10 држави со вистинско богатство за кои сигурно немате слушнато

Недопрена природа, кристално чисти води, бел песок, скулптури и беззаконитост се неколкуте работи што ги прават богати овие држави. Сте ги посетиле добро познатите земји и нивните знаменитости? Време е за виртуелна посета на најмалку познатите земји во светот.

1.Република Вануату


Република Вануату  е независна островска држава во Океанија. Островите на државата се со вулканско потекло и се наоѓаат на 1750 километри источно од Австралија. Главен град на државата е Порт Вила. Вануату е населен од малезиски народи. Копното на Вануату изнесува околу 4.700 километри квадратни. Има околу 243.000 жители, од кои 90% егзистираат од риболовство и морски животни. Има само еден мал дел од населението кое егзистира од земјоделство. Прекрасната природа, плажите и прекрасната вода, како и релаксираната и мирна атмосфера која владее во земјата, се адутите поради кои овде доаѓаат голем број туристи. До независноста на Вануату, државата и островите биле именувани како Нови Хебриди.
Земјата ја прогласила својата независност од Британците во 80-тите години од минатиот век, после десетгодишното движење за осамостојување.

2.Република Палау


Палау е архипелаг со над 500 острови, дел од регионот на Микронезија во западниот дел на Тихиот океан. Најнаселени острови на Палау се Ангаур, Бабелдаоб, Корор и Пелелиу. Околу две-третини од населението на Палау живее на островот Корор. Карпестите Острови кои се наоѓаат јужно од останатите поголеми острови се ненаселени.Палау има тропска клима просечна температура од 27 °C. Тајфуните се ретко присутни на островите. Економијата на Палау воглавно се заснова на туризам, земјоделство и риболов. Туристите се најчесто заинтересирани за нуркање. Палау има население од околу 21.000 жители од кои 70% се Палуанци. Три четвртини од населението се христијани, воглавно католици и протестанти, додека останатиот дел се припадници на локални религии помешани со христијански елементи. Островите низ годините биле под влијание на многу култури, бидејќи низ вековите често биле купувани и продавани од многу земји

3.Комори


Комори е африкански остров кој се наоѓа на крајот на Мозамбичкиот Канал. На него живеат околу 800.000 луѓе. Околу 98 % од населението на Коморите се муслимани а останатите 2% се христијани, претежно римокатолици.  Островот почнал да се населува во 6-тиот век, а оттогаш бил под влијание на голем број култури, како на пример персиската култура, свахили културата, онаа од островот Мадагаскар, кој се наоѓа во непосредна близина и од многу други. Во некои исламски белешки пишува дека Бог фрлил скапоцен камен во околните води, кој придонел да еруптира вулкан од што се создал овој остров.

4.Република Науру



Република Науру, е островска држава во Микронезија во Јужниот Пацифик. Науру е најмалата островска држава во светот, најмалата независна република и единствената република без официјален главен град. Островот има население од 9.265 жители, од кои 96% зборуваат наурски јазик. Осврнувајќи се на медицинските проблеми на Науру, Наурците се најдебели луѓе во светот. Исто така населението има проблеми и со дијабетес.
Порано главна индустрија на оваа островска земја било рударството на фосфати, но рудниците биле минирани во 80-тите години од минатиот век. Во поновата историја, овој остров пред кусо време беше тотално изолиран од светот. Имено, во 2006 година, авиокомпанијата која го опслужуваше островот комплетно се повлече, оставајќи го отсечен. Сепак, 2 години подоцна, летовите повторно беа воспоставени откако компанијата се врати со ново име.

5.Токелау

Државата Токелау се состои од три корални атоли. Официјалното име државата го добила во 1976 година, иако и денеска може да се сретне под називот „Сојузни острови“. Во Токелау целото население од 1.500 жители го сочинуваат Полинезијци.Населението главно се занимава со риболов, и тоа со лов на туна.
 Островите биле откриени од европска експедиција, но датумот на нивното откривање е непознат. Државата засега нема свое законодавство, па така во секое село владеат различни закони.

6.Гернзи


Гернзи е еден од Каналските острови на Ла Манш близу францускиот брег .Познато е по плажите, одморалишта, како и заливот Кобо.Оваа островска нација, за разлика од останатите споменати, е позната, но она што ретко кој го знае е тоа што таа не е дел од Обединетото Кралство. На островот живеат околу 65.000 луѓе, а неговата вкупна територија изнесува 63 квадратни километри. Иако жителите на Гернзи се полноправни британски државјани, постојат извесни ограничувања во другите земји од ЕУ. Жителите на Каналските Острови и островот Ман не се државјани на Европската унија, туку жители на нејзина специјална територија, Ова не важи за лица што живеат во Обединетото Кралство подолго од пет години или имаат барем еден што е роден таму.
На островот се наоѓаат две неолитски скулптури кои привлекуваат голем број туристи.

7.Тувалу

Оваа островска држава се наоѓа помеѓу Австралија и Хаваите во Тихиот Океан. Групата острови ја сочинуваат 4 кои се создале од морски гребени и 5 корални острови. Тувалу е држава на која живеат околу 10.500 жители, што ја прави третата најмала суверена држава во светот. Тувалу скоро и да нема природни ресурси и главен извор на приход е од странство. Единствените работни места кои добиваат редовна плата се тие на владата.  Традиционалниот начин на живот на Тувалу сè уште е зачуван. Секоја фамилија има свои задачи поврзани со доброто на заедницата. Вештините на фамилиите се пренесувани од татко на син.
Од првиот век, па сè до 1974 година, островот се наоѓал под Британија. Во 1974 година локалното население изгласало за одделување и државата ја добила својата независност.

8.Маршалските Острови

Маршалските Острови се составени од 29 острови и атоли. Најголем остров е Кваелин а сигурно најпознат е атолот Бикини, на кој САД ја извршиле првата проба на атомска бомба. Островите биле пронајдени од страна на европски истражувачи, кои нашле остатоци од претходни цивилизации околу 1500-тата година. Името на островите е дадено во чест на британскиот капетан Џон Маршал. Тој за првпат ги документирал островите во 1788 година.  Шпанците биле први кои ги населиле островите во 1526 година.

9.Нагорно-Карабах

Нагорно- Карабах се протега на површина од 4,400 км2. Во неа живее 145,000 илјади население. Оваа држава предизвикувала спор помеѓу Ерменија и Азербејџан бидејќи по нивното осамостојување од Руската империја, во почетокот на 20 век им припаѓала на двете земји. Земјата добила своја независност при распадот на СССР. Од 1991 до 1994 година државата предизвикала војна помеѓу Ерменија и Азербејџан за придобивање на оваа земја. Земјата е уредена со претседателски систем кој ја има извршната власт, но има и парламент од 33 члена. Во тие 33 члена се застапени 3 партии.

10.Питкернски Острови

Питкернските Острови се група на четири вулкански оформени острови во Тихиот Океан. Само еден од овие четири острови е населен, а тоа е вториот по големина. Всушност станува збор за остров од 5 квадратни километри. На овие острови вкупно живеат 48 луѓе. Сите жители на овој остров потекнуваат од 4 фамилии, Браун, Јанг, Кристијан и Ворен. Питкернските острови не се суверена држава и се под надлежност на Обединетите Нации. Островите имаат прекрасна локација и многу мирни места за релаксација.

Дефинитивно овие држави треба да бидат на вашата животна листа за посети на светот!

Најнови патувања

цена од

159

EUR

сега од

129

EUR