Караќој-спој на улична уметност,забава и барови.

На европската страна од градот Истанбул, во населбата Бејоглу, каде на времето се наоѓале голем број на осигурителни компании и банки, се наоѓа еден интересен кварт, познат под името Караќој.


Караќој се наоѓа веднаш пред стариот град, во близина на мостот Галата и по познатата истоимена кула. Зафаќа површина од бреговите на Златниот рог до Босфор. Првите траги на урбанизацијата датираат од Византиската империја, затоа е едно од најпознатите историски и најважни места во градот. Сè уште е кондензиран од Истанбул со различни популации кои живеат блиску еден до друг.

Како една од најстарите и најпознатите историски населби  во градот, каде се спојуваат еврејските, католичките, православните и ерменските храмови, во непосредна близина на мостот Галата, денес Караќој е мета на посетителите ширум светот, кои сакаат да искусат една поинаква перспектива од Истанбул.


Она што најмногу ги привлекува луѓето се тесните улички, кафулињата и рестораните, галериите, традиционалните продавнички и секако уличната уметност што продира од секој агол.
Турските уметници добро си ја имаат завршено работата, а некои од делата се навистина јако сработени.
Освен на Таксим, и тука има ноќен живот. Почнувајќи од четврток па сé до недела, тогаш сите локали речиси и да преполни со луѓе, каде се пуши наргиле и се разврзуваат интересни конверзации.


Најнови патувања

цена од

159

EUR

сега од

129

EUR