12причини зошто да го посетите Милано во есен

Ако планирате есенска екскурзија, а сè уште не можете да се одлучите за дестинација, веруваме дека по овие фотки ќе резервирате билет за Милано.

Не ја прескокнувајте Италија во есен, бидејќи ви личи на земја која се истражува исклучиво во пролет или лето.

Есента е идеално време да го посетите Милано и да го доживеете на најдобар можен начин.

Шетајте низ парковите, пијте кафе низ топлите локали, впијте го секој зрак сонце разгледувајќи ја неверојатната архитектура на градот, одморете на некоја од високите тераси со коктел во рака…

1. Чувствувајте се како крал на светот од покривот на Дуомо. Нека не ве мрзи да искачите 150 скалила и да го истражите градот од поинаков агол.

2. Купете карта за балет во Teatro alla Scala. Таму уметноста има поинаква убавина.

3. Фотографирајте ја уличната уметност. Ќе налетате на најмалку стотина уникатно изгравирани тераси и цвеќиња кои претходно не сте ги виделе.

4. Не заборавајте да отидете на аперитиво. И секако да пробате чашка Негрони.

5. Неделното утро поминете го во близина на Navigli античкиот пазар. Атмосферата е неповторлива во било кој друг ден од неделата.

6. Ручајте рижото ала миланезе и парче особуко – парче месо подготвено на италијански начин во бело вино.

7. Влезете на стадионот Сан Сиро. Тука повеќе не е важно за кого навивате.

8. Откријте го вистинскиот вкус на панцеротите. Никако не си заминувајте без да го вкусите миксот на моцарела и домати.

9. Избегајте од реалноста во мирната улица Брера. Со голем број на ресторани и мини галерии, Брера ќе ве натера да заборавите на времето.

10. Вкусете го најслаткиот сладолед подготвен по италијански традиционален рецепт.

11. Прошетајте по Via Montenapoleone и via della Spiga. Не мора ништо да купувате, доволно е да го вдишете гламурот.

12. За крај, вратете се во 21-от век на плоштадот Gae Aulenti и уживајте во модерната страна на Милано.

Доколку сеуште го немате постено Милано не пропуштајте погледнете ја нашата понуда тука .

Извори :
Crnobelo

Најнови патувања

цена од

159

EUR

сега од

129

EUR