Menu

Истанбул за Велигден – 3 ноќи

цена од

159

EUR

сега од

139

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
09.04.2026
13.04.2026
Автобус
Хотел

И овој Велигден отпатувајте заедно со нас во магичниот град на два континенти – Истанбул!

Изграден на 7 брда, Истанбул денес е светска метропола која изобилува со културно -историски споменици, музеи, културни центри, над 20 универзитети, природни богатства, традиционална и модерна архитектура и вкусна, турска кујна.

Истанбул е град каде сите традиции се спојуваат во едно.

Наполеон Бонапарта за Истанбул рекол: „Ако светот беше една држава, Истанбул ќе беше нејзиниот главен град”.

 

Што е вклучено во цената

-Три ноќевања и појадок во хотел со 3*

-Автобуски превоз Скопје,Велес,Штип,Неготино,Струмица,Смоквица ,Гевгелија,Прилеп и Битола

-Туристичка такса

-Туристички придружник

-Посета на Капали Чаршија

-Посета на турската продавница за слатки работи ,, Коска “

-Посета на аутлет трговски центар ,, 212

Што не е вклучено во цената

-Индивидуални трошоци

-Факултативни излети

-Патничко осигурување

План и програма

I ДЕН (09.04.2026) - ЧЕТВРТОК - ПОАЃАЊЕ

Состанок на групата околу : 16:00 h
Поаѓање кон Истанбул околу : 16:30 h
Место на поаѓање ( Скопје ) – паркинг при хотел Русија – општина Аеродром

Попатни застанувања за качување на други патници, ноќно возење со попатни паузи, царински формалности, презентација на програма и информации околу тоа што ги очекува патниците во текот на целокупното викенд патување.

Предвидено пристигнување во раните утрински часови.

II ДЕН (10.04.2026) - ПЕТОК - ПРИСТИГНУВАЊЕ И ПОСЕТУВАЊЕ НА МИНИАТУРК И ОРТАЌОЈ

Пристигнување на групата во Истанбул

Групата се упатува кон хотелот заедно со својот багаж, каде истиот се остава во просторија предодредена за чување на багаж. Туристичкиот придружник на Ескејп травел е задолжен за комуникација со вработениот на рецепција во хотелот каде според  списокот на уплати во канцелариите на агенцијата се делат клучевите од хотелските соби.

Check in во хотелот е после 14:00 часот

По самото пристигнување групата заедно со туристичкиот придружник го започнува своето патување,oдносно се упатуваат на пешачка тура, која вклучува посета на Капали Чаршија, Аја Софија и Сината Џамија. (влегувањето во џамиите е индивидуално).

По завршување на пешачката тура, следува check in на групата во хотелот,и простор за одмор.
Во договорено време, групата заедно со водичот се упатува кон посета на Миниатурк и Ортаќој.

Миниатурк е доказ за богатата историја и архитектонската величина на Турција.
Овој музеј на отворено, лоциран во Истанбул, прикажува прецизно изработени минијатури на познати знаменитости од целата земја.
Секоја минијатурна структура е придружена со детални информации за нејзиното историско значење.
Слободно време за прошетка низ Миниатурк – 45 мин до 1 час.

По посета на Миниатурк се упатуваме  кон Ортаќој.
Првиот ден ни завршува со посета на Ортаќој .
Кога веќе зајдисонцето наближува,денот го завршуваме во Ортаќој
Сместен на брегот на Босфор , денот го завршуваме со прошетка уживајќи во едно од најубавите зајдисонца .

Враќање во хотел.
Ноќевање.

III ДЕН (11.04.2026) - САБОТА - ПОСЕТА НА БАЛАТ И ТАКСИМ

Појадок.

По појадокот групата се упатува на пешачка тура за прошетка до Капали Чаршија каде заедно со водичот ќе бидат одведени до влезот, а враќањето кон хотелот е индивидуално бидејќи Капали Чаршија се наоѓа на 20 минути пеш од хотелот, а секој би сакал да има слободно време и приватност при пазарењето во чаршијата. Водичот ги носи до Аја Софија и Сината Џамија, кадешто може кој сака индивидуално да влезе, редот е многу голем и се чека со часови па затоа не е изводливо да влеземе како група.

По завршување со пешачка тура и слободно време за индивидуални активности,во попладневните часови следува посета на Балат и Таксим.
Во договорено време,групата заедно со водичот се упатува кон посета на најстарата христијанска населба Балат и областа на Таксим плоштадот.

Балат
Балат важи за една од Христијански те населби во Истанбул каде што може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од македонски мајстори, и кадешто е закопан Патреније Зоографски.
По посетата групата има слободно време околу час и половина за прошетка по уникатните историски шарени улички.

Областа Таксим

Турата завршува со посета на областа “Tаксим”. Главниот центар на градот,на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај Таксим поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај!
На Истиклал се наоѓаат познатите дискотеки и кафулиња.

Ноќевање

IV ДЕН (12.04.2026) - НЕДЕЛА - КРСТАРЕЊЕ И АЗИСКИ ДЕЛ

Појадок.

По појадокот денот се започнува со крстарење по Босфор почнувајќи од Европскиот дел па се до Азискиот дел на градот.

Крстарење по Босфор
90 минутно крстарење, незаборавно дружење и доживување,еден поинаков Истанбул,сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште ,има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето.

Бејлербеи
Оваа историска знаменитост е често посетувана од страна на многубројни туристи токму поради сплетот на турски и сегменти од западот. Се наоѓа Во непосредна близина на Босфорскиот мост, во азиската облас. Во овој музеј ќе имате прилика да ја доживете турска култура од блиски преку многубројните соби и хали.

Палатата Ќучуксу

Павилјонот Ќучуксу е летна палата во Истанбул. која ја користеле османлиските султани при своите кратки престојувања и кога оделе на лов.

Сместена во населбата Ќучуксу во областа Бејкоз на азискиот брег на Босфор, малата палата е дизајнирана од Никогос Балјан и завршена во 1857 година.

Павилјонот се состои од два главни ката и подрум со кујна, сала и службенички простории. За разлика од другите градини на палатата со високи ѕидови, нејзината градина е опкружена со огради од леано железо со една порта на секоја од четирите страни.

Во почетокот на републиканската ера, локацијата неколку години се користела како државен пансион. Од темелната реставрација во 1944 година, палатата е отворена за јавноста како музеј.

Кадиќој е една од најпознатите области во Истанбул, Турција. Се наоѓа на анадолската страна од градот, на брегот на Мраморно Море.

Денеска, овде се наоѓаат едни од најголемите станбени и финансиски центри во градот.

Претсавува живописен квартал на азиската страна на Истанбул, познат по шарените улици и раздвижените пазари. Прошетајте по улицата Bahriye, која е полна со шарени кафулиња и продавници.

Можете да пробате одлични баклави или други десерти во некои од овие кафулиња или да застанете за одлично кафе.

Чамлиџа-џамија
Денот го завршуваме со посета на една од најголемите и најубавите џамии  во Истанбул.
Пауза за уживање и фотографирање.

Враќање кон хотел.
Ноќевање.

V ДЕН (13.04.2026) - ПОНЕДЕЛНИК - ШОПИНГ И ВРАЌАЊЕ ЗА МАКЕДОНИЈА

Појадок.

По појадокот следи check out од хотелот.
По завршување со одјавување од хотелот,групата заедно со водичот се упатува кон посета на фабриката при која има и сопствена продавница за слатки работи ,,КОСКА” каде ќе има можност секој од групата да си направи шопинг на слатки работи.
Од Истанбул не си заминувајте без: турски локум, тазе мелено турско кафе, баклави, алва и други благи специјалитети.

По посетата на фабриката ,,КОСКА” , групата се упатува кон посета на трговскиот центар: Outlet 212.
Во договор со водичот , следува слободно време за одмор и шопинг.

Во договорено време, во попладневните часови по турско локално време следува враќање кон Македонија.
Пристигнување во Македонија после полноќ.

Сместување

Хотел 3* во Аксарај или Лалели

Сместувањето е во хотел со 3* со вклучен појадок.
Хотелот се наоѓа во областа Аксарај или Лалели на 15-20 минути оддалеченост од Капали Чаршија.

За името на хотелот се известува на 2 дена пред поаѓање.

Резервирајте online веднаш

КЛИКНЕТЕ НА САКАНИОТ ТЕРМИН ЗА ДА ГИ ВИДИТЕ ЦЕНИТЕ

Цени

Важно

Задолжителна проверка на пасошот.

Не треба да е на 6 месеци пред истекување од моментот на влез и излез од Р. Турција и да е од новите пасоши со Р.С.Македонија.

МОЖНОСТ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ВРЕДНОСНИТЕ ВАУЧЕРИ (од изминатата една година) ЗА ОТКАЖАНИТЕ АРАНЖМАНИ

Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари.

За сингл соба се доплатуваат 40 евра дополнително од аранжманот поради вториот кревет.

СЕКОЈ ПАТНИК ИМА ПРАВО НА ЕДЕН КУФЕР И РАЧЕН БАГАЖ.

Деца од 0 – 2,99 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
Деца од 3 до 11,99 години плаќаат 50% од износот на аранжманот доколку се придружувани со двајца возрасни
Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот.

Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.

Резервации за одреден кат или страна не е можна.

Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати.
Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
Патувањето ќе се реализира преку Република Грција до Турција

Организаторот на патувањето е одговорен за реализација на факултативните излети и програмата и истиот може да го промени редоследот на факултативните излети или да ја откаже реализацијата и да направи соодветна промена или замена за факултативен излет на некои од нив зависно од временските услови или од несакани ситуации како забрана за движење на определени места во одреден период.

За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

ПОСЕТА НА БАЛАТ И ТАКСИМ - ЗАДОЛЖИТЕЛНА ФАКУЛТАТИВА ( СЕ ПЛАЌА ВО АГЕНЦИЈА ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА)

Цена за пакет: 25€

Балат
Балат важи за една од Христијанските населби во Истанбул каде што може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од вештите раце македонски мајстори, кадешто е закопан Партеније Зоографски. Додека сме во Балат се посетува Христијанската Патријаршија, кадешто ќе може да влезете индивидуално. По посетата групата има слободно време околу час и половина за прошетка по уникатните историски шарени улички, имате можност да ги доловите моментите каде се снимаат турските серии и да се напиете турско кафе, варено на песок.

Tаксим. Главниот центар на градот,на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај Таксим поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај!
На Истиклал се наоѓаат познатите дискотеки и кафулиња,а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки.

 

МИНИАТУРК И ОРТАЌОЈ

Цена за пакет: 25€

Миниатурк е доказ за богатата историја и архитектонската величина на Турција.
Овој музеј на отворено, лоциран во Истанбул, прикажува прецизно изработени минијатури на познати знаменитости од целата земја.
Секоја минијатурна структура е придружена со детални информации за нејзиното историско значење.

Ортаќој
Кога веќе зајдисонцето наближува,денот го завршуваме во Ортаќој.
Сместен на брегот на Босфор , денот го завршуваме со прошетка уживајќи во едно од најубавите зајдисонца .

КРСТАРЕЊЕ И ПОСЕТА НА АЗИСКИ ДЕЛ ( ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ)

Цена за пакет: 85€

  • Крстарење по Босфор
    Ви нудиме 1 часа крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул. Сите луксузни вили кои вредат милиони од познатите серии, Босфорскиот мост под кој може да фрлите паричка и замислите желба како и знаменитостите одблизу за кои ќе ја слушнете историјата од нашиот водич, сето ова може да го доживеете. Не сонувате. Локалниот водич ке се погрижи ова крстарење да го доживеете на вистински начин. На крстарење тргнуваме од европската страна на Истанбул а бродот не остава во азискиот дел на Истанбул
  • Бејлербеи
    Оваа историска знаменитост  е често посетувана од страна на многубројни туристи токму поради сплетот на турски и сегменти од западот. Се наоѓа во непосредна близина на Босфорскиот Мост, во Азиската област. Во овој музеј ќе имате прилика да ја доживете турската култура од непосредна близина прку многубројните соби и хали кадешто поминувале време турските султани. Доколку сте љубител на мачки, ова е вистинска можност да пиете кафе покрај Босфорскиот мост, со поглед којшто е незаменлив со мачки насекаде околу Вас.
  • Палата Ќучуксу
    Павилјонот Ќучуксу е летна палата во Истанбул. која ја користеле османлиските султани при своите кратки престојувања и кога оделе на лов.Сместена во населбата Ќучуксу во областа Бејкоз на азискиот брег на Босфор, малата палата е дизајнирана од Никогос Балјан и завршена во 1857 година.Павилјонот се состои од два главни ката и подрум со кујна, сала и службенички простории. За разлика од другите градини на палатата со високи ѕидови, нејзината градина е опкружена со огради од леано железо со една порта на секоја од четирите страни.Во почетокот на републиканската ера, локацијата неколку години се користела како државен пансион. Од темелната реставрација во 1944 година, палатата е отворена за јавноста како музеј.
  • Кадиќој
    Кадиќој е една од најпознатите области во Истанбул, Турција. Се наоѓа на анадолската страна од градот, на брегот на Мраморно Море.Денеска, овде се наоѓаат едни од најголемите станбени и финансиски центри во градот.Претсавува живописен квартал на азиската страна на Истанбул, познат по шарените улици и раздвижените пазари. Прошетајте по улицата Bahriye, која е полна со шарени кафулиња и продавници.Можете да пробате одлични баклави или други десерти во некои од овие кафулиња или да застанете за одлично кафе.
  • Чамлиџа џамија.
    Џамијата „Чамлиџа“ се наоѓа во истанбулската населба Ускудар, а нејзиниот камен-темелник пред повеќе од три години го постави претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган.
    Новата истанбулска џамија е изградена во отоманско-селџучки стил со елементи на модерна архитектура,а поради изгледот и местоположбата веќе претставува впечатлив симбол на самиот град.
    Покрај џамијата, изградени се и придружни објекти како и парк.
    Џамијата може да прими 60 000 верници (околу 25 000 во внатрешноста,12.500 во дворот, и 22.500 во надворешниот двор).

 

 

ВИП ПАКЕТ СО СИТЕ ФАКУЛТАТИВИ

Цена за пакет: 125€

Во цената за ВИП пакетот е вклучено посета на сите факултативни излети.

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања

цена од

599

EUR

сега од

499

EUR