500 нови работни места. Била организирана и изложба, на која биле изложени фотографии од градот за време на одржувањето на игрите и која била прикажана во 1640 градови во светот.

ЦЕРЕМОНИЈА НА ОТВАРАЊЕ ВИДИ ТУКА

Најнови патувања

цена од

159

EUR

сега од

129

EUR