Три пазари кои би можеле да ги посетите во 2021 година


Пазарот „Цукиџи“ во Токио, Јапонија
Пазарот Цукиџи е јапонски пазар за храна, кој започнал со работа околу 1935 година, на пазарот може да се сретне со секаков вид јапонска традиционална храна. Првично пазарот Цукиџи бил пазар на големо. Со тек на време, некои од продавниците на големо на пазарот започнале со малопродажба на врвни производи за обични клиенти. На пример, суши сега се продаваат и во помали количини. Тука се раѓаат мешавина од продавници на големо и мало, заедно со бројни ресторани, по улиците и новите трендови на кулинарството.
На пазарот се организираат новогодишни аукции на туна кои станаа главна туристичка атракција, а во тие денови овој пазар го посетуваат многу туристи, љубители на рибата, јапонски суши-мајстори и многу готвачи од целиот свет. Познато е дека повеќе од 40.000 луѓе го посетуваат овој пазар секој ден.


,,Египетскиот пазар” во Истанбул, Турција
Египетскиот пазар или познато како египетска чаршија се наоѓа во во Истанбул, Турција и е една од најстарите чаршии во градот. Се наоѓа во Еминону, и се смета за втор најголем пазар во градот по Капали чаршија која е на првото место. Изграден е во 1667 година. Поради многуте зачини што се продаваат на пазарот а биле увезувани преку Египет во текот на османлискиот период, пазарот го добил името “Египетска чаршија” која многу е попознат низ народот. На турски оваа чаршија се вика Мисир чаршија а зборот ‘mısır’ на турски има двојно значење: едното е “Египет” и  другото е “пченка”, па затоа понекогаш и го преведуваат грешка.
Пазарот е дел од џамија Јени, па парите кои се добиваат од изнајмување на продавниците се наменети главно за одржување на џамијата. Комплексот се состои од точно 88 простории односно продавници.
Трговците на египетскиот пазар на полиците ги изложуваат најдобрите зачини, локуми, урми, сувомеснати производи, маслинки, ораси и сушени кајсии. Овде има и две мелници за кафе, каде што ќе имате можност да си кушите тазе смелено кафе, чиј што мирис се шири на секаде. Но покрај сите овие на пазарот се продаваат и накит и сувенири. А особено внимание привлекува мирисот на цимет и каранфилче, туристите пак најмногу купуваат урми, кафе и локуми.


Пазарот „Бороу “ во Лондон, Англија
Пазарот „Бороу“ во Лондон, Англија го освои признанието за најстар пазар за храна во Лондон, а функционира повеќе од 1.000 години. Пазарот се наоѓа на првиот мост на Лондон, мост кои ги поврзува јужните и централните области. Додека чекорите низ овој пазар кој се наоѓа во срцето на градот, ќе може да ги запознаете земјоделците и да им поставите прашања за нивните производи и да научите од каде потекнува храната што ја купувате. За време на вашата посета на овој пазар, можете да пронајдете храна, зачини, пијалаци и предмети од различни страни на светот. Поради квалитетот на производите овој пазар важи за скап но и покрај тоа пазарот привлекува многу домашни и странски посетители.

Најнови патувања

цена од

159

EUR

сега од

129

EUR