Лас Вегас на истокот

Со своите забавни комплекси и преубави колонијални области, Макао е совршена дестинација за туристите, тој се наоѓа во јужниот дел на Кина. Макао се протега на површина од 32,9 км2 и има население од околу 680.000, во минатото бил административен центар на Португалија, а воедно и најстара европска колонија во државата. Денеска е една од најпосетените туристички дестинации во светот, и до „азискиот Вегас“ може да се стигне со траект од Хонг Конг или со авион од различни точки во светот. Уникатната мешавина на португалска и кинеска архитектура на градот доведе до негово запишување на списокот на светско наследство на УНЕСКО во 2005 година.

Покрај тоа што е богат со спомен-обележја од колонијалната доба, регионот исто така нуди и луксузни хотели, театарски шоу програми, динамичен ноќен живот, луксузни продавници, казина со комплетна услуга, а за гастрономите уникатна кинеско-португалска кујна. Главните извори на приходи се туризмот и игрите на среќа, затоа Макао го викаат „Лас Вегас на истокот”.

 Во Хонгконг и во Кина, коцкањето е забрането но во Макао тоа е дозволено и е многу популарно. Токму тоа е она што најмногу го оправдува неговиот епитет „Лас Вегас на истокот“, во него е сместено најголемото казино на светот во сопственост на корпорацијата „Лас Вегас сендс“.  Моментално се градат неколку казина, од кои најмногу внимание одвлекува “The Venetian”. Нај популарна игра е Паи Гоу, врста на кинески домина. Последните статистики покажуваат дека Макао моментално е најголемиот центар за коцкање во светот и затоа огромен дел од неговите приходи се токму од игрите на среќа.

Голем број туристи привлекуваат и театарските програми во Макао. Во комплексот „City of dreams“ (Градот на соништата) се изведува претставата „The House of Dancing Water“ (Куќата на вода што танцува), во која учествуваат акробати, гимнастичари, нуркачи и танчери со фантастична кореографија и сценографија, вредни 250 милиони американски долари.

Друга атракција во Макао е „Ice world“ (Ледениот свет), лоциран во хотелскиот комплекс „Venetian Macau“. Тука може да се видат дела на 50 скулптори кои работат со мраз од градот Харбин. Прекрасните уметнички творби се направени од над 10 илјади блокови мраз. Тие покриваат површина од 1.656 квадратни метри. Нивната температура е константна и изнесува минус 8 степени Целзиусови.

Во Макао секоја година се одржува натпреварување со огномет во кое учествуваат бројни земји од светот, и за време на натпреварувањето, секоја сабота се претставуваат по две држави. Останати атракции на Макао се: прошетки со гондола низ каналите на „The Venetian“, посета на урнатините на катедралата Сент Пол и „птичјиот поглед“ од „Macau tower“.

Макaо е вреди да се посети независно од тоа дали сакате романтична, забавна или семејна екскурзија, за викенд или за подолг престој. Во Макао хотелот во кој ќе останете ќе ви приреди уникатно доживување, бидејќи хотелите се познати по својот луксуз и нудат буквално сè што може да посака еден турист.

Најнови патувања

цена од

159

EUR

сега од

129

EUR