Листа на градови со многу атракции кои секој од нас треба да ги посети

Љубители сте на патување а деновите ви се ограничени? Ние ви нудиме предлог решение за вас. Доколку сакате да одите на патување но притоа имате само неколку дена за патување, а сакате да посетите повеќе знаменитости, тогаш треба да изберете некој од понудените градови кои се дел од нашата листа. Ви нудиме листа на градови со најмногу туристички атракции.

Истанбул, Турција
Истанбул е величествен град кој е спој на истокот и западот и се најде на првото место на нашата листа. Во Истанбул има секогаш што да видите почнувајки од бројните палати меѓу кои се Долмабахче и Топкапи, многуте паркови а еден од најпосетуваните е Емирган паркот, далеку познатите чаршии Капали чаршијата и Египетската чаршија, крстарењата по Босфорот, високите облакодери, уникатните куќички и улички, многуте џамии и универзитети и уште многу други атракции го сместија Истанбул на првото место на нашата листа. Архитектурата на градот е разновидна затоа што тој бил во рацете на Грците, на Евреите, на Ерменците итн. па поради неговата разновидност и автентичност Истанбул е мета на многу туристи. Се претпоставуа дека дневно го посетуваат околу 3 милиони туристи.


Париз, Франција

Во француската престолнина има околу 5.800 туристички атракции, затоа и Париз градот на светлината е на второ место на нашата листа. Богатата култура, опера и театри  заземаат значајно место во културата на Париз, а тоа и денес е случај. Големиот број на споменици изградени за да ја величаат славата на Франција, сведочат за нејзината богата историја. Без разлика дали сакате да шетате по една од најпознатите авении Шанз-Елизе, да крстарите по Сена, да обиколите околу 300 музеи, да го посетите Дизниленд, да ја видите триумфалната порта, Лувар, Версај или едноставно да ѝ се восхитувате на Ајфеловата кула, Париз е тука за да ги исполни сите ваши желби. Доколку не се качите на Ајфеловата кула нема да се смета дека го имате посетено Париз, исто така и ако не сте се напиле пиво на скалилата пред црквата „Светото срце“ затоа направете го тоа задолжително. Град кој навистина вреди да се доживее, град кој навистина вреди да се искуси., нема некој од наш што несака да го види Париз, уште наречен и градот на љубовта. Просто е невозможно да не се заљубите во овој град, каде преовладува стилот, каде рестораните и ноќниот живот ветуваат уживање.


Барселона, Шпанија
Барселона има нешто повеќе од 5.000 атракции па затоа не е ни чудо што има толку голем број туристи, бидејќи тие постојано се враќаат во овој град за да ги посетат најважните знаменитости. Меѓу попознатите знаменитости во Барселона се наоѓаат: паркот Гуел кој е еден од најпознатите симболи на градот, Катедралата Саграда Фамилија дизајнирана од Антони Гауди , пешачката улица Ла Рамбла која започнува на централниот плоштад Плаза Каталуња и завршува на споменикот Колумбо, музејот на познатиот сликар Пабло Пикасо, стадионот на фудбалскиот клуб Барселона Ноу Камп, огромниот аквариум, магичните фонтани сигурни сме дека никогаш не сте виделе ваква фонтана, ќе се чувствувате волшебно додека уживате во  шоу од вода, светлина и музика, магичната фонтана е изградена во 1929 година како една од главните атракции за Светскиот саем во Барселона и е една од најпознатите места со околу 2,5 милиони посетители, градските плажи и многу други атракции поради кои Барселона се најде на третото место на нашата листа.  


Рим, Италија
Сите патишта водат кон Рим, овој град е место кое мора да го посетите доколку сакате вашата љубовна приказна да добие уште една прекрасна страница. Градот има околу 3.500 атракции, кои придонесуваат лесно да се за заљубите во „Вечниот Град“ и затоа овој град се најде на четвртото место на нашата листа. Рим е уникатен бидејќи во неговите рамки постои независна држава – Ватикан, која е енклава на Рим и во неа се наоѓа “Светата Столица”, којашто претставува врховна влада на Римокатоличката црква. Познати знаменитости кои треба да ги посетите за време на вашиот престој во Рим се: Колосеумот. Фонтаната Ди Треви, шпанските скали, мостот на ангелите, базиликата св.Петар, Ватикан и многу други. И секако да не заборавите да ги  пробате италијанските специјалитети и тоа тестенини, пица и сладолед.


Амстердам, Холандија
Амстердам е одличен град ако сакате одеднаш да посетите многу места тога го докажува неговата посетеност од повеќе од 16 милиони туристи на дневно ниво. Овде можете да ги доживеете најдобрите и најлошите моменти во животот тоа зависи од вас. Амстердам град на карактеристичната холандска архитектура,мостовите, боемски дух и неверојатната атмосфера. Како прва асоцијација на Амстердам ни се легализираната марихуана и проституција, овој град сепак има и може да понуди многу повеќе од тоа. Меѓу попознатите знаменитости кои треба да ги посетите за време на вашиот престој во  Амстердам се: Плоштадот Дам, амстердамските канали, плоштадот Leidseplein, областа Jordaan, државниот музеј, музејот на Ван Гог,  куќата на Ана Франк, музејот за културно наследство, музејот Амстердам, подрачјето на црвени фенери, , како и бројните кафетерии каде се консумира канабис. Па поради овие атракции Амстердам се најде на петто место на нашата листа.

Најнови патувања