Месец на лалето во Истанбул

Ако на влезот во некој град ве дочекаат милиони лалиња во сите можни бои, тогаш веднаш ќе ви стане стане јасно зошто некој ја смислил онаа славна поговорка која вели дека „првиот впечаток е особено важен“. Почнувајќи од 2005 година во периодот од 7-ми до 29-ти април во Истанбул се случува веќе традиционалниот Интернационален фестивал на лалињата, кој праќа порака дека најубавите лалиња растат во Турција, наспроти општото убедување дека  земја на лалињата е Холандија.

Не секој знае дека лалето е еден од турските традиционални симболи. Секоја пролет се одржува годишниот фестивал на лале во Истанбул. Фестивалот се одржува во април, милиони миризливи цвеќиња се засадени насекаде на плоштадите и градските авении, формирајќи спектакуларни пејзажни композиции. Во април бујните цветни леи во Истанбул се гледаат буквално секаде каде што ќе погледнете. Тие цветаат неколку недели и може да го радуваат окото еден месец.Иако фестивалот се одржува само неколку години, неговата историја датира уште од времето на владеењето на Отоманската империја. Во античко време лалињата се сметале за цвеќиња на султаните, тие биле презентирани со почит кон благородниците и богатите луѓе. Луксузната облека и садови се украсени со цветен отпечаток, со слики од лалиња ги красат sидовите на џамиите.Беспрекорно декорирани во совршени геометриски форми, водопади, разни фигури, турското знаме и препознатливото око против уроци.

“4. ULUSLARARASI ISTANBUL LALE FESTIVALI” KAPSAMINDA EMIRGAN BEYAZ KOSK BAHCESI’NE DIKILEN LALELER GUZEL GORUNTULER OLUSTURDU. (ANADOLU AJANSI – CIGDEM PALA) (20090415)

ПОТЕКЛО НА ЛАЛЕТО

Лалињата (зборот потекнува од перскискиот lâhle) оригинално растеле во азиските степи. Иако првата асоцијација е Холандија, каде денес постои најголема комерцијална култивација на тулипите, нивното потекло и име се поврзува со Отоманската империја или поточно со турбаните (на турски тулбенд, муслин, газа). Турскиот збор за газа, со која се мотаат турбаните, се чини дека се користел за ова цвеќе, бидејќи целосно отвореното лале потсетувало на турбан.

Најшироко прифатената сторија е таа на Огиер Гислен де Бусбек, Амбасадор на кралот Фердинанд 1 во империјата на Сулејман Величенствениот во 1554 година. Тој во едно писмо истакнал дека насекаде има изобилство од цвеќиња како зумбули, нарциси и оние што на турски се викаат лале. Не е коинциденција што овој период – најраскошниот во Отоманската ера е наречен Ера на лалињата (Lale Devri). Во 16-от век лалињата биле донесени во Холандија, каде за кратко време станале популарни.

Најнови патувања

цена од

159

EUR

сега од

129

EUR