Босна: Босанските пирамиди најстари во светот?

Во Босна беше пронајдено големо откритие кое го шокираше светот , особено историчарите и археолозите. Босанските Пирамиди беа пронајдени од страна на Др.Семир Османгич и тие го дигнаа во врвот на неговата кариера, а Босанскиот град Високо беше поставен на мапата за местата кои мора да се посетат. Уште од самиот старт се јавуваа многу скептици за овие пирамиди. Др.Семир Османгич сеуште истражува и го промовира своето откритие на научниците ширум светот.

Со својата висина од 220 метри, Пирамидата на Сонцето во Високо, Босна и Херцеговина, е најголемата пирамида во светот, поголема и од грандиозната Кеопсова Пирамида.
Малото гратче Високо ја крие мистерија на петте пирамиди, онаа на Сонцето, Пирамидата на Месечината, на Змејот, на Мајката Земја и Пирамидата на Љубовта.

Градбите се наоѓаат во Долината на Пирамиди распоредени на начин на кој Пирамидите на Сонцето, Месечината и Змејот формираат правилен рамностран триаголник, а секоја нивна страна се совпаѓа со страните на светот.
Иако долго се шпекулираше за автентичноста на пирамидите, а Британскиот кралски институт упорно се обидувал да докаже дека босанските пирамиди се измислица и не станува збор за никакво чудо, најновите независни анализи од пет одделни институти покажуваат дека Босанската Пирамида на Сонцето е автентична, древна, изградена од антички бетон, создадена во стилот на Египетските пирамиди и токму како и пирамидите во Гиза претставува древен генератор на моќ.

Научниците долго време се сомневаат дека пирамидите се изградени со помош на наука и машинерија далеку понапредна од онаа со која ние располагаме, а сите испитувања на Босанската Пирамида на Сонцето покажуваат дека и оваа градба е создадена од далеку понапредна цивилизација од нашата, а подземните ходници содржат и делови кои имаат исцелителна моќ и биле наменети за лекување.

Босанската Пирамида на Сонцето не била наменета за гробница. Напротив, научниците сметаат дека оваа градба била неверојатен центар за енергија, наменет за доброто на луѓето и нивното здравје.
Истражувањата покажаа дека пирамидата е стара најмалку 24 800 години и ниту една досега откриена пирамида во светот нема таков градежен квалитет ни старост како Пирамидата на Сонцето во Босна.

Но сепак со ова место се поврзани многу интересни факти:
– Истражувачите кои правеле анализи на овие пирамиди утврдиле дека тие се стари скоро 30.000 години.Големата Пирамида на Египет е 80 метри помала од Босанската Пирамида на Сонцето која е висока 220 метри.
– Пирамидите се ориентирани кон север исто како што се и Египетските пирамиди
– Постојат подземни конструкции, простории и езера под пирамидите.Покажано е дека просториите под пирамидите имаат лекувачки моќи поради големото ниво на јонизација. 

Читаjте повеќе блогови ОВДЕ

Најнови патувања

цена од

159

EUR

сега од

129

EUR