ЕТА ве советува за неколку атракции во Римини кои мора задолжително да ги посетите. Римини е град- музеј на отворено! Оние кои ќе го посетат стариот град, центарот на Римини, со сигурност ќе посакаат да се вратат веќе наредниот ден.
ЕТА со неколку совети за тоа што треба да посетите во стариот град на Римини:
Римини има две главни атракции во градот кои се зачувани од римско време! Овде е (Арх) Arco d’Augusto и мостот Тибериј кој е стар 2000 години!
За Арх, треба да знаете дека е изгаден во време на царот Август, а мостот започнал да се гради за врмее на Август, а завршува во времето на Тибериј!
Лактот на Авугст (Арх-от) е најстариот римски лак во Италија! На страните на лакот има четири медалјони со слики на антички богови.
Мостот Тибериј е стар 2000 години и е импозантна заоблена камена структура над самата река Марекија. И покрај староста, мостот верно му служи на локалното население. Изненадувачки факт е дека по него не се движат само пешаци, туку и возила.
Задолжително треба да го посетите плоштадот Кавур
Place Cavour е уникатен плоштад кој е опколен со прекрасни палати, а меѓу кои се наоѓа и палатата на Павле V, како и фонтана од бел мермер.
Не заборавајте да прошетате низ стариот град на Римини, населбата именуванакако Понте Ди Тиберио. Низ населбата има многу мали улици со калдрма и многу добри ресторани. Но она што е највпечатливо во Понте Ди Тиберио се муралите кои ги красат куќите и разните дуќани во стариот град.
На листата на посети треба да го додадете затворениот пазар во Римини
Љубителите на добрата локална храна имаат можност да го посетат затворениот пазар во Римини и да се запознаат со локалното население кое секојдневно продава морска храна, локално овошје и зеленчук, домашни тестенини, локални сирења и пршута. Покриениот пазар во Римини е светот каде можете да откриете многу вкусови и да уживате во спојот помеѓу традицијата и модерното! Самиот шарм на пазарот ќе ви ја долови вистинската слика за животот на италијанците.
Има уште многу историски и културни атракции кои вреди да ги посетите во Римини, а за кои ќе пишуваме дополнително.
ETA 2023 ВЕ ВОДИ ВО РИМИНИ НА ЛЕТУВАЊЕ! ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ПОНУДИТЕ СО ЕДЕН КЛИК ОВДЕ.