Шест помалку познати плажи во Грција


Се ближи летото, периодот во кој сите размислуваат каде да се почестат за летниот одмор. Сè е нејзина вина – Грција! Доколку вашата замисла е ова лето да го поминете со партнерот или семејството на песочните плажи се до време на зајдисонцето, тогаш Грција е правиот избор за тоа. Во Грција можат да се најдат некои од најубавите плажи во светот. Точно е дека дел од грчките плажи се преполни со туристи но знајте дека сè уште постојат неколку што се скриени од очите на јавноста. Па доколку сакате малку приватност и романтика, а сте подготвени за авантура, не заборавајте да ги посетите скриените грчки плажи:


Вутими, Антипаксос
Малиот остров Антипаксос со површина од околу 5км2  на кој живеат околу 150 жители се наоѓа во Јонското Море, на само 3 километри од островот Паксос и недалеку од островот Крф. Познат е по егзотичните плажи, морски пештери…Штом ќе стигнете на островот, ќе ве дочека пејзаж кој повеќе ќе ве потсетува на Бразил отколку на Грција. На овој дрвата достигнуваат до брегот, карпите се „украсени“ со зеленило , а тиркизната боја на морето и единствените сини пештери нудат незаборавно искуство. Бидејќи понекогаш плажата Вутими знае да биде полна, најдобро е да ја посетите рано наутро.


Кариди, Халкидики
Кариди се вели дека е една од најубавите плажи и е скапоцен камен на Ситонија. Зимските ветришта ги израмниле камењата на брегот и трајно ги искривиле дрвата. Па, оваа плажа изгледа како сцена од постапокалипса, особено во лето кога тиркизно сината вода е мирна, а ситниот песок е топол и ви овозможува да уживате на оваа плажа. Оваа плажа за разлика од останатите плажи е слободна и доколку сакате да ја посетите со вас понесете си крпи и чадор.


Симос, Елафонисос
Воопшто не лесно да стигнете до островот Елафонисос , но вреди да ја видите најдолгата плажа Симос која е поделена на две плажи и тоа мегалос Симос и микрос Симос. Ситниот песок и смагардната вода потсетуваат на Карибите, а недостатокот од туристи нуди вистинска релаксација и мир, па доколку сакате да уживате во мир Симос е вистински избор за вас. Покрај тоа кампувањето на плажа е нешто што морате да го пробате.


Ваи, Крит
Ваи плажата е една од најголемите атракции на островот Крит. Плажата Ваи е откриена во 1970 од стана на Ричард Вајт, плажата го добила своето име многу лесно и едноставно според зборот „ваи“  кои во превод од грчки значи палма. Оградена е со најголемата палмина шума во Европа, има чиста и кристална вода и поради ова има илјадници посетители секоја година.


Ефталу, Митилини
Плажата Ефталу е камчеста и песочна плажа лоцирана на 60 км северозападно од Митилини. На светот оваа плажа му е речиси непозната, но плажата Ефталу е позната по термалните лековити извори кои се богати со радиум.Овде има градба од 17-тиот век што ви овозможува да ја почувствувате термалната вода со температура од 43 степени. Интересно е што водата во морето, пак, е навистина студена.


Факистра, Моуреси
Плажата Факистра која повеќе личи на залив, отколку на плажа се наоѓа под планината Пелион во централна Грција и нуди сосема различно искуство за разлика од останатие плажи. Оваа плажа со оглед на карпите и густата шума, е исполнета со бел песок и камења, како и чиста сина вода. Факистра е лоцирана до малото село Цагарада и нуди мир, тишина и хармонија со природата .

Најнови патувања