5-те најдобри дестинации на Балканот за годишен одмор во 2021 година


Допрва доаѓа лето, се мислите за одмор? Ние за Вас имаме одлична листа на градови во кои можете да имате прекрасен летен одмор! Овие 5 градови на Балканскиот Полуостров се сметаат за топ дестинации за одмор а најдобрите спомени се случуваат на одмор, па ако сакате да резервирате патување, овие дестинации треба да ги земете предвид а сите ние треба да ги видиме барем еднаш во нашиот живот!

Балканскиот Полуостров не е многу важна дестинација како некои други места во Европа, но овие често занемарени области имаат сè – од чисти плажи до недопрени планини, од урбани градови до археолошки паркови, а цените се пониски од некои познати туристички места од западна Европа.

Будва, Црна Гора
Будва е град стар околу 2.500 години и е центар на туризамот во Црна Гора, се смета за еден од најстарите населени места на брегот на Јадранското Море. Преубавиот стар град, со својата архитектура привлекува илјадници туристи, овој дел во вечерните часови се претвора во отворен театар за сечиј вкус. “Будванска ривиера“ која нуди 35 најпознати плажи на Јадранот заедно во комбинација со ноќниот живот се една од главните причини поради кои туристите ја одбираат оваа прекрасна дестинација. Од друга страна, овој град нуди голем спектар на сместувачки капацитети од приватни апартмани до луксузни хотели. Меѓу најпопуларните плажи се Плажата Морген, Плоче, Јаз, Словенската Плажа и плажата Каменово.


Ксамил, Албанија
Ксамил е скриен скапоцен камен со егзотични плажи и тиркизно море, коj се наоѓа на јужната страна на Албанската ривиера на само 18 километри јужно од Саранда. И претставува една од најдобрите приморски дестинации за летен одмор во Европа. Ксамил е првенствено познат по своите убави песочни плажи кои нудат бел песок и кристално чисти води со медитеранска клима во текот на целата година. Особено на четирите острови лоцирани недалеку од крајбрежјето, овие четири острови се ненаселени и до нив може да дојдете со брод. Зајдисонцето пак, ќе ве натера да се вљубите во него, топлите портокалови зраци кои полека го најавуваат крајот на денот ќе ве остават без здив. Наша препорака е да ја посетите познатата плажа Бора Бора. Прекрасната плажа има неверојатно ситен, бел песок, а водата е тиркизно-сина, топла и чиста, платформите на вода,  уредно наредените лежалки и чадори секогаш се полни, па доколку сакате да уживате на Бора Бора, најдобро е да одите околу 7-8 наутро или да си резервирате лежалки.


Охрид, Македонија
На нашата листата се наоѓа и нашето природно богатство, препорачуваме да не се пропушти градот Охрид и Охридското Езеро кои се едни од главните туристички места. Охридското езеро според УНЕСКО се смета за едно од најстарите езера во Европа. Поради големиот број на цркви и манастири, градот е познат како Балкански и Европски Ерусалим. Охрид е познат и како „град на светлината“ што претставува буквален превод на неговото старо име, Лихнид. Охрид има културно историски споменици, прекрасни плажи и многубројни туристички екскурзии. Покрај градските плажи во Охрид на патот од Охрид до Св. Наум е распослана охридската ривиера: Горица, Славија, Метропол и Белви, Лагадин, Елешец, Трпејца и Љубаништа. Една од познатите плажи кои ви препорачуваме да ги посетите е плажата во Трпејца мала каменеста плажа со чиста тиркизна вода, и друга плажа која исто така треба да ја посетите е плажата во св.Наум чиста песочна плажа со ладна и бистра вода.


Никити, Грција
Никити е најголемото туристичкото место на западната страна на вториот крак на полуостровот Ситонија. Плажата на Никити е во залив и гледа накај  првиот крак. Главната плажа на Никити, се протега површина од скоро 4000 м, иако нејзината ширина е само 10 м, морето тука е скоро секогаш мирно. Оваа плажа ја обожаваат семејствата со мали деца. Патем, оваа плажа никогаш не е преполна дури и во сезоната и секогаш можете да си најдете место што е многу битно за со мали деца. Идеално место за туристи кои сакаат убава плажа, чисто море, долги прошетки покрај плажа со многу ресторани, сувенирници, детски забавни паркови и разновиден културно-забавен живот.


Сончев Брег, Бугарија
Сончев брег е сместен на брегот на Црното Море, и важи за најголемиот туристички центар во Бугарија. Местото е познато по својата жива атмосфера и ниските цени. Доколку сакате долги песочни плажи со боја на злато, барови на самиот брег, топло и чисто море, забавен ноќен живот и живописниот стар дел на градот Несебар тогаш Сончев Брег е вистинското место за вас. Доколку сакате возбуда и адреналин поминете барем еден ден во најголемиот аквапарк во Бугарија кој се наоѓа на Сончев Брег. Паркот е богат со атракции наменети за посетителите од сите возрасти. Во Сончев Брег забавата трае до зори, па доколку сакате вистински да уживате својата вечер започнете ја во некој ресторан и журкајте се до раните утрински часови во големиот број на дискотеки и ноќни клубови.

Најнови патувања

цена од

159

EUR

сега од

129

EUR