Бегство на Карибите – Дали некогаш би ги посетиле островите АБЦ ?

Иако во моментов постојат низа глобални ограничувања за патувања, тоа не значи дека треба да престанеме да сонуваме за нашите идни патувања. Плановите за патувања засега можеби се оставени во мирување, но нашите желби секако не се. Постојат места кои  секогаш будат инспирација со нивната уникатна убавина, кои не тераат да мислиме на нови планови за нови патувања.  Познати како острови АБЦ, овие Карипски острови ќе не натераат за нив долго да размислуваме и да посакаме барем со мислите за миг да отпатуваме.

Трите најазападни острови на Карипското море, што се наоѓаат северно од Венецуела, се познатите АБЦ острови, познати и како острови на Холандските Антили – имено, Аруба, Бонаер и Курасао. Ова зачудувачко трио се наоѓа на околу стотина километри оддалеченост еден од друг и изобилува со уникатна флора и фауна, а од план А до план Ц лесно можете да скокнете, доживувајќи го комплетното карипско искуство преку чартер суперјахтите.

Аруба ( Aruba )

Благословена со идилични плажи и интересна историја, Аруба е една од најразновидно културните земји на Карибите, Аруба за првпат била колонизирана од домородци на Венецуела.Потоа дури во 17 век пристигнале холандски доселеници, поради што денес повеќето Арубанци зборуваат холандски. Со мала популација, но огромна етничка разновидност, Аруба дели повеќе од 90 националности помеѓу население од 100 000 луѓе. Рефлектирани во културата и кујната на островот, застапени се Хаитите, Доминиканците и Колумбијците. Без поголеми градови во себе, островот е составен од шест области, имено Ноурд, Оранжестад, Парадера, Сан Никола, Санта Круз и Саванета.


Неофицијалниот главен град на културата е најјужниот кварт на Аруба, Сан Никола, со прекар Страна од изгрејсонце. Тука улиците се украсени со светло обоени мурали од меѓународни улични уметници и секоја година островот го поздравува саемот за уметност во Аруба. Окупирајќи скоро една петтина од Аруба, Националниот парк Арикок е 8.000 хектари заштитена пустина, исполнет со природни базени.

Бонаер ( Bonaire )

Недопрена убавина што го одзема здивот, Бонаер е совршен остров за бегство и една од најдобро чуваните тајни на Карибите. Прекрасните временски услови и фасцинантната култура се двете најголеми убавини на овој остров. Со едни од најкристално чистите  води во светот за подводни авантури и совршени терени за одмор на суперјахтите и за уживање, ова е остров за љубителите на вода. Природата овде има магнетна привлечност за посетителите и сите крајбрежни области се прогласени за морски парк кој сега е светски познат по своите напори за зачувување.



Ринкон е најстариот град на Бонаер и исто така најстара населба на островите АБЦ. Стратешки изграден во долина за да се одвратат напаѓачите, ова е местото каде што можете да ја видите куќата исполнета со историја, позната како “Museo Chich’i Tan”. Бонаер со векови бил центар на индустријата за сол на Карибите, па розевите езерца коишто испаруваат во процесот, создаваат прекрасна глетка.

Овој остров располага со повеќе од 350 видови риби и 57 видови корали, што претставува подводен рај за сите посетители и е погоден за сите нивоа на вештини. Во близина, ненаселениот Клајн Бонаер е достапен само преку вода. Опкружено со гребени ова е популарно и омилено место за нуркање.

Курасао ( Curaçao )

Дива природа исполнета со патеки кои водат до недопрени плажи, овој остров е најверојатно еден мал дел од рајот. Со пријателски локални жители, умерена клима во текот на целата година и бесконечни активности, овој шарен остров навистина знае да создаде незаборавен живописен одмор. Прошетајте низ живата улица “Punda Willemstad” која е полна со продавници, кафулиња и живописни тераси. Љубителите на историјата ќе уживаат во можноста да ги посетат музеите и  колонијалните палати.


Доколку се најдете на крастарење на некоја од суперјахтите можете да ја истражите природната убавина на прекрасните варовнички формации и познатата статуа на Мадона во пештерите Хато, да сретнете желки во националниот парк Шете Бока и да се уживате во златни песоци и зјдисонца  на секоја од 35-те спектакуларни плажи. Малата плажа кај Бока Сами е совршена за нуркање и риболов, овде има и неколку одлични локални ресторани. Нуркањето е начин на којшто жителите на Курасао го поминуваат слободното време, со огромен број на места за истражување и бескрајно уживање.


Најдолгите бели плажи се наоѓаат во Клајн Курасао, мал, пуст остров лоциран на вулкански карпи крај главниот брег. Тука нуркачите и риболовците би биле добро згрижени. Доколку некогаш ги посетите Карибите, посетете го тесниот канал, опкружен со карпи, преку кој ќе стигнете до Плаја Лагун и ќе уживате во глетката на разновидни риби, желки, гребени и корали.. Исто така, љубителите на природата ќе уживаат во Плаја Санта Круз, мочуриште кое привлекува голем број фасцинантни локални птици.

И кога ќе зајде сонцето, забавата не запира во Курасао. Мноштвото живи ресторани, салони барови, клубови на плажа и казина, обезбедуваат забави и коктели кои продолжуваат и во раните часови.

Се надеваме дека листата со желби за патувања станува се подолга, па плановите нема да изостанат, а сите наши дестинации нема да останат далечни уште многу време.

Најнови патувања

цена од

159

EUR

сега од

129

EUR