Зошто Римини за лето 2023?

Нашите аранжмани за Римини можете да ги погледнете со еден клик ОВДЕ.

Регионот „Емилија Ромања“ се наоѓа на самиот брег на Италија, на природната граница помеѓу Јадранското Море, рекалта По на север и Апенините на југ. Може да се рече дека овој регион го дели планинскиот север со топлиот југ. Во античко време, регионот се нарекувал само Емилија, но со поврзувањето на источниот дел со неколку други градови, овој регион го додал и називот Ромања. Областа била стратешка локација, бидејќи преку неа поминувала Виа Емилиај во Рим, изградена во 187 година пред нашата ера.

Фото: https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/9/9a/Rimini_Montage.jpg

Денеска, регионот е атрактивна туристичка дестинација не само поради одличната пристапност, туку и поради бескрајната разновидност на активности и атракции во текот на целиот ден и цела ноќ. Долгите и песочни плажи ги привлекуваат туристите, а плажите се погодни за семејства со деца. Овде привлекува и локалната кујна од локалното население. Римини е бисер кој треба да се посети, не залудно Римини е познато и како родното место на познатиот италијански режисер Федерико Фелини.

Фото: https://www.solosophie.com/wp-content/uploads/2023/04/Rimini_1500807914.jpeg

Пејзажот на овој регион е многу разновиден: од падините на Апенините, до Алпите на запад со можности за скијање на рамните ливади на долината По.

Во римско време овде се одгледувала пченица поради идеалната клима. Денеска земјоделието и индустријата во регионот се најмногу развиени за разлика од другите делови на Италија, па се вели дека по долината По има повеќе свињи отколку жители. Но порај земјоделието, како што истакнавме, овде е развиена и индустријата, па можеме да кажеме дека Емилија Ромања е дом на светски познати фабрики за автомобили и мотоцикли, како што се фабриките на Ферари, Масерати и Дукати.

Најнови патувања

цена од

159

EUR

сега од

129

EUR