Никити еден од најбрзо растечките луксузни градови на Халкидики.
Никити се наоѓа на 100 километри југо-источно од Солун на полуостровот Халкидики.
Никити од година на година станува се популарно и се здобива со епитет на најмонденско летувалиште на Ситонија. Зошто на летен одмор во Никити? Дозволете ни на кратко во продолжение да ја доближиме приказната зошто Никити гордо стои на тронот на Ситонија
Со неверојатна плажа со бела песок, најдоброто зајдисонце во Ситонија и најдоброто новоизградено шеталиште наредено со најдобрите ресторани на Халкидики, овој град има зачуван стар дел од градот,кој вреди да се посети .Новиот дел од градот се наоѓа на морскиот брег,во последните неколку години Никити значително го дотера својот лик. Долгата песочна плажа беше дополнета со модерна, нова променада, која денес е во фокусот на сите случувања и активности. Поставени се бројни ресторанчиња, таверни, кафулиња и продавнички, бројни содржини погодни за било која категорија на гости. Повеќето од рестораните и баровите на плажа имаат отворени тераси поставени на променадата каде може да уживате во некој од вкусните грчки деликатеси или по некој пијалок и сето ова надополнето со спектакуларната глетка кон брилијантнити води на Егејското Море со боја на аквамарин. Во правец кон марината кон северниот дел на променадата ќе ги најдете некои од најдобрите морски ресторани кои служат свежа морска риба и морски плодови. Со тоа ви доловуваме неколку работи со кои брзо ќе разберете што го прави Никити толку посебен .
Зошто треба да го посетите Никити и што е тоа што го прави посебен ?
1.Посета на стариот град
Стариот град Никити датира од почетокот на 14 век кога жителите се преселиле во копно за да избегнат напади од пирати. Старото село се наоѓа на ридско подрачје на неколку стотици метри од морето, со црквата Свети Никитас на највисоката точка на селото. Во петок наутро можете да го достигнете традиционалниот пазар на кој се продаваат локални уметности и занаети, како и познатиот мед .
2.Најдобрите плажи кои треба да ги посетите
1. Koviou Beach
2. Orange beach
3.Kriaritsi beach
Ако го посетите Никити на 15-ти септември,тогаш е празникот Свети Никитас, можете да учествувате во прославата на празнувањето и да ја следите забавата која што се одвива низ улици.