Јаподски Острови – скриениот рај на природата

Ако сакате вистински одмор за душата ќе го посетите ова скриено место во Босна и Херцеговина. Tој мал рајски агол каде што можете да уживате во прекрасната и недопрена природа на оваа земја и да избегате  од сите проблеми и чуда што ни се случуваат. Овде можете да преспиете дури и во вистинска куќичка на дрво, и да заборавите на реалниот свет.  Секако зборуваме за Јаподските Острови.

На само неколку километри оддалеченост од градот Бихаќ, сместени на пет речни острови на веројатно најубавата река во Босна и Херцеговина, единствената Уна, се  Јаподиските Острови за кои се осмелуваме  да кажеме дека претставуваат совршенство на природата во сите нејзини форми.

Ова е дефинитивно место за кое има многу да се раскажува и пишува, зимајќи ја во предвид совршената локација на местото, сместено помеѓу два национални парка, Плитвичките езера и Уна, близината на поголемите градови како што е Бања Лука и Загреб, и огромен број на атракции и занимања што можат да се најдат.

Додека сте на Јаподските острови, искористете го слободното време да испробате некои од автентичните локални јадења, прошетајте по убавите мостови и едноставно уживајте во убавините на Уна што ве опкружува од сите страни. Но сепак, доколку повеќе сте љубители на адреналин,  искористете ја приликата да отидете на  еден од најдобрите рафтинзи во БиХ, оној на Штрбачки Бук.

Можеби  се прашувавте од каде потекнува името Јаподски Острови и кои се всушност овие Јаподи коишто некогаш ги населиле овие острови? Јаподите претставуваат етно група илирски племиња, кои за време на средниот век живееле на територијата на денешна централна Хрватска. Она што е интересно за нив е тоа што тие биле многубожни луѓе кои имале свои посебни богови, а во близина на градот Бихаќ, можете да ги најдете урнатините на храмот на Богот на Водата – Бог Биндус, нивниот врховен Бог, кој најмногу потсетува на Нептун од римската митологија. Од другите Богови, се издвојува Видасус, Богот и заштитник на лекарите, како и божицата Тана, чија фигура може да се види на релјеф во камен кај изворот кај Јастребарско.

Јаподските Острови се идеален избор за семеен, романтичен, но и одмор со друштво.

Најнови патувања