Интересни факти за турското кафе


Како го започнувате вашето утрото? Со топла шолја кафе?  Пиењето кафе за голем дел од нас е секојдневен ритуал, љубителите на кафе не го почнуваат денот без оваа „магична“ напивка. Иако денес може да се изберат најразлични видови и вкусови на кафе, сепак турско кафе е класика сама по себе. Турското кафе е повеќе култура отколку пијалoк, а во светот тоа е познато поради начинот на приготвување и традиционалното послужување.

Потекло и име на кафето
Турското кафе не доаѓа од Турција тоа е сигурно, се претпоставува дека кафето најверојатно доаѓаа од Јемен. Во 16 век. од таму се шири во Каиро и во Мека. Познатите хроничари од Отоманскиот период велат дека во 1554 година е отворена првата кафетерија во Константинопол денешен Истанбул, со тоа што потоа кафето доаѓа и во Европа. Името кафе потекнува од арапскиот збор qahwah, потоа се добива турското име kahvе по него доаѓа италијанското кофе а денеска официјално е кафе.


Квалитет и начин на послужување на турското кафе
Квалитетот на кафето е во кајмакот, и тоа го знаат правите мајстори на турско кафе. Доколку сакате да знаете дали сте добиле добро турско кафе треба да го погледнете кајмакот на врвот на филџанот. Благодарение на кајмакот кафето останува топло подолго време. Затоа доколку сакате да послужите правилно турско кафе тогаш тоа треба да има кајмак кога ќе го ставите во шолјата.

Турското кафе секогаш се служи жешко, во мала шолја за кафе и обично се служи со чаша ладна вода. Пред да се напиете кафе треба да се напиете една голтка вода па потоа од кафето. Пиењето на вода однапред помага да се неутрализира вкусот во уста за секој пат кога ќе пробате голтка од кафето да го почувствувате неговиот вистински вкус, додека по консумирањето на кафето ќе ви помогне да го исплакнете вашето непце од нефилтрираните остатоци. За сликата да биде комплетна во тацната на кафето се додава и локум. Локумот дава блажина на горчливиот вкус на турското кафе, што е особено важно за оние кои бираат да пијат кафе без шеќер.


Придобивки од кафето

  • Кафето го подобрува нивото на енергија, меморијата и не прави попаметни. Кофеинот во кафето се апсорбира во крвотокот од каде патува до мозокот и штом стигне до мозокот, ги стимулира невротрансмитерите кои ја поткренуват способноста на мозокот да функционира.
  • Кафето помага и при слабеење и ги подобрува физичките перформанси. Кофеинот во кафето е природна супстанција која ги согорува маснотиите и го забрзува метаболизмот од 3 до 11 пати. Турското кафе е ниско калорично и има пет калории и ако не му додадете шеќер, ќе има 0 грама шеќери.
  • Кафето го заштитува црниот дроб од цироза, а црниот дроб го штити човечкиот организам. Во просек, луѓето што пијат околу четири шолји кафе дневно имаат 80% помал ризик од појава на било каква болест на црниот дроб.
  • Кафето помага при депресија и може да ве направи посреќни, бидејќи влијае на расположението и дава чувство на смиреност кај многу луѓе. Неговиот мирис смирува голем број на луѓе со самото тоа што ја вдишувате аромата на кафето.
  • Кафето го продолжува животот, добро слушнавте и тоа според истражувањата, ризикот од појава на смрт кај мажите се намалува за 20%, а кај жените за 26%.


Интересни обичаји во Турција поврзани со турското кафе
Во Турција врз основа на тоа како сте го подготвиле и на кој начин сте го сервирале кафето имаат право да ве оценат и да ви судат. Во многу семејства тоа е и првиот тест на новата невеста, таа го подготвува кафето на целото семејство и на својата свекрва, а потоа следува коментар, критика и оцена од страна на свекрвата.  

Уште еден интересен обичај во турската традиција е начинот за одредување на издржливоста на идниот младоженец, на кој треба да му се стави сол во кафето кое му го служи идната сопруга. Со солта потенцијалната невеста ги сигнализира своите чувства кон идниот младоженец. Прекумерната количина на сол во кафето укажува дека девојката не е заинтересирана за момчето, додека минималната количина кажува дека момчето има добри шанси и дека девојката е подготвена да се мажи. Доколку младоженецот испие цел филџан солено кафе тој со тоа ја докажува својата издржливост, но и подготвеноста да стапи во брак со девојката.

Најнови патувања

цена од

159

EUR

сега од

129

EUR