Фестивалот на лалето во Истанбул


Април е познат како месец на лалето и пролетта. Во магичниот Истанбул секоја година во април се организира фестивал на лалето кој започнува од 1ви и трае се до 30ти април. Фестивалот започнал да се организира од 2005та година под мотото ,,Најубавите лалиња растат во Истанбул” и се организира се до ден денес. Жителите на Истанбул го чувствуваат доаѓањето на пролета со тоа што ќе почнат да гледаат насадени лалиња на секое ќоше во градот. Интересно е тоа што во Истанбул секоја година има насадено лалиња колку што има и жители. Во тој период сите авении, паркови, градини, градски магистрали се обоени и украсени со овие пролетни цвеќиња формирајќи спектакуларни пејзажни композиции.

Најинтересен за посета во овој период е паркот Емигран кој се наоѓа на Босфорот во областа Саријер. Овој парк поседува неколку градини со лалиња, мирисот кој се шири од лалињата ве мами да останете што е можно подолго. Лалињата исто така ќе ви го измамат погледот и ќе ви го освојат срцето, секој кој што еднаш го посетил овој парк за време на фестивалот на лалето посакал да се врати повторно. Исто така вреди да се посети и  паркот сместен во Топкапи сарајот и килимот од лалиња поставен на плошадот пред џамијата Аја Софија бидејќи навистина има што да видите.

Потекло и име на лалето
Кога спомнуваме лале тоа одма не асоцира на Холандија, каде денес постои најголема комерцијална култивација на лалињата. Но, нивното потекло и име се поврзуваат со Отоманската империја и се смета дека во во периодот од 1555 – 1562 година е пренесено од Турција во Европа. Интересно е тоа што латинското име на цветот произлегува од персискиот збор lâhle, цветот се поврзува и со турскиот збор турбан бидејќи има форма на турбан. Лалето е симбол на Турција и поради тоа еден од најпознатите квартали на Истанбул го носи името на лалето и се вика ЛАЛЕЛИ, ние нашите патници ги сместуваме во овој познат квартал. Во Турција е основана индустрија за лалиња и како последица на ова Турција е една од  земјите извозници на лалиња.

Легенда
Во Турција има неколку легенди за лалето. Едната вели дека во коренот на лалето е скриена среќата и затоа тие го садат насекаде во Истанбул па и во Турција за да им носи среќа. Другата пак вели дека лалето е прекрасно исто како и жената, штом еднаш ќе ја видиш одма се вљубуваш во неа така и лалето ќе го видиш еднаш и во него се вљубуваш за секогаш.

Препорака
Доколку сакате да го посетите Истанбул тоагаш месец Април е совршен период за посета на градот бидејќи ќе имате можност да присуствувате на фестивалот на лалето. Покрај позната капали чаршија, Аја Софија, Топ капи сарајот, Долмабахче сарајот,Босфорот, моминската кула во Април во Истанбул ќе можете да ги видите и безбројте убави лалиња и аражмани од лалиња кои ѓи има насекаде околу вас.

Најнови патувања

цена од

8000

ДЕН

сега од

7000

ДЕН