10 најубави градови во светот

Лондон, Англија
Во однос на бројот на посетители, Лондон ги става во сенка сите други градови. Секоја година во градот доаѓаат над 17 милиони туристи. Гледајќи го Биг Бен и познатата лондонска кула некаде по зајдисонцето ќе се почувствувате како да сте дел од некаква бајковита приказна. Лондон е град кој има многубројни убаво уредени паркови и музеи па е невозможно да видите сè само со една посета.


Санкт Петербург, Русија
Градот Санкт Петербург е основан од царот Петар Велики во 18. век, тој низ неговата историја своето име го сменил 3 пати. Неговата убавина лежи во многуте дискретни острови, прекрасната авенија „Невски“, царските кули на Ермитаж – музеј кој содржи толку многу уметнички дела. Додека шетате по градот Вие ќе уживате во културата, архитектурата и неверојатните локации!


Фиренца, Италија
Секое место во Италија си има посебен шарм, но сепак Фиренца го има пламенот на чиста италијанска убавина. Освен Фирентинската катедрала, која што е заштитен знак на градот и мора да ја посетите, она што треба да се посети доколку сте љубители на уметноста се галериите и музеите со дела на светски познати автори. Исто така треба да прошетате по мостот Понте Векио. Шетањето низ градот е како шетање низ најголемата галерија во светот.


Бриж, Белгија
Туристите Бриж го нарекуваат скапоцен камен од средниот век. Улици со калдрма, тесно споени куќи од цигли, цркви во готски стил, мрежата од бројни канали кои змиулесто се извиткуваат низ градот и главниот плоштад во барок стил го прават градот популарен кај туристите.


Сиднеј , Австралија
Природата го разгалила вториот по големина град во Австралија со фантастичната местоположба на широкото природно пристаниште и километри долгите бели песочни плажи полни со убави луѓе, директно пред куќните врати. Кон тоа се надоврзува град кој е полн со енергија и позитивност, впечатливата архитектура која е препознатлив знак на Сиднеј. Кога ќе се заситите од градот, секогаш можете да уживате во неверојатниот див свет на Австралија.


Париз, Франција
Не треба да ве чуди што Париз е еден од најубавите градови во светот. Париз е познат како градот на љубовта, културата, музеите и францускиот стил на живот кој навистина има посебна убавина и шарм. Лувр, Центарот Помпиду, Ајфеловата кула, Елисејските полиња, црквата Нотр – Дам, дворецот Версај – се само дел од знаменитостите во Париз кој може да ги посетите, а градот има знаменитости до бескрај. Низ целиот град ќе најдете бројни романтични ресторани, многу калдрми, продавници со секакви интересни работи.… Едноставно, овој град нуди премногу.


Виена, Австрија
Виена која е позната и како „градот на музиката“ со својата богата култура, многубројни историски знаменитости претставува исклучително наследство на познати музичари, уметници, поети и архитекти. Главниот град на Австрија е полн со блескави палати, барокни замоци,збирка од музеи и споменици што треба да се истражуваат. Црквата Свети Стефан, Хофбург, Виенскиот парк, историските познати кафулиња, сето тоа го создава шармот на австрискиот главен град кој ви нуди голем избор на туристички атракции.


Прага, Чешка
Прага е исто така еден од најубавите градови во Европа. Во Прага живеел Кафка, а Моцарт со големо задоволство редовно го посетувал градот. Прашкиот замок кој е стар над илјада години и е една од најголемите тврдини во светот. Во подножјето на оваа знаменитост, се наоѓа сплет од сокаци во стариот центар на градот, во кои посетителите можат да зануркаат во атмосфера на средновековниот свет. Ако сте првпат во Прага, не смеете да ги пропуштите Стариот градски плоштад, Карловиот мост и Астрономскиот часовник.


Будимпешта, Унгарија
Будимпешта или познато како „Кралицата на Дунав“ е совршена за романтично бегство. Будимпешта нема да ве разочара, град со широки булевари и тесни улички, што е потсетник дека некогаш бил дел од Австроунгарското царство. Речиси сите најважни знаменитости се наредени на брегот на реката Дунав: познатиот универзитет, кралскиот дворец или зградата на парламентот. Рибарските кули се одлично место од каде што можете да го гледате зајдисонцето над градот. Потоа, можете да се упатите кон Onyx, првиот ресторан во Будимпешта со две Мишелин ѕвезди, каде што ќе можете да пробате прекрасни јадења.


Валета, Малта
Валета е главен град на Малта кои во текот на годините има доживеано многу промени. Барокните знаменитости, музеи и тиркизното море се само дел од она што го прави градот примамлив за туристите. Кога сте веќе во Валета не смеете да пропуштите да го видите и обновениот отворен театар. Вие ќе уживате во тврдините, калдрмите, но и прекрасните песочни плажи. Гостите можат да пробат специјалитети од автентичната кујна на Малта, а на најголемата шетачка улица има бројни продавнички за накит каде што момците можат да ѝ купат нешто на својата сакана.

Најнови патувања

цена од

159

EUR

сега од

129

EUR